Барате маса за фугирање која што креира топлина, елеганција и дух на класична керамика?
ENOFUG PRO CG2 WA Antique Red има препознатлива нијанса на темноцрвена боја со примеси на теракота која на просторот му дава топлина и традиционален карактер. Совршено се вклопува со плочки во природни тонови, рустични декорации и медитерански стилови на ентериер и екстериер.
Оваа цементна маса за фугирање е произведена согласно стандардот CG2 WA, се одликува со висока отпорност: на влага, нечистотии и абење. Благодарение на водоодбојната технологија, споевите остануваат чисти, а интензивната црвена боја ја задржува својата постојаност и по подолг временски период. Наменета е за ѕидни и за подни плочки, како за внатрешна, така и за надворешна употреба.
Времето на подготовка е од 15–20 минути, нанесувањето е лесно и прецизно, а површината е подготвена за употреба по 24 часа. ENOFUG PRO CG2 WA Antique Red претставува идеален избор за сите кои сакаат долготрајност на производот, естетика и топол, природен тон.
Карактеристики:
- Класична нијанса: има темноцрвена боја со примеси на теракота за да внесе топлина и карактер во просторот
- Отпорност на влага: формулата CG2 WA спречува впивање на вода и појава на дамки
- Долготрајна постојаност: има пигменти кои се отпорни на UV-зраци и абење
- Едноставно одржување: површините остануваат чисти и по често миење
- Универзална примена: погодна е за внатрешни и надворешни простори, ѕидови и подови
Пред фугирање, од лицето (површината) на плочките потребно е да се отстранат евентуалните остатоци од лепак и да се исчистат бочните страни меѓу плочките со цел масата рамномерно да го исполни просторот помеѓу нив.
ENOFUG PRO содржи водорастворлив силикон кој овозможува одбивање на водата и зголемена отпорност. Претераното „миење“ на масата по фугирањето може да доведе до дискoлорација, односно појава на нерамномерна боја по сушењето. По фугирањето, вишокот маса се отстранува со чист, влажен сунѓер од кој водата е добро исцедена. Постапката се повторува сè додека целата површина не биде целосно исчистена.
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА (FAQ)
- По што се разликува нијансата Antique Red од Brick Red?
Antique Red е подлабока и помирна нијанса на црвената боја, со примеси на кафен тон што делува потопло и поприродно во просторот.
- Дали може да се користи на отворено?
Да. CG2 WA технологијата овозможува масата за фугирање да биде отпорна на влага, дожд и температурни промени и затоа е идеална за тераси и фасади.
- Колку време трае сушењето?
Површината е подготвена за употреба по 24 часа ако е нанесена на под и по 6/12/24 часа ако е нанесена на ѕид. Сето ова зависи од условите за работа и видот на лепакот.
- Дали бојата ја менува нијансата со текот на времето?
Не. Пигментот е UV-стабилен и е отпорен на средства за чистење и влага.
- Колкава е потрошувачката на масата?
Просечната потрошувачка изнесува 0,2–0,3 kg/m² во зависност од ширината на фугите и димензиите на плочките.
👉 Сакате вашиот простор да зрачи со топлина и автентичен карактер?
Погледнете ги сите нијанси на ENOFUG PRO масите за фугирање и најдете ја бојата која во вашиот дом ќе го внесе духот на традиција!
Напомена: Цената на производот која е прикажана на веб-продавницата се однесува на еден килограм. Купувањето е можно исклучиво во цели пакувања од 2 kg.
Следете не