Avenue Natural 9236KA 60x60 е подна плочка со беж нијанса, мат површина, дизајн имитација на камен и овозможува природен изглед во просторот. Погодна е за внатрешни и надворешни површини.
Avenue Grey 9238KA 60x60 е подна плочка со сива боја и дизајн кој е имитација на камен за да внесе модерен изглед во просторот. Погодна е за внатрешни и надворешни површини.
Бараш темно сиви плочки наменети за секој простор? Borghetto Anthracite 60x60 има неутрален тон кој совршено одговара и на внатрешните и на надворешните површини.
Carousel 2.0 Silver 30x60 се плочки кои имаат комбинација на модерен индустриски шарм и практичност. Идеални се за создавање модерни и минималистички простори.
Concrete Grey 44,7x44,7 е подна плочка која креира модерен изглед инспириран од цемент. Има елегантни сиви тонови наменети за секој современ ентериер, а мат површината е идеална за модерни подни и ѕидни облоги.
Concrete Noce 44,7x44,7 подната плочка има природен изглед на камен и модерни кафеави тонови наменета за елегантни ентериери. Мат површината е идеална за современо подно и ѕидно обложување.
Cotto Grigio 33×33 е Gres porcellanato плочка со полусјајна површина и суптилна имитација на камен, идеална за создавање елегантен и функционален амбиент.
Оваа глазирана плочка е изработена во прва класа на квалитет, се одликува со мало впивање на вода од <0,5 % со што е отпорна на влага, мраз и дамки и затоа е идеална за надворешни тераси, дворови или кујнски подови.
Diva Beige 30×60 е совршена комбинација на природната беж боја и впечатливата имитација на мермер со што секој простор ќе се претвори во софистицирано и современо опкружување.
Diva Light Grey 30×60 е идеална комбинација на минималистичката сива боја и елегантната имитација на мермер со цел да се создаде хармоничен и префинет простор.
Giulia Bianco 30x60 плочката има суптилни тонови на бела и беж нијанса, елегантна имитација на камен и е идеална за ѕидни и подни, внатрешни или надворешни површини.
Бојата на оваа плочка ви ја дава неопходната слобода за да создадете простор кој ќе зрачи со светлина и луксуз. Таа е совршена за комбинирање со различни декоративни стилови.
Feeling Antico 30x60 cm се плочки со дизајн имитација на дрво, имаат мат површина и неутрална сива нијанса која совршено одговара на модерни и рустични ентериери.
Следете не