Нема туширање без топла вода, а нема топла вода без сигурен бојлер. Акумулациските бојлери се најчест избор во домаќинствата, бидејќи обезбедуваат постојан пристап до загреана вода, подготвена за употреба. Нема чекање системот да се загрее. Се е веќе подготвено во моментот кога ќе ја отворите славината. Идеални се за семејна бања, викендички, кујни: секаде каде што комфорот е поважен од импровизацијата.
Може да изберете меѓу различни капацитети од 10 до 100 литри во зависност од потребите на домаќинството. За брзо миење раце или садови тука се помалите модели, додека поголемите бојлери лесно ги задоволуваат потребите на целото семејство. Важно е да знаете колку топла вода ви треба, а сè друго е лесно. Тука сме да ви помогнеме да го изберете идеалниот модел.
Нашите бојлери се изработени да траат. Имаат емајлирани резервоари, заштита од корозија, термостат кој прецизно ја регулира температурата и одлична термоизолација. Тоа значи дека водата подолго време останува топла, а вашата сметка за струја нема да расте без потреба. Тие се совршена комбинација на удобност и заштеда.
Мала е вашата бања? Плафонот е низок? Нема проблем. Затоа нудиме и вертикални и хоризонтални модели, а некои имаат и универзални држачи за флексибилна монтажа. Без компромиси, сè е дизајнирано за да се прилагоди на вашиот простор, а не обратно.
Звучи вообичаено, но безбедноста секогаш е приоритет. Затоа сите модели имаат термостатска заштита од прегревање, сигурносен вентил, а некои и антибактериска заштита. Сега знаете дека водата е безбедна за туширање, миење и пиење и тоа секој ден, без исклучок. Спокојот можеби е најголемата вредност што ја добивате.
Благодарение на модерниот и неутрален дизајн, бојлерите од нашата понуда лесно се вклопуваат во секој стил на бања или кујна. Бел, чист финиш, дискретни команди и компактни форми значат дека не се наметнуваат, но сигурно ја вршат работата. А кога ќе ги усогласите со славините, туш системите и плочките од Енмон, сè ќе изгледа складно и функционално.
Следете не