МАШИНА ЗА КОНТИНУИРАНО СЕЧЕЊЕ НА КЕРАМИКА И ГРАНИТ- WATER JET

Water Jet е најнова генерација на проивод базирана на најсовремена технологија.

Овој систем се состои од појацувац на притисок, тродимензионална CNC машина, алатки и помошен компјутизиран CAD-CAM систем. Water Jet систем може да ја компресира водата на притисок до 300 MPa, така што водениот млаз има брзина од 800-1000 m/s преку дијаматски млазници каде отворот е 0,26 mm. Таков воден млаз со мал додаток на песок може да сечи различни типови на материјал (керамика, стакло, челик, алуминиум, пластика, гума).

Water Jet е специјално погоден за сеченње на комплицирани контури. Машината за континуирано сечење на керамика и гранит сече со помош на дијаматски дискови со вода која служи за ладење. Машината може да сечи и праволиниски геометриски облик на гранитна керамика. Машината може да врши и обработка и полирање на ивици (за изработка на степеништа). Таа содржи дијаматски ножеви и 14 полир глави за полирање со што се добива изврсен квалитет на производите .