Потребна ви е сигурна хидроизолација која ќе ги заштити вашите ѕидови, подови и тераси од влага и продирање на вода?
MONOFLEX 1K е висококвалитетен еднокомпонентен хидроизолациски малтер кој е наменет за внатрешна примена. Едноставен е за нанесување и е исклучително ефикасен во заштита на сите површини кои се изложени на вода.
Производот MONOFLEX 1K е направен за да постигнете целосна водоотпорност, идеален е за бањи, балкони, тераси, подруми и за бетонски елементи каде што е потребна сигурна заштита пред да се постави керамиката. Може да се нанесува со глетарка, четка или валјак во два слоја со дебелина до 3 mm. Oптималната густина и лепливост на материјалот овозможуваат одлично да се врзе за цементни подлоги, тули, камен или стари плочки за да создаде еластичен и долготраен заштитен слој.
MONOFLEX 1K се подготвува лесно со мешање со 5,5–6,5 литри вода по вреќа од 25 kg и има време на нанесување до 60 минути. Погоден е за работа на температура од +5°C до +35°C, а целосното сушење и отпорност се постигнуваат веќе по 24 часа. Неговата флексибилност и задолжително вградување на мрежа во првиот слој претставуваат совршен избор за сите хидроизолациски проекти за секој дом или за објекти во кои има висока изложеност на влага.
Клучни предности на производот:
- Целосна хидроизолација: спречува продирање на вода и влага во подлогата
- Едноставна примена: може да се нанесе со глетарка, четка или валјак
- Брзо сушење: површината е подготвена за поставување керамика по 24 часа
- Висок степен на лепење: одлично се лепи на бетон, тули и камен
- Отпорност на температурни промени: примената е идеална од +5°C до +35°C
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА (FAQ):
- За што се користи MONOFLEX 1K?
Наменет е за хидроизолација на бањи, тераси, подруми и други внатрешни површини изложени на влага.
- Колку слоеви треба да се нанесат?
Препорачливо е да се нанесе во два слоја со вкупна дебелина од 2–3 mm.
- Колку трае сушењето?
Површината е подготвена за керамика по 24 часа.
- Дали може да се вгради мрежа?
Да. Се препорачува да се вгради мрежа во првиот слој за да се добие дополнително зајакнување.
- Дали е потребна подготовка на подлогата?
Да. Подлогата мора да биде чиста, сува и да има нанесено прајмер пред нанесување на масата.
👉 Реновирате бања, подрум или тераса?
Погледнете ја целата понуда на маси за хидроизолација и направете долготрајна заштита на вашиот простор од влага!
Напомена: Цената на производот која е прикажана на веб-продавницата се однесува за еден килограм. Купувањето е можно исклучиво во цели пакувања од 25 kg.
Следете не