Нов продажен салон во Куманово

Почитувани клиенти,

Од 15 Јануари започна со работа нашиот нов продажен салон во Куманово на адреса 3-та Македонска Ударна Бригада бр. 172. Сега во нашиот салон на повеќе од 500 м2 можете да уживате во купувањето и да одберете се што ќе посакате за Вашето купатило да изгледа како од соништата. Керамички и гранитни плочки, санитарија, батерии, туш кабини, кади, намештај за купатила сега ќе Ви бидат подостапни, додека нашиот љубезен продажен персонал ќе Ви помогне да донесете правилна одлука. Ве очекуваат доста поволности при купувањето, дојдете и уверете се самите.

Кај нас Вашите пари вредат повеќе