Baldocer – дизајнерски плочки за ентериери и екстериери
Baldocer е синоним за шпански квалитет и елеганција во светот на керамиката. Нивните подни и ѕидни плочки се идеални за сите кои сакаат да уредат простор со стил, без компромис кога станува збор за издржливост и функционалност. Без разлика дали опремувате бања, кујна, дневна соба или тераса, колекциите на Baldocer нудат богат избор на нијанси, текстури и формати кои се вклопуваат во секој стил на уредување.
Брендот комбинира врвни материјали и современ дизајн, односно има производи кои се отпорни на абење, влага и хемикалии. Baldocer плочките се подеднакво соодветни за станбени и деловни простории благодарение на нивната издржливост, лесно одржување и впечатлив визуелен ефект.
Во понудата се вклучени плочки со имитација на камен, бетон, дрво, како и плочки со големи формати кои ги следат најновите трендови во архитектурата и дизајнот на ентериер.
Одберете Baldocer плочки и создадете простор што зрачи со софистицираност и трајна естетика. Разгледајте ја понудата на нашата веб страна и нарачајте веднаш!
Барате плочки кои ќе го внесат природниот изглед на каменот во вашиот дом? Плочките Icon Pearl 30x90 претставуваат софистицирана едноставност што се вклопува со секој стил.
Барате плочки кои ќе креираат природен изглед на вашиот простор? Icon Taupe 30x90 имаат топол и изглед на камен кој лесно се вклопува во секој ентериер.
Сакате совршена комбинација од минимализам и релјеф? Плочките Polaris 30x90 од брендот Baldocer имаат структура која го истакнува секој детаљ и вашиот простор ќе изгледа и модерен и уникатен.
Polaris Rec 60x60 е плочка која ќе ја внесе елеганција на мермерот во вашиот дом, но без комплицирано одржување. Совршена е за создавање светли и пространи простории.
Комбинација на модерен дизајн и структура. Плочките Polaris Combi 30x90 претставуваат игра на правоаголници за да се добие уникатен визуелен ефект на вашиот простор.
Следете не