Qua Granite е турски бренд кој го освојува европскиот пазар со својата оригиналност, природна естетика и исклучителен квалитет. Специјализиран е за производство на керамички плочки кои верно ги прикажуваат текстурите на камен, дрво и други природни материјали со кои се креира совршен баланс помеѓу дизајн и функционалност.
Во нашата понуда ќе најдете широк избор на подни и ѕидни плочки, идеални се за внатрешни простории и за надворешни простори. Без разлика дали опремувате дневна соба, бања, кујна или тераса, Qua Granite има решенија кои зрачат со смиреност и софистициран стил.
Освен естетската вредност, овие плочки се одликуваат и со висока отпорност на абење, влага и температурни разлики, а со тоа се погодни и за домаќинства и за комерцијални објекти.
Со современиот процес на производство и постојаните инвестиции во иновации, колекциите на Qua Granite ги следат светските трендови, но секогаш остануваат верни на инспирацијата од природата.
Разгледајте ја комплетната понуда и најдете плочки кои ќе внесат хармонија во вашиот дом!
LG Luna Offwhite 60x120 се светло сиви плочки кои имаат современ изглед и создаваат разновидност во секој простор. Идеални се за внатрешна и надворешна употреба.
Следете не