Ја сакате топлината на дрвото и издржливост на керамиката и тоа за внатрешен и за надворешен простор?
Tablon Brown 15,5×60,5 подните плочки имаат автентичен изглед на дрво и цврстина која потекнува од керамиката со што се постигнува природен и топол амбиент со висока отпорност на абење и влага. Наменети се за подни површини каде сакате да постигнете баланс меѓу естетиката и функционалноста.
Плочките имаат R10 степен против лизгање и се погодни и за внатрешна и за надворешна употреба: во дневни соби, кујни, ходници, но и на тераси или покриен надворешен простор. Мат површината креира природен изглед и ја намалува видливоста на нечистотиите.
Форматот од 15,5×60,5 cm верно ги следи пропорциите на дрвените даски и овозможува различни шеми на поставување со што се постигнува дополнителен визуелен ефект. Tablon Brown плочките претставуваат практично решение за сите кои сакаат долготраен под со топлина на дрво.
Клучни предности на производот:
- Подни плочки со имитација на дрво: за природен и топол изглед
- Внатрешна и надворешна употреба: имаат широка примена
- R10 степен против лизгање: за сигурно одење
- Мат површина: за дискретен и автентичен изглед
- Формат од 15,5×60,5 cm: за ефект на дрвени даски
Често поставувани прашања (FAQ):
- Дали плочките се погодни за надворешен простор?
Да. R10 степенот против лизгање дозволува нивна примена и за надворешна употреба.
- Каде најчесто се користат овие плочки?
Се користат во дневни соби, кујни, ходници, но и на тераси и покриени надворешни површини.
- Каква е површината на плочките?
Плочките имаат мат површина со верен ефект на дрво.
👉 Барате повеќе подни плочки со ефект на дрво за внатрешен и надворешен простор?
Погледнете ја целосната понуда на плочки со имитација на дрво
Следете не