5 načini za da go promenite izgledot na svojata banja so vistinskiot mebel za banji
15. 06. 2023.

Кога ќе почнеме разговор за бањата, сите се сложуваме дека тоа е една од најважните простории во нашиот дом. Едноставно не е можно да се замисли било која куќа, стан или викендичка без бања. Тоа е местото каде го започнуваме и завршуваме својот ден. За жал, многумина од нас го занемаруваат овој простор и не му посветуваат доволно внимание на дизајнот и неговата функционалност. Стручните лица тврдат дека средината која нè окружува во голема мерка влијае на нашата енергија и расположение. Сега замислете веднаш по будењето да влезете во бања за да ја завршите својата редовна рутина и да наидете на хаос и неред. Предметите во бањата се расфрлани на сите страни, на подот или на машината за перење. Нервозата полека но сигурно почнува да биде присутна, доаѓате нервозни на работа, секоја ситница ве нервира сè повеќе, а потоа се враќате дома и сè почнува од почеток. Бањата која треба да биде место за мир и спокој, станала извор на хаос и нервози. Доколку и за вас важи ова, можеби е време да размислите за промени во дизајнот на вашата бања. Но, оваа промена не мора да биде радикална или скапа. Со правилниот избор на мебел за бања можете во целост да го трансформирате овој простор и да го направите инспиративен и функционален. Еве ви пет начини како можете тоа да го постигнете:
Мултифункционален мебел за уредна и мала бања
Мултифункционалниот мебел е идеален за мали бањи и за оние кои имаат ограничен простор чување на неопходните предмети. Мебелот од видот на огледало со орманче и мијалник со орманче се два корисни производи кои прават една целина, а во исто време вие ќе добиете функционален простор за чување на козметика и средства за хигиена. Овде би потсетиле и на тоа што во последно време многу орманчиња со мијалник се монтираат висечки, на ѕид, за да може да се искористи просторот под орманчето за чување на неопходните предмети и средства за хигиена. Ако имате ограничен простор, на овој начин висечките орманчиња со мијалник ќе овозможат просторот да биде среден, а во исто време бањата треба да изгледа чисто и уредно.
Погледнете ги ОГЛЕДАЛАТА СО ОРМАНЧЕ и ОРМАНЧИЊАТА СО МИЈАЛНИК на нашиот сајт. Можеби некое од нив е баш она што ви е потребно за да воведете ред, но и стил и во вашата бања.
Модерен минимализам – пространост и елеганција
Минималистичкиот дизајн е едноставен, елегантен и овозможува чувство на пространост. Кај овој стил на уредување нагласена е функционалноста и нема пренатрупаност на елементи или бои кои може да создадат чувство на непријатност. Едноставно сè изгледа уредно и се наоѓа на свое место. Ако сакате да постигнете модерен изглед на бањата, одберете мебел со едноставни линии и неутрални бои. Белите или орманчињата за бањи во беж боја може да создадат визуелен ефект на поголем простор. Вертикалите за чување на козметика или облека кои се во чисто бела боја или боја со имитација на дрво овозможуваат чувство на спокој и оддаваат впечаток дека навистина ѝ припаѓаат на бањата. Додајте неколку едноставни детали како на пример цвеќе или еднобојни крпи и ќе создадете мирна и пријатна атмосфера. Доколку внимателно ги изберете и се придржувате на овие правила, сигурно е уживате во опуштената атмосфера во вашата бања. Дополнително, нашата колекција на вертикали и орманчиња за облека и средства за хигиена може да ви помогне во креирањето на модерен и минималистички стил на уредување.
Класичен дизајн – полн погодок
Ако сакате вашата бања да изгледа луксузно и софистицирано, класичните парчиња на мебел се вистинскиот избор. Класичниот стил на уредување е совршен за големи и пространи бањи каде што секој детаљ може да дојде до полн израз. Одлучете се за мебел од дрво со детали од украсни рачки и гравура. Покрај орманчињата, може да додадете и класична полица за чување на крпи или една елегантна клупа. Овој вид на мебел ќе создаде нота на елеганција и издржливост во вашата бања. Доколку сте љубител на овој стил на уредување, дефинитивно ќе се чувствувате како крал или кралица во својот замок. Бањата со класичен дизајн станува централно место на секој дом, односно место каде со уживање ќе поминете убав дел од денот. Доколку барате некој шармантен елемент кој би го додале погледнете ги нашите огледала. Сигурно некое од нив совршено ќе се вклопи во вашата бања.
Поиграјте си со боите и дизајнот
Некои луѓе по својата природа уживаат во светли и топли бои и за нив секојдневните бои како белата, крем или црната се премногу монотони и досадни. За среќа во моментов пазарот нуди многу видови плочки и мебел за бањи во многу видови бои и нијанси. Ако сакате вашата бања да изгледа живописно и весело, тогаш одберете мебел во различни бои и дизајни. На пример, наместо класични бели орманчиња, одлучете се за купување на орманчиња во некоја посмела боја како сина, зелена или жолта. Исто така, може да одберете мебел со дизајн кој вклучува цветови, геометриски фигури или морнарски линии. Ваквите парчиња мебел инстантно ќе го оживеат просторот и ќе додадат доза забава и енергија, а вие ќе добиете уникатна и преубава бања која ќе ви го подобри расположението. За да го дополните визуелниот впечаток можете да додадете разнобојни завеси, простирки, чаши, држачи за сапун и останата галантерија за бања. За ова можете да пронајдете инспирација во нашата понуда на галантерија за бањи и да внесете свежина во вашата бања.
Осветлување
Осветлувањето има големо влијание на изгледот на секоја бања. Наместо една таванска светилка, поставите неколку различни извори на светлина. Може да додадете ѕидна ламба над огледалото која ќе има сензор за движење за да добиете подобро осветлување за време на шминкање или бричење. Исто така, може да поставите и лед трака под орманчето или над кадата за да создадете подобра атмосфера и да додадете доза на луксуз. Осветлувањето може да биде и декоративен елемент, односно може да поставите интересни светилки со необични облици и бои. Мрачната или премногу темната бања негативно влијае на расположението, а да не спомнуваме дека тоа и не е практично. Во добро осветлената бања, белите плочки со сјајна рефлектирачка површина може да помогнат во создавањето на ефект на поширок простор.
Со комбинирање на овие пет начини, можете во потполност да го трансформирате изгледот на вашата бања. Важно е да пронајдете мебел кој ќе одговара на вашиот стил и простор кој го имате на располагање. Со правилниот избор на мебелот за бањи можете да создадете инспиративен и функционален простор кој ќе ви овозможи да имате пријатно искуство со секојдневните рутини. Не се плашете да експериментирате со боите, дизајните и осветлувањето. Само така можете да ја откриете вистинската трансформација која ќе ја изрази вашата личност и стил.
Кога сте веќе овде, прочитајте ги некои од нашите блогови кои ќе ве инспирираат додека ја редизајнирате вашата бања: