Потребна ви е маса за фугирање која ќе креира природна хармонија и баланс во вашиот простор?
ENOFUG PRO CG2 WA Olive Green има смирена, маслинесто-зелена нијанса која е инспирирана од природата и земјените тонови. За производство на оваа цементна маса за фугирање се користи напредната CG2 WA формула со која се постигнува извонредна отпорност на влага и нечистотии. Технологијата за одбивање на вода овозможува споевите да останат чисти, а бојата ќе биде трајна дури и по повеќегодишна употреба. Погодна е за внатрешна и надворешна примена, од бањи и кујни до тераси, ходници и фасади.
За да се подготви за примена ENOFUG PRO Olive Green масата за фугирање потребни се од 15–20 минути. Лесно се нанесува, а нејзината маслинесто-зелена нијанса креира смиреност и природен баланс во секоја просторија.
Клучни карактеристики:
- Природна нијанса: маслинесто-зелената боја создава хармоничен изглед на просторот.
- Отпорност на влага: CG2 WA формула овозможува водата да не се собира и спречува појава на дамки.
- Долготрајна постојаност: пигментот е отпорен на УВ зраци.
- Лесно одржување: фугата лесно се чисти и долги години ја задржува природната нијанса.
- Универзална примена: наменета е за внатрешни и надворешни површини и за ѕидови и за подови.
Пред нанесување на масата за фугирање, потребно е од површината на плочките да ги отстраните остатоците од лепак и да ги исчистите фугите за да постигнете рамномерно лепење на масата.
ENOFUG PRO содржи водоразложливи силикони кои ja овозможуваат водоотпорностa и долготрајната заштита. Миењето на масата за фугирање по нејзиното нанесување може да предизвика дисколоризација, односно појава на нерамномерни тонови. Затоа, вишокот маса се отстранува со чист, влажен сунѓер од кој е исцедена водата.
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА (FAQ):
- За кои простории е идеална нијансата Olive Green? За простории каде што се бара природен и умерен тон, односно во бањи, тераси, кујни или ентериери со дрвени елементи.
- Дали е погодна за надворешна примена? Да. CG2 WA формулата обезбедува отпорност на влага, УВ зраци и температурни промени.
- Колку трае сушењето? Површината е подготвена за употреба по 24 часа ако е нанесена на под и по 6/12/24 часа ако фугата е нанесена ѕид и во зависност од видот на лепилото.
- Дали бојата со тек на време бледнее? Не. Пигментот е УВ стабилен и е отпорен на средства за чистење.
- Колкава е потрошувачката на масата? Просечната потрошувачка изнесува 0,2–0,3 kg/m², зависно од ширината на фугите и димензиите на плочките.
👉 Сакате вашиот простор да зрачи со природен тон и мир?
Прегледајте ги сите нијанси на ENOFUG PRO масите за фугирање и пронајдете ја бојата која совршено одговара на вашиот стил!
Напомена: Цената на производот прикажана на веб-продавницата се однесува за еден килограм. Купувањето е можно исклучиво во цело пакување од 2 kg.
Следете не