;
Користиме колачиња како би го подобриле корисничкото искуство. Доколку продожите со користење на продавницата, Вие ги прифаќате условите за користење. Повеќе информации

Patuvanje niz vremeto: Istorija na dekorativnite keramički pločki

28. 06. 2023.

Patuvanje niz vremeto: Istorija na dekorativnite keramički pločki

Плочките со векови се користени како декоративни елементи внатре и надвор од објектите од секаков вид, куќи, палати, храмови и многу други. Керамичките плочки се една од најстарите форми кои се користат за декоративна уметност. Со векови се ценети поради својата издржливост и зачудувачка убавина. Рачно изработените и рачно декорирани керамички плочки се користат одамна низ целиот свет. Глината, како природна суровина била лесна за наоѓање и преработка во декоративни плочки. Добиените плочки биле издржливи и привлечни - како што можете да забележите тоа се истите причини од кои и денес ги поставуваме керамичките плочки во нашите домови!

Во овој блог ќе се обидеме да Ви ја приближиме долгата историја на керамичките плочки преку најважните точки. Се надеваме дека ќе уживате, исто како и ние додека работевме на нашето истражување...

 

Античка историја на керамичките плочки

 

Се смета дека најраната употреба на украсни плочки започнала во Египет и датира околу 4.000 години пр.н.е. Плочките се правеле и од Асирците и Вавилонците. Римјаните и Грците исто така ги предпочитале украсните плочки, а на древните слики и документи може да се видат примери од прекрасни изработки со плочки во мозаици, мурални слики и многу друго. Една од најраните употреби на плочки може да се најде во еламитскиот храм во Чога Занбил, кој потекнува од 13 век пр.н.е. Уште еден величествен пример е Вавилонската капија на Иштар, од околу 575 година пр.н.е. Ахеменидското царство исто така ги украсувало објектите со глазирани плочки. Декоративните плочки биле ценети и од Сасанидското царство, каде што ги користеле за креирање на геометриски дизајни кои вклучуваат цветови, растенија, птици и луѓе.

Можеме да заклучиме дека древните цивилизации уживале во поплочувањето и украсувањето на нивните објекти со керамички плочки, првенствено поради нивната издржливост и многу атрактивни варијации. Керамичките плочки во домовите и палатите биле статусен симбол и престиж во многу цивилизации.

 

Исламски период

 

Во текот на исламскиот период, декоративните керамички плочки биле популарни и често користени како украси за надворешни и внатрешни објекти. Прекрасни изработки со плочки можат да се најдат на места како што се Тунис (9 век), Кашан во Иран (11 век) и во многу џамии кои потекнуваат од 12 век и подоцна. Некои од прекрасните примери на исламски изработки од плочки ја вклучуваат џамијата Сеиед во Исфахан која потекнува од околу 1122 година од нашата ера, куполата Маракех (1147 година од нашата ера) и џамијата Џаме во Гонабад (1212 година).

Некои од најфините и најсложени изработки од плочки биле изведени за време на Тимуридското царство во Персија. Ја користеле техниката Морак. Оваа техника вклучувала користење на еднобојни плочки кои биле исечени во мали форми и споени со гипс помеѓу нив, создавајќи панели. Исушени и зајакни панелите биле поставени на ѕидовите на објектите. Овие панели освен што се користеле на рамни површини, служеле и за покривање на внатрешни и надворешни површини на куполи.

 

Средниот век и плочките во Европа

 

Дури во средниот век декоративните плочки станале популарни во Европа. Прво се прошириле од Шпанија, во времето на Маварите, а потоа во соседните земји, па на крај на останатиот дел од Европа. Плочките биле скапи и ги користеле само богатите кои можеле да си ги дозволат, како што биле кралските фамилии, црквите и црковните институции.

Енкаустичните плочки станале популарни во Европа. Биле изработувани од глина во повеќе бои, па потоа обликувани и печени заедно за формирање на мостри. Самата шара не била само на површината туку истата поминувала и низ дебелината на плочката што го правела дизајнот издржлив и отпорен на абразија. Исцртаните плочки исто така биле популарни во европскиот среден век. Повторно многу од нив биле користени во цркви и други верски објекти. Плочките биле исцртани со сцени од Библијата и станале еден вид на "Библија" која неписмените луѓе можеле да ја "прочитаат". Плочките со букви биле уште еден популарен избор и често се користеле за создавање на христијански текстови на подовите во црквите.

Плочките останале популарни и во текот на 17-ти век и после тоа. Во 17-ти и 18-ти век Холандија станала важен центар за декоративни плочки со нивните Делфтвар плочки. Делфтвар плочките биле познати по својата кобалтно сина и бела боја. Делфт плочките биле популарни во Европа и низ целиот свет вклучувајќи ги и американските колонии. На колонистите им било наложено да користат Делфт плочки како украсен елемент околу камините, па дури и на ѕидовите во нивните домови за да не го заборават своето потекло. Често Делфт плочките пренесувале приказни за државите, населбите и културата која ја оставиле во татковината.

 

Декоративните плочки и индустриската револуција

 

Индустриската револуција е добро позната по својот премин кон нови производни процеси наместо сè да се произведува рачно. Ова било време на технолошки иновации, особено во Британија. Британците го користеле производниот процес за масовно производство на керамички плочки правејќи ги подостапни за средната класа. Рачно изработените и исцртани плочки и понатаму биле популарни, но масовното производство на керамички плочки им помогнало на поголем број на луѓе да уживаат во нивната трајна убавина.

Во овој период плочките со шари биле и понатаму популарни и се користеле за украсување не само на црквите и другите објекти туку се повеќе се користеле и во домовите. Во домовите плочките биле популарни за употреба во коридорите и бањите и на нив се гледало како на средство за одржување на хигиената во кујната или бањата.

 

20-от век и украсните плочки

 

Во почетокот на 20-тиот век плочките продолжија да бидат популарни, посебно плочките во метроата, кои првобитно беа развиени за и користени на ѕидовите на метро станиците во Њујорк, а потоа станаа глобален хит и тренд ширум светот. Метро плочките обично беа бели и често се користеа во кујните и бањите.

Уште еден тренд на раниот 20-ти век биле декоративните плочки инспирирани од стиловите Арт Нуво и Арт Деко, популарни помеѓу 1900-та и 1940-тите години. Овие плочки биле со богат дизајн и јаки бои и се користеле во секакви архитектонски варијанти.

 

21-ви век и современиот период

 

Овие денови декоративните керамички плочки и понатаму се многу популарни и се користат како елегантно средство за декорирање надвор и внатре во домовите, претпријатијата и институциите од секаков вид. Модерните плочки се достапни во широк спектар на бои и можат да се нарачаат за сè, од базени и надворешни ѕидови, до бањи, кујни, па дури и уметнички дела на внатрешни ѕидови.

Можете да најдете рачно изработени и исцртани плочки или пак да се одлучите за дигитално печатени плочки - сè во дизајнот на Вашите соништа и желби. Вашата фантазија е единственото ограничување за она што можете да го креирате со денешните плочки.

 

 

За да дознаете повеќе за користењето на декоративните керамички плочки слободно испратете ни е-пошта. Ќе ви помогнеме да најдете прекрасни плочки за Вашиот дом или работен простор. За оние со префинет вкус имаме тим на дизајнери – експерти кои се подготвени да Ви помогнат да го претворите Вашиот дизајн од сон во реалност. Контактирајте не на телефонскиот број 076 22 44 77.

 

Прочитајте го и нашиот текст: 12 факти кои не се сте ги знаеле за керамичките плочки