Мијалник

Ucitavanje
Подреди по
Premium Lavabo Smile 3
 Alex Kružni Nadgradni Lavabo
 Alex Kvadratni Nadgradni Lavabo
Alfa Lavabo 55
 Star Мијалник 60x48 cm
Alex Oval Nadgradni Lavabo
 Alfa Lavabo 45
Elipsa Nadgradni Lavabo
Fonte Lavabo 45 bez Stuba
Fonte Lavabo 50 bez Stuba
Fonte Lavabo 55 bez Stuba
Fonte Lavabo 60 bez Stuba
Golf Clair Nadgradni Lavabo 380 1522
Golf Jetta Nadgradni Lavabo 450 1526
Golf Lavabo Tube 50x38 1006
bijeli konzolni lavabo 50x40
Premium Lavabo Rock 3
Premium Lavabo Simple 3 Mat
Premium Lavabo Simple 8
Premium Lavabo Slim 1
Premium Lavabo Slim 2
Premium Lavabo Smile 3 Mat
Premium Lavabo Smile 5
Premium Umivaonik Smile 8 Bijeli Mat

ШТО Е МИЈАЛНИК?

 

Мијалникот претставува клучен елемент на секоја бања наменет за миење на раце, лице и други хигиенски потреби. Покрај основната функција што ја има, мијалникот значително го подобрува естетскиот изглед на просторот и го изразува стилот и вкусот на корисникот.

 

ВИДОВИ МИЈАЛНИЦИ

 

Постојат неколку основни видови мијалници кои може да се прилагодат на различни потреби на корисникот, но и на стилот на бањата:

 

     1. НАДГРАДЕН МИЈАЛНИК

 

Овој мијалник се поставува над површината на орманот или плочата за да се добие и функционален и декоративен елемент во бањата. Се изработува во различни форми и бои за да мода да го персонализирате просторот. Различните форми и бои се на линкот НАДГРАДНИ МИЈАЛНИЦИ.

 

     2. ВГРАДЛИВ МИЈАЛНИК

 

Вградливиот мијалник се поставува внатре во орманот или плочата за да се добие и функционален и декоративен елемент во бањата со минималистички изглед. Овој вид на мијалник е практичен за одржување и заштедува простор.

 

     3. МИЈАЛНИК СО ОРМАН

 

Комбинацијата на мијалник и орман создава дополнителен простор за складирање, а бањата ќе стане попрактична за употреба и функционална. Овој модел има современ дизајн и практичност и е идеален за модерни бањи.

 

     4. КОНЗОЛЕН (ВИСЕЧКИ) МИЈАЛНИК

 

Конзолниот мијалник се монтира директно на ѕид за да може просторот што е под него да биде слободен и да се употреби според потребите на корисникот. Соодветен е за помали бањи, бидејќи визуелно го зголемува просторот и го олеснува чистењето.

 

ПРЕДНОСТИ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА КВАЛИТЕТНИ МИЈАЛНИЦИ

 

  • Естетика и дизајн: квалитетниот мијалник ќе да го подобри изгледот на бањата со што ќе се постигне негова софистицираност и елеганција.
  • Функционалност: правилно избраниот мијалник ја олеснува секојдневната хигиенска рутина и е практичен за корисникот.
  • Долготрајност: инвестицијата во квалитетен материјал и изработка овозможува долг век на траење на мијалникот со што ќе се намали потребата за негова честа замена.

 

КАКО ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ ВИСТИНСКИОТ МИЈАЛНИК ЗА ВАШАТА БАЊА

 

При изборот на мијалник имајте ги во предвид следниве фактори:

  • Големина на просторот: во помалите бањи конзолните или надградните мијалници може да бидат подобар избор, додека поголемите простории дозволуваат инсталација на поголеми модели со орман.
  • Стил и дизајн: изберете мијалник кој се вклопува во целокупниот дизајн на бањата, без разлика дали е модерен, класичен или рустичен.
  • Функционалност: пред да набавите мијалник имајте ги во предвид и вашите потреби, односно потреба од простор за складирање или естетската потреба за специфична форма на мијалник која ќе одговара на вашиот вкус или простор.

 

ИНСТАЛАЦИЈА И ОДРЖУВАЊЕ НА МИЈАЛНИКОТ

 

Професионалната монтажа е многу важна за правилно функционирање на мијалникот, а со тоа ќе избегнете негово оштетување или ќе спречите истекување вода. Редовното чистење со послабите средства за чистење ќе го одржи неговиот сјај и хигиена, а ако не користите агресивни хемикалии ќе го продолжите неговиот век на траење.

 

ЗОШТО ДА ИЗБЕРЕТЕ МИЈАЛНИК ОД ENMON

 

ENMON нуди широк асортиман на мијалници со висок квалитет кои се прилагодени на различни стилови и буџети. Нашите производи истовремено се комбинација од естетска привлечност и функционалност за да може да се постигне целосно задоволство на корисниците. Покрај тоа, нудиме и стручни совети и поддршка при изборот на идеален мијалник за вашата бања.

Истражете ја целокупната понуда и пронајдете совршено решение за вашите потреби.

Filter (0) Close
Производители