Барате маса за фугирање која ќе креира топлина и суптилна елеганција во вашиот простор?
ENOFUG PRO CG2 WA Rose има нежна розова нијанса која ја овозможува пријатната топлина во просторот. Идеална е во комбинација со плочки кои имаат беж боја, боја на песок или дизајн на мермер за да се создаде софистициран и хармоничен изглед.
Оваа цементна маса за фугирање со CG2 WA формула има врвна отпорност на влага, нечистотија и е долготрајна. Примената на водоотпорната технологија овозможува споевите да останат чисти, а пигментот да ја задржи својата постојана нијанса и по повеќегодишна употреба. Погодна е за внатрешна и надворешна примена: од бањи и кујни па се до тераси и декоративни ѕидови.
За да се подготви за примена ENOFUG PRO Rose масата за фугирање потребни се од 15–20 минути, а нанесувањето е лесно и прецизно со беспрекорен естетски ефект кој создава топлина и елеганција на просторот.
Клучни карактеристики:
- Розова нијанса: оддава топлина во секој модерен ентериер
- Отпорност на влага: CG2 WA технологијата овозможува одбивање на водата и спречува појава на дамки
- Постојана пигментација: бојата не избледува и останува рамномерна со текот на годините
- Лесно одржување: фугата лесно се чисти и ја задржува својата нијанса
- Универзална примена: погодна е за внатрешни и надворешни површини
Пред нанесување на масата за фугирање потребно е да ги отстраните евентуалните остатоци од лепак од површината на плочките и да ги исчистите нивните рабови за се постигне рамномерно нанесување и совршен финиш.
ENOFUG PRO содржи водоразложливи силикони кои обезбедуваат водоотпорност и дополнителна заштита. Миењето на масата по фугирање пред истата да се исуши може да предизвика дисколиоризација (појава на нерамномерни тонови). По нанесување на масата за фугирање, вишокот на маса се отстранува со чист, влажен сунѓер од кој е исцедена водата, сè додека површината не стане целосно чиста.
Често поставувани прашања (FAQ):
- За кои простории е идеална нијансата Rose? Совршена е за бањи, кујни и декоративни површини каде сакате топлина и женствена елеганција.
- Дали може да се користи надвор? Да. CG2 WA формулата обезбедува отпорност на влага, UV зраци и температурни промени.
- Колку трае сушењето? Површината е подготвена за употреба по 24 часа ако е нанесена на под и по 6/12/24 часа ако фугата е нанесена на ѕид и во зависност од видот на лепилото.
- Дали бојата ја менува нијанса со текот на времето? Не. Пигментот е UV стабилен и е отпорен на средства за чистење.
- Колкава е потрошувачката на масата? Просечно 0,2–0,3 kg/m², во зависност од ширината на фугите и димензиите на плочките.
👉 Сакате вашиот простор да зрачи со топлина и елеганција?
Прегледајте ги сите нијанси на ENOFUG PRO масите за фугирање и пронајдете тон кој совршено ќе го надополни вашиот стил!
Напомена: Цената прикажана на веб продавницата се однесува за еден килограм. Купувањето е можно исклучиво во цело пакување од 2 kg.
Следете не