Брендот Hitit Seramik е познат по висококвалитетната турска керамика која воедно обединува функционалност, естетика и трајност. Без разлика дали опремувате семеен дом или хотелски комплекс, плочките од Hitit Seramik претставуваат решение за сите видови простории. Нивниот асортиман опфаќа ѕидни и подни керамички плочки достапни во различни димензии, од компактни формати за помали површини до големи плочки што создаваат чувство на луксуз и пространост.
Hitit Seramik има препознатлив дизајн со современа обработка на материјалите, а производите се отпорни на влага, абење и хемикалии. Оваа керамика е идеална за бањи, кујни, ходници, тераси, па дури и за деловни простории и хотели. Колекциите се одликуваат со разновидни дезени вклучително од имитација на камен и дрво, до апстрактни и модерни шари.
Ако сакате сигурен и естетски привлечен материјал за обложување подови и ѕидови – Hitit Seramik е одличен избор. Разгледајте ја понудата на нашата веб продавница и најдете ги идеалните плочки за вашиот простор.
Следете не