Барате маса за фугирање која на просторот ќе му даде топлина, природен и префинет изглед?
ENOFUG PRO CG2 WA Caramel се истакнува со пријатна, топла карамел нијанса која одлично се комбинира со беж, кафеави, дрвени и мермерни плочки. Таа е идеална за создавање хармоничен и уедначен амбиент, од класичен до современ ентериер.
Оваа цементна маса за фугирање со напредна CG2 WA формула обезбедува висока отпорност на влага, абење и нечистотии.
Благодарение на водоодбојната технологија, површините остануваат чисти и постојани, а карамел нијансата креира природна топлина во секој простор. Наменета е за внатрешна и надворешна употреба, за ѕидни и за подни плочки во бањи, кујни, ходници и тераси.
Времето на подготовка е од 15–20 минути и овозможува едноставна и прецизна примена, а површината е подготвена за употреба по само 24 часа. ENOFUG PRO Caramel е вистински избор. Ќе добиете функционалност, долготрајност и тон што внесува пријатно чувство и удобност.
Карактеристики:
- Топла нијанса: има карамел тон кој создава пријатна и смирувачка атмосфера во просторот
- Водоодбојна формула: спречува впивање на вода и појава на дамки
- Долготрајна отпорност: отпорна е на абење, влага и често чистење
- Природна естетика: совршено се комбинира со дрвени и површини изработени од камен
- Универзална примена: погодна е за внатрешна и надворешна употреба, односно за ѕидови и подови
Пред фугирањето, од површината на плочките потребно е да се отстранат евентуалните остатоци на лепилото при лепењето, како и лепилото од бочните страни меѓу плочките каде што треба да се втисне масата за фугирање.
ENOFUG PRO содржи водорастворливи силикони кои ѝ обезбедуваат водоодбојност. Секое претерано „миење“ на масата по фугирањето, а пред нејзино сушење може да доведе до зголемено излачување на силиконите и појава на дискoлорација, односно нерамномерна боја по сушењето. По фугирањето, преостанатата маса се отстранува со чист и навлажнет сунѓер од кој вишокот вода е добро исцеден. Постапката се повторува сè додека целата преостаната маса за фугирање не биде целосно отстранета.
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА (FAQ)
- За какви простории е идеална нијансата Caramel?
Оваа нијанса е совршена за ентериери со топли тонови на керамика, дрвени декори и природни материјали.
- Дали е погодна за надворешна примена?
Да. Благодарение на CG2 WA формулата и отпорноста на влага, идеална е и за тераси и отворен простор.
- Колку трае сушењето?
Површината е подготвена за употреба по 24 часа ако е нанесена на под и по 6/12/24 часа ако фугата е нанесена ѕид и во зависност од видот на лепилото.
- Дали бојата го задржува тонот со текот на времето?
Да. Карамел пигментот е UV-стабилен и не ја менува нијансата ниту по долгогодишна употреба.
- Колкава е потрошувачката на маса?
Потрошувачката зависи од ширината на фугите и димензиите на плочките и во просек изнесува 0,2–0,3 kg/m².
👉 Сакате вашиот простор да зрачи со топлина и природна елеганција?
Погледнете ги сите нијанси на ENOFUG PRO масите за фугирање и најдете боја која совршено се вклопува со вашиот стил!
Следете не