Оваа плочка има дизајн кој е имитација на дрво со кафеава нијанса со намера да се создаде чувство на топлина во домот и елеганција во секој простор: без разлика дали станува збор за дневна соба, кујна, ходник или тераса.
Naturalia Avorio 15x60 е одличен избор за сите кои сакаат да ја внесат топлината на природата и да креираат сив, минималистички стил во својот простор.
PG Ayce 60x60 креира минималистички монохроматски дизајн со бела боја и совршен е за простории каде што сакате да добиете чувство на чистота и пространост.
Sundarban Natural 22,5x90 креира и топлина и автентичност од дрво декорот, но со голема трајност и лесно одржување карактеристични за керамичкиот материјал од кој е изработена ова плочка.
Urban cool grey 60x60 се подни плочки со сива боја и дизајн кој е имитација на цемент. Наменети се за внатрешна и надворешна употреба, а креираат единствен изглед во секоја бања, тераса или балкон.
Urban Ivory 30x60 претставува комбинација на модерен цемент дизајн со нежна беж нијанса кој создава совршена рамнотежа помеѓу минимализмот и топлината.
Бараш природен изглед на подот без одржување на вистинско дрво? Овие плочки Willow Brown ја внесуваат топлината на природата директно во вашиот дом!
Akgün Seramik – премиум турска керамика
Кога сакате да внесете доза на елеганција и топлина во просторот, Akgün Seramik е бренд вреден за внимание. Турските плочки се познати по квалитетната изработка, префинет дизајн и исклучителна издржливост, а Akgün Seramik посебно се издвојува на тој пазар.
Во понудата се вклучени подни плочки со различни димензии, бои и текстури наменети за бањи, кујни, ходници или деловни простории. Без разлика дали барате класична керамика со неутрални тонови или модерни плочки со ефект на мермер, бетон или дрво, Akgün Seramik има решение.
Благодарение на врвната завршна обработка и отпорноста на абење, нивните плочки се лесни за одржување и се одличен избор за секојдневна употреба. Прилагодени се како за домување, така и за комерцијални простори.
Со тоа што ќе набавите плочки од Akgün Seramik ќе добиете квалитет по пристапна цена и брза испорака. Погледнете ја понудата и одберете плочки кои ќе ја претворат вашата визија во реалност.
Следете не