Enofug Pro Silver Galaxy (2кг) - Цементна Водоодбојна Маса за Фугирање

Free-Shipping
- %
ONLINE CENA
Производител: Enokol
Код: 3125SS9171003
Pogledati dostupnost u prodavnici

Достапност по локации

Салон Адреса Достапна количина
ENOFUG PRO CG2 WA Silver Galaxy има софистицирана сиво-метална нијанса која креира смиреност и рамнотежа во секој ентериер. Инспирирана е од бојата на челикот и каменот и совршено се вклопува со грес и плочки со дизајн на цемент или мермер за да се создаде длабочина и современа елеганција на просторот.
Dokumenta
Брза испорака
Сигурна веб продавница
Стара цена: 107  ден
Заштеди:  96  ден
96  ден

pdp.loyalty.pricetext

imagecrafter.crafricaalt
Овој производ има минимална количина 2
Овој производ има минимална количина 2
i h

Цена важи од do

Барате маса за фугирање која оддава модерен, луксузен и визуелно изедначен изглед на просторот?

 

ENOFUG PRO CG2 WA Silver Galaxy има елегантна сиво-метална нијанса која создава модерен изглед и чувство на хармонија. Употребената напредна CG2 WA формула на оваа цементна маса за фугирање обезбедува висока отпорност на влага, абење и нечистотии.

Водоодбивната технологија спречува продирање на вода и задржување на нечистотии, а пигментот останува постојан и по долготрајна употреба. Погодна е за внатрешна и надворешна примена и е идеален избор за модерни, минималистички и индустриски простории.

За да се подготви за примена ENOFUG PRO Silver Galaxy масата за фугирање потребни се од 15–20 минути, а нанесувањето е лесно и прецизно со беспрекорен естетски ефект кој создава топлина и елеганција на просторот.

 

Клучни предности:

  • Елегантна сива нијанса: има неутрален тон кој ја истакнува структурата на плочките
  • Отпорност на влага: употребената CG2 WA формулата ја одбива водата и спречува појава на дамки
  • Висока отпорност на абење: идеална е за површини со интензивна употреба
  • Постојана боја: содржи пигмент кој е отпорен на UV зрачење и средства за чистење
  • Универзална примена: погодна е за внатрешни и надворешни површини, ѕидови и подови

 

Упатство за нанесување:

Пред нанесување на масата за фугирање потребно е да ги отстраните евентуалните остатоци од лепак од површината на плочките и да ги исчистите рабовите на фугите за се постигне нејзино рамномерно нанесување и совршен финиш.

ENOFUG PRO содржи водоразложливи силикони кои обезбедуваат водоотпорност и дополнителна заштита. Миењето на масата по фугирање пред истата да се исуши може да предизвика дисколиоризација (појава на нерамномерни тонови). По нанесување на масата за фугирање, вишокот се отстранува со чист, влажен сунѓер од кој е исцедена водата, сè додека површината не стане целосно чиста.

 

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА (FAQ)

  • За кои простории е идеална нијансата Silver Galaxy?
    За модерни и минималистички ентериери, во комбинација со сиво-бели и плочки кои имаат бетон или камен дизајн.
  • Дали е погодна за надворешна примена?
    Да. CG2 WA формулата обезбедува отпорност на влага, UV зрачење и температурни промени.
  • Колку време е потребно за сушење?
    Површината е подготвена за употреба по 24 часа ако е нанесена на под и по 6/12/24 часа ако фугата е нанесена ѕид и во зависност од видот на лепилото.
  • Дали бојата ја менува нијансата со текот на времето?
    Не. Пигментот е UV стабилен и не го губи интензитетот ниту по долгогодишна употреба.
  • Колкава е потрошувачката на масата?
    Во просек од 0,2–0,3 kg/m², а во зависност од ширината на фугите и големината на плочките.

 

👉 Сакате модерна, неутрална и луксузна површина?
Погледнете ги сите нијанси на ENOFUG PRO масите за фугирање и изберете ја бојата што совршено одговара на вашиот стил!

 

Напомена: Цената прикажана на веб-продавницата се однесува за еден килограм. Купувањето е можно исклучиво во цели пакувања од 2 kg.

Спецификации на производот
Име на атрибут Вредност на атрибутот
Примена за вградување на керамика
Материјал прашкасти
Класа I Класа
Производител Enmon Brend
Држава Србија
Категорија Вградување
0.0 0
Напишете сопствен осврт sevenspikes.themes.emporium_enmon.common.close
  • Производот може да се разгледува само по купување на
  • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
  • Лош
  • Одлично
*
*
Ознаки за производ
imagecrafter.crafricaalt