Плочки

Ucitavanje
Подреди по
selecta beige podna pločica 60x60
Pastellato Dec. Faset Grey 20x60
Selecta White 60x60 podna pločica
Selena Caffe 25x40 bež zidna pločica
Selena Lux Ash 25x40
SP Mid Grey 6448 33x33

SP Mid Grey 6448 33x33

Барате едноставно решение за под? SP Mid Grey 6448 33x33 е совршен избор за сите простории!
Terranova OCHRE 33,3x33,3
Decor Pietra Serena Crema KK 25x50

Decor Pietra Serena Crema KK 25x50

Доколку барате плочки со изглед на цемент кои ги следат најновите трендови, Decor Pietra Serena Crema KK 25x50 е вистинскиот избор за вашиот простор.
Stoneline Antracite 9806 30x60
Dallas Beige 33,3x33,3 bež granitna pločica

Dallas Beige 33,3x33,3

Оваа глазирана плочка е изработена во прва класа на квалитет, се одликува со мало впивање на вода од <0,5 % со што е отпорна на влага, мраз и дамки и затоа е идеална за надворешни тераси, дворови или кујнски подови.
Mg Rasa Beige
Ekixir Bianco M4VJ 30x60
Pebble Beige 33,3x33,3
Pebble Brown 33,3x33,3
Mystic Gris pločica 30x60 siva

Mystic Gris 30x60

Mystic Gris 30x60 е подна плочка со дизајн кој имитира цемент и креира совршен баланс помеѓу урбаната естетика и функционалноста.
PG Bresscia Natural Rec granit pločice 60x60 cm

PG Bresscia Natural Rec 60x60

Ви се чини дека на вашиот под му недостасува карактер? PG Bresscia Natural Rec 60x60 го креира шармот на каменот во просторот!
Sive cement pločice 60×60

Tirol Savoya 60x60

Tirol Savoya 60x60 се подни плочки со цемент дизајн и мат површина која не се лизга.
Storm Grey 60x60

Storm Grey 60x60 9499

Storm grey 60x60 се подни плочки со мат финиш и мермерен дизајн. Имитацијата на мермер совршено се вклопува во секој простор и со сите елементи во него.
Storm Beige 60x60 podne pločice imitacija mermera
Trentino Beige 60x60

Trentino Beige 60x60 9828

Trentino Beige 60x60 се гранитни подни плочки со камен дизајн.
trentino grigio 60x60 pločica

Trentino Grigio 60x60

Trentino Grigio K 60x60 се гранитни подни плочки со камен дизајн.
Trentino Scuro 60x60

Trentino Scuro 60x60

Trentino Scuro 60x60 се гранитни подни плочки во камен дизајн.
Trentino Tabacco 60x60
Bež mat pločice 60×60 cm

Evoque Beige 6157 60x60

Evoque Beige 60×60 cm е имитација на цемент со мат површина и неутрален беж тон кој го освојува просторот со едноставен, но софистициран дизајн.

Нашата понуда вклучува различни видови плочки од најпознатите странски и домашни производители. Погледнете го асортиманот на најквалитетната италијанска, шпанска, турска, индиска, кинеска, српска и бугарска керамика.

 

ПЛОЧКИ ЗА БАЊА

 

Бањата е простор кој бара посебно внимание при изборот на керамика поради секојдневната изложеност на влага и температурни промени. Плочките за бања истовремено ги комбинираат и функционалноста и естетиката на просторот со цел да се постигне негова совршена заштита, но и стил.

Нашата понуда вклучува ѕидни и подни плочки со различни текстури, бои и дезени кои лесно се вклопуваат во секој стил на уредување: од класичен до модерен. Посебно популарни се плочките со ефект на мермер и мозаик детали, но и плочките со мат и сјаен завршен слој. Не заборавајте и на плочките на кои воопшто не може да се лизнете, а се наменети за безбедност на сите членови на семејството, посебно во туш кабините и околу кадата. 

Погледни ги сите ПЛОЧКИ ЗА БАЊА.

 

ПЛОЧКИ ЗА КУЈНА

 

Кујната е срцето на секој дом, а плочките за кујна претставуваат идеален спој на убавина и практичност. Ѕидните плочки се неизбежни за заштита на ѕидовите од прскање на вода и масти, а подните плочки за креирање на долготраен под отпорен на абење. Дознајte повеќе на веб-страницата ПЛОЧКИ ЗА КУЈНА.

 

Во понудата имаме плочки кои имитираат природни материјали како дрво и камен, но и плочки со модерни форми и геометриски дизајни. За дополнителна нота на единственост во просторот во кујната, препорачуваме мозаик плочки како декоративен елемент или плочки со голем формат кои креираат чувство на луксуз и пространост. Без разлика на вашиот стил, кај нас ќе најдете совршени плочки кои ќе ја претворат вашата кујна во омилена просторија во домот.

 

ПОДНИ ПЛОЧКИ

 

Подните плочки се идеални и за внатрешна и за надворешна употреба. Во зависност од типот на плочката се одликуваат со различни степени на отпорност на абење, противклизност и отпорност на мраз и студ. Особено се популарни подните плочки  кои имаат дизајн кој претставува имитација на дрво и мермер, но тука е и дизајнот на цемент, камен, рустичен, еднобоен. Погледнete ја нашата комплетна понуда на ПОДНИ ПЛОЧКИ.

 

ЅИДНИ ПЛОЧКИ

 

Ѕидните плочки се совршени за заштита и декорација на ѕидовите во кујната, бањата, но и во останатите внатрешни простории. Со нив се добива дополнителен слој на заштита од влага и нечистотија со цел да бидат практично и естетски привлечно решение.

Ѕидните плочки не се препорачуваат за поставување на под, но вообичаена пракса е да се користат подните плочки на ѕид. Разликата помеѓу ѕидните и подните плочки е во процесот на нивното производство, бидејќи подните плочки се произведени за да бидат поиздржливи поради секојдневното оптеретување и движење по нив. Ако ви е корисно ова, сигурно ќе ви значи да ги погледнете и сите ЅИДНИ ПЛОЧКИ.

 

ПЛОЧКИ СО ГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ

 

Плочките со голем формат станаа посебно популарни во последно време. Достапни се во различни големини и воедно се универзални, односно може да се постават во бања, кујна, дневна соба, ходник, но и во комерцијални простори како што се лобијата на хотели, кафулињата и рестораните.

Колку се поголеми плочките, толку побрзо се поставуваат. Со нив ќе се создадат помалку фуги отколку со плочките кои имаат помали димензии и ќе креираат чувство на пространост во просторијата. И како дополнителен плус: полесно се чистат и полесно се одржуваат. Проверете какви сѐ плочки имаме на следниот линк ПЛОЧКИ СО ГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ.

 

МОЗАИК ПЛОЧКИ

 

Мозаик плочките често се користат кај еднобојните ѕидови за да го нагласат просторот и да ја разбијат монотонијата. Можностите за комбинирање се неограничени без разлика дали се користат самостојно или како акцентен елемент, тие едноставно ќе го трансформираат просторот.

Поради малите димензии мозаик плочките се погодни за обложување на закривени или неправилни површини. Исто така, отпорни се на влага, дамки и абење и затоа се применуваат во кујни, бањи, туш кабини и базени. Откријте ги сите детали за МОЗАИК ПЛОЧКИ.

 

ДЕКОРАТИВНИ ПЛОЧКИ

 

Декоративните плочки се наменети за оние кои сакаат нивниот простор да зрачи со уникатност и стил. Овие плочки се произведуваат во различни бои, форми и текстури со цел да истакнете одредени делови од вашиот дом или деловен простор.  Откријте го својот стил на веб-страницата ДЕКОРАТИВНИ ПЛОЧКИ.

Filter (0) Close
Производители