Vertikalni pločki - trend koj go osvojuva svetot
16. 08. 2023.

Дали сте размислиле вертикално да ги поставите плочките?
Без разлика дали ве интересира овој најнов тренд или барате инспирација за реализирање на вашите специфични дизајнерски идеи за да го трансформирате својот дом, во овој блог ќе ви претставиме сè што треба да знаете за вертикалното поставување на плочките.
Што е тоа вертикално поставување на плочки (или што се тоа вертикални плочки)?
Во основа, вертикална плочка е ѕидна плочка која е поставена исправено наместо како што вообичаено се прави во хоризонтална положба (должината на плочката е поставена вертикално, а ширината е поставена хоризонтално). Односно, вертикална плочка е истата обична ѕидна плочка само што е поставена исправено за да се создаде сосема различен визуелен ефект. А за тоа, какво е влијанието врз просторот на овој начин на поставување на керамичките плочки, ќе можете да прочитате во продолжение.
Трендот на вертикалното поставување на плочките се случи како иновативна реинтерпретација на класичните metro плочки. Вертикалното поставувањето на metro плочките не само што воведува нова димензија на класичниот изглед, туку и го насочува погледот нагоре, создавајќи илузија на повисок таван.
Секоја геометриска форма може да функционира во вертикален распоред. Ако плочката се постави исправено, тогаш таа се нарекува вертикална плочка, без разлика на нејзината форма.
Интересен факт: Вертикалните правоаголни плочки кои не се подредени се нарекуваат вертикално мрежно поставени плочки
Вертикално или хоризонтално поставување на плочки: Што преферирате?
Теоретски, изборот помеѓу вертикалното или хоризонталното поставување на плочки зависи од естетиката која сакате да ја постигнете. Вертикалното поставување на плочките го привлекува погледот нагоре и визуелно го продолжува просторот. Тоа овозможува да се создаде илузија за висината на просторот. Од друга страна, хоризонтално поставените плочки имаат способност за визуелно проширување на просторот.
Ако сакате нискиот ѕид да изгледа повисок, можете да се одлучите за вертикалниот распоред. Ако пак сакате визуелно да го проширите малиот простор, тогаш хоризонталниот распоред е оној кој би можело да го примените.
Има уште еден аспект кој треба да го имате во предвид, а тоа е креативноста. Хоризонталните плочки подобро се вклопуваат во традиционалниот или класичниот изглед. Меѓутоа, ако сакате нешто единствено, вертикално поставените плочки се попопуларни во современиот декор и имаат способност да се вклопат со стиловите како што се минимализмот и бохо, создавајќи посебен шарм.
Комбинирање на вертикалните и хоризонталните плочки
Сепак, пред да се одлучите за исклучиво вертикално или исклучиво хоризонтално поставување на плочките, важно е да знаете дека нема правило и не е задолжително плочките да бидат само вертикално или само хоризонтално поставени. Едноставно, бидете креативни!
Понекогаш комбинацијата на вертикалното и хоризонталното поставување на плочките е тоа што му е потребно на просторот. Неколку популарни примероци од плочки ја следат оваа филозофија. На пример, примерокот плочки во „третата варијација“ ги декорира површините со поставување на metro плочките и вертикално и хоризонтално, создавајќи интересни „L“ форми. Уште една популарна техника вклучува истакнување на вертикалните туш плочки – често се комбинираат со вертикална лента од мозаик плочки (да, вертикално поставена) со поголемите хоризонтални плочки (повеќе за оваа идеја за дизајн).
Кои се најпопуларните модели и дизајни со вертикални плочки?
Ќе се обидеме да ви покажеме некои од најпопуларните светски трендови и дизајни на ентериер, но мора да потенцираме дека ова се само дел од моделите и варијациите. Можностите се неограничени и се зависи од вашата имагинација и креативност. Се надеваме дека во овој текст ќе најдете нешто што ќе ве инспирира и можеби некој од вас ќе воспостави нов тренд во поставувањето на вертикални плочки. Епа, да почнеме...
Вертикални метро плочки: Симфонија за очи
Metro плочките добиваат нова димензија кога се поставени вертикално, претставувајќи иновативност на класичниот дизајн. Имајте во предвид дека вертикалните metro плочки имаат растојание, додека вертикално поставените метро плочки (или вертикално наредените плочки) немаат. Можеби ќе видите и вертикални metro плочки кои се нарекуваат „вертикален offset плочки“. Вообичаениот модел од цигла/metro потребно е да се заврти за 90 степени за да се постигне овој изглед.
Елеганција на вертикалното редење на плочките (позната како вертикална мрежа од плочки)
Со вертикалниот начин на редење на плочките се добива уникатен естетски изглед. Овде посебно важно е правилното користење на терминологијата кое има клучно значење за успешно комуницирање на вашата дизајнерска визија со мајсторите и инсталатерите.
Дилемата дали да се прифати конкретен распоред со вертикални плочки зависи од вашата идеја. Вертикално распоредените плочки го задржуваат класичниот изглед на metro плочките, додека распоредот на растојанието додава елемент на игра. Од друга страна, вертикалниот распоред создава хармоничен распоред кој внесува ред во вашиот простор.
Вертикални плочки со дизајн на ограда
Сите вертикални плочки не се ограничуваат на правоаголниот облик. Следната дизајнерска идеја произлегува од хексагоналните плочки. Ако хексагоналните плочки се постават вертикално, тогаш резултатот ќе потсетува на познатата ограда во форма на потковица – посебно ако се употребат бели плочки. Вертикалната ограда од хексагонални плочки создава носталгичен, но интересен дизајн кој сигурно ќе остави силен впечаток.
Вертикални брановидни плочки
Вертикалните плочки често се поставуваат една врз друга (во права линија), но тоа не мора да биде случај. Сè додека плочките создаваат чувство за вертикален правец, вертикалните плочки можат да бидат во каква било форма - со прави рабови или не, како што е бањата со вертикална брановидна плочка на сликата подолу.
Вертикален мозаик
Размислувате да поставите мозаик од вертикални плочки во вашиот дом? Мозаиците и вертикалните плочки се многу компатибилни. Сигурно нема да згрешите!
Дизајн во облик на дијамант
Нема подобар пријател од дијамантот, нели? Тоа е она што го замисливме, а овие бањи со вертикални плочки инспирирани од дијаманти го докажуваат тоа. На крајот на краиштата, уверете се сами!
Еве уште неколку други идеи кои можеби ќе ве инспирираат за целосната трансформација на вашиот дом. Се надеваме дека уживавте во читањето на овој блог и дека добивте нови идеи кои ќе ви помогнат да го дизајнирате вашиот простор во иднина.
Доколку имате било какви прашања или се двоумите, нашиот тим ви стои на располагање, слободно пишете ни на webshop.mk@enmongroup.com.