Потребна ви е маса за фугирање која ќе креира ведрина, светлина и топлина во вашиот простор?
ENOFUG PRO CG2 WA Sun Yellow има интензивна жолта нијанса која создава енергија и позитивна атмосфера во секој ентериер. Совршено се комбинира со неутрални керамички површини и природни материјали и создава впечатлив и топол визуелен ефект.
Оваа цементна маса за фугирање со CG2 WA формула обезбедува исклучителна отпорност на влага, абење и нечистотии. Со примена на водоодбивната технологија споевите ќе останат чисти и светли, а интензивната пигментација ја задржува оригиналната боја и по долготрајна употреба. Погодна е за внатрешна и надворешна примена, од бањи и кујни до тераси и декоративни ѕидови.
За да се подготви за примена ENOFUG PRO Silver Galaxy масата за фугирање потребни се од 15–20 минути, нанесувањето е лесно и прецизно со беспрекорен естетски ефект кој создава топлина и елеганција на просторот.
Клучни предности:
- Жолта нијанса на сонцето: создава светлина и оптимизам во просторот
- Отпорност на влага: CG2 CG2 WA формулата овозможува водата да се одбива и да се спречи појавата на дамки
- Постојана боја: пигментот е отпорен на UV зрачење и средства за чистење
- Долготрајна свежина: фугата го задржува интензитетот и по години употреба
- Универзална примена: погодна е за внатрешни и надворешни површини, ѕидови и подови
Упатство за нанесување:
Пред нанесување на масата за фугирање потребно е да ги отстраните евентуалните остатоци од лепак од површината на плочките и да ги исчистите рабовите на фугите за се постигне нејзино рамномерно нанесување и совршен финиш.
ENOFUG PRO содржи водоразложливи силикони кои обезбедуваат водоотпорност и дополнителна заштита. Миењето на масата по фугирање пред истата да се исуши може да предизвика дисколиоризација (појава на нерамномерни тонови). По нанесување на масата за фугирање, вишокот на маса се отстранува со чист, влажен сунѓер од кој е исцедена водата, сè додека површината не стане целосно чиста.
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА (FAQ)
- За кои простории е идеална нијансата Sun Yellow?
За ентериери каде што треба да се потенцира енергијата, топлината и визуелниот изглед како кујни, бањи и тераси.
- Дали е погодна за надворешна примена?
Да. CG2 WA формулата обезбедува отпорност на влага, UV зрачење и температурни промени.
- Колку време е потребно за сушење?
Површината е подготвена за употреба по 24 часа ако е нанесена на под и по 6/12/24 часа ако фугата е нанесена ѕид и во зависност од видот на лепилото.
- Дали бојата со текот на времето избледува?
Не. Пигментот е UV стабилен и е отпорен на хемиски средства за чистење.
- Колкава е потрошувачката на масата?
Просечно од 0,2–0,3 kg/m², а во зависност од ширината на фугите и димензиите на плочките.
👉 Сакате вашиот простор да зрачи со топлина и ведрина?
Погледнете ги сите нијанси на ENOFUG PRO масите за фугирање и изберете го тонот кој ќе внесе сончева енергија во вашиот дом!
Напомена: Цената прикажана на веб-продавницата се однесува за еден килограм. Купувањето е можно исклучиво во цело пакување од 2 kg.
Следете не