Барате маса за фугирање која истовремено е комбинација од топлината на беж тонот и чистотата на белата боја?
ENOFUG PRO CG2 WA Sand White претставува нијанса инспирирана од природниот песок и светлиот камен. Суптилно топла, но елегантно неутрална оваа боја совршено ја истакнува текстурата на керамичките плочки без нагласени контрасти со што создава урамнотежен и префинет визуелен ефект.
Напредната CG2 WA формула на оваа цементна маса за фугирање на плочки обезбедува висока отпорност на влага, абење и нечистотии. Водоодбивната технологија спречува впивање на водата и задржување на нечистотиите со што се постигнува долготраен свеж изглед на фугите. Производот е наменет за внатрешна и надворешна употреба и е идеален за бањи, кујни, ходници и тераси.
За да се подготви за примена ENOFUG PRO Sand White масата за фугирање потребни се од 15–20 минути, а нанесувањето е лесно и прецизно со беспрекорен естетски ефект кој создава топлина и елеганција на просторот.
Клучни предности:
- Природна нијанса: комбинација е на бела и беж боја за топол и хармоничен ефект
- Отпорност на влага: примената на CG2 WA формулата овозможува да се одбива вода и да се спречи појава на дамки
- Постојана пигментација: бојата не го менува тонот ниту по долготрајна употреба
- Лесно одржување: површините остануваат чисти и свежи со минимален напор
- Универзална примена: погодна е за внатрешна и надворешна употреба и за ѕидни и за подни површини
Упатство за нанесување:
Пред нанесување на масата за фугирање потребно е да ги отстраните евентуалните остатоци од лепак од површината на плочките и да ги исчистите рабовите на фугите за се постигне нејзино рамномерно нанесување и совршен финиш.
ENOFUG PRO содржи водоразложливи силикони кои обезбедуваат водоотпорност и дополнителна заштита. Миењето на масата по фугирање пред истата да се исуши може да предизвика дисколиоризација (појава на нерамномерни тонови). По нанесување на масата за фугирање, вишокот на маса се отстранува со чист, влажен сунѓер од кој е исцедена водата сè додека површината не стане целосно чиста.
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА (FAQ)
- За кои простории е идеална нијансата Sand White?
За простории каде што треба дискретен и природен изглед. Идеална е во комбинација со плочки со беж боја или плочки со дизајн на камен или мермер.
- Дали е погодна за надворешна употреба?
Да. CG2 WA формулата обезбедува отпорност на влага, UV зрачење и температурни промени.
- Колку време е потребно за сушење?
Површината е подготвена за употреба по 24 часа ако е нанесена на под и по 6/12/24 часа ако фугата е нанесена ѕид и во зависност од видот на лепилото.
- Дали бојата со текот на времето избледува?
Не. Пигментот е UV стабилен и отпорен на средства за чистење.
- Колкава е потрошувачката на масата?
Просечната потрошувачка е од 0,2–0,3 kg/m², а во зависност од ширината на фугите и димензиите на плочките.
👉 Сакате природна, елегантна и дискретна површина?
Погледнете ги сите нијанси на ENOFUG PRO масите за фугирање и пронајдете го тонот кој совршено одговара на вашиот стил!
Напомена: Цената прикажана на веб-продавницата се однесува за еден килограм, а купувањето е можно исклучиво во цело пакување од 2 kg.
Следете не