Гранитни плочки

Ucitavanje
Подреди по
PG Giga Carrara Gold 60x120 mermerna pločica

PG Giga Carrara Gold 60x120

Сакате Вашиот простор да има гламурозен изглед? Плочките PG GIGA CARRARA GOLD 60x120 се тука за да добиете луксуз на секој чекор!
Pg Castelli MP6710 polirana siva pločica 60×60

Pg Castelli MP6710 60x60

PG Castelli MP6710 60x60 има изглед на камен со топла сиво-кафеава нијанса со полиран финиш кој ја рефлектира светлината и го отвора просторот.
PG Travertino 60x120 podna pločica travertin izgled

PG Travertino 60x120

PG Travertino 60x120 е подна плочка која е инспирирана од природниот камен наречен травертин и со која просторот добива топлина и елегантен природен изглед.
PG Soleado MP614 60x60

PG Soleado MP614 60x60

Дизајнот што имитира мермер претставува совршен избор за оние кои посакуваат елегантен амбиент без комплицирано одржување.
PG Calacatta H 60x120 mermerna pločica

PG Calacatta H Rec 60x120

PG Calacatta H 60x120 создава модерен и свеж изглед во вашиот простор, со суптилни сиви шари кои креираат визуелна хармонија.
PG Calacata pločica 100x100

PG Calacata PN01 100x100

Сакате мермер без да се мислите за негово одржување? PG CALACATA PN01 1 100x100 го има класичниот изглед на мермер во модерен формат!
PG Tutto Bianco bela pločica 60x60

PG Tutto Bianco 60x60

PG Tutto Bianco 60x60 е подна плочка со мазна, полирана површина која е отпорна на мраз и е идеална за сите климатски услови.
PG Orient Beige 80x160 podne pločice – bež nijansa

PG Orient Beige 80x160

Барате плочки кои ќе ја подигнат атмосферата? Плочките PG Orient Beige 80x160 имаат суптилни беж тонови кои креираат топлина и просторност во секој дел од домот или канцеларијата.
crne podne pločice PG Super Black 60x60

PG Super Black 60x60

PG Super Black 60x60 се подни плочки со полирана површина и идеално црна боја. Наменети се за внатрешна и надворешна употреба.
pg rochester white 60x120 podna plocica

PG Rochester White 60x120

Сакате ли простран и светол изглед на вашиот дом? PG Rochester White 60x120 се плочки кои ќе ви овозможат да го направите тоа. Тие имаа изглед имитација на мермер и висок сјај.
PG Ayce 60x60 bela sjajna pločica

PG Ayce 60x60

PG Ayce 60x60 креира минималистички монохроматски дизајн со бела боја и совршен е за простории каде што сакате да добиете чувство на чистота и пространост.
PG Sortino 60x60 podna pločica imitacija mermera

PG Sortino XP061 60x60

PG Sortino подните плочки се одличен избор за сите кои сакаат да постигнат рамнотежа помеѓу современата естетика и безвременската софистицираност.
PG Normal White 60x60 bela polirana pločica

PG Normal White 60x60

Благодарение на полираниот финиш, PG Normal White плочките ја рефлектираат светлината и создаваат посветла атмосфера дури и во простории со помалку природна светлина.
PG Lamina Smoke 60x60 podna pločica siva

PG Lamina Smoke 1297 Rec 60x60

Замислувате под кој изгледа како да е нацртан од самата природа? PG Lamina Smoke 60x60 ја создава баш таа природна атмосфера во Вашиот дом.
Siva podna pločica LG Urban Grey 60x60 betonskog izgleda

Lg Urban LSI6710P Grey 60x60

Сакате боја на бетон? LG Urban Grey 60×60 создава индустриски вајб, но без бучава и хаос.
MG Metro Silver 100x100

MG Metro Silver HO2 100x100

Барате нијанса на сиви тонови за вашиот модерен дом? Плочките MG Metro Silver 100x100 се вашиот избор за минималистички стил!
tamnosive podne pločice MG Metro Dark Grey 100x100

MG Metro Dark Grey HO4 100x100

Уморни сте од изгледот на белите плочки? MG Metro Dark Grey 100x100 има урбан стил кој нема да се заборави!
LG Luna Ash tamnosive pločice 60x120

LG Luna Ash 60x120

Овие плочки го имаат токму тој квалитет: сурова, постојана тишина на индустрискиот пејзаж кој не треба да се допадне, туку едноставно постои.
titan bone granitna pločica

LG Titan Bone 60x60

LG Titan Bone Rec 60x60 плочките имаат беж нијанса и дискретен цемент дизајн, идеални за ентериери каде доминира едноставноста и природната топлина.
LG Life White 60x60 bela podna pločica

LG Life White Rec 60x60

LG Life White 60x60 е бела порцеланска плочка со ефект на цемент, лапато површина и ректифицирани рабови која е погодна за внатрешни и надворешни подни и ѕидни површини.
PG Lithos Bianco 60x120 pločice mermernog izgleda

PG Lithos Bianco Rec 60x120

Сакате да имате изглед на мермер и без да се грижите околу одржувањето? PG Lithos Bianco Rec 60x120 е Вашиот избор за долготрајна елеганција и лесно чистење и внатре и надвор!
PG Atlantic Beige pločica 80x160

PG Atlantic Beige Rec 80x160

Го замислувате подот како простор за движење, а не како препрека? PG Atlantic Beige Rec 80x160 е плочка која што го следи вашиот стил. И тоа буквално.
bardiglio white pločica 60x120 bela sjaj
Noor Statuario pločice 60x120 bela sa sivim venama

Гранитни плочки - отпорност, формати и примена во просторот

Гранитните плочки претставуваат едно од најотпорните решенија за обложување на подови и ѕидови, како за ентериер така и за надворешен простор. Овие плочки имаат минимална впивливост и високата отпорност на абење. Се користат во простории со големо оптоварување, влага и температурни промени.

Кога корисниците пребаруваат гранитни плочки 60x60, 60x120 или нивна цена најчесто бараат долготрајно и практично решение кое подразбира издржливост, лесно одржување и модерен изглед.

Поради цврстината и универзалната примена, гранитната керамика е стандарден избор за бањи, кујни, ходници, но и за надворешни површини како тераси и дворови.

 

Каде се користат гранитни плочки

Поради долгогодишната издржливост и отпорност на влага, гранитните плочки имаат широка примена во различни видови простории како во ентериер така и во екстериер.

  • Гранитни плочки за бања: идеални се за простории со високо ниво на влага и директен контакт со вода
  • Гранитни плочки за кујна: отпорни се на абење, лесно се одржуваат и се погодни за секојдневна употреба
  • Гранитни плочки за тераса и двор: отпорни се на мраз и се издржливи на сите надворешни услови
  • Гранитни подни плочки: претставуваат совршен избор за ходници, дневни соби и фреквентни простории

Овие карактеристики на гранитната керамика дозволуваат овие плочки да се користат секаде каде што е потребна долготрајна и сигурна површина.

 

Зошто да изберете гранитни плочки

Ако сакате да добиете долготрајно решение кое може да издржи секојдневно оптоварување, влага и температурни промени, тогаш гранитните плочки се сигурен избор.

  • Отпорност на влага и вода: идеални се за бањи, кујни и надворешни површини
  • Висока отпорност на абење: поднесуваат интензивна употреба без да се оштетат
  • Отпорност на гребење и хемикалии: го задржуваат изгледот и по долготрајна употреба
  • Лесно одржување: едноставно се чистат без специјални средства
  • Долг век на траење: инвестиција која што се исплатува на долг рок

 

Формати и цена на гранитните плочки

Најбарани формати се гранитните плочки со големина 60x60 cm и 60x120 cm, бидејќи обезбедуваат идеален однос меѓу практичноста, естетиката и лесната монтажа. Поголемите формати визуелно го намалуваат бројот на фуги и создаваат помодерен изглед на просторот.

Цената на гранитните плочки зависи од димензиите, видот на површината (завршната обработка) и производителот, но поради нивната издржливост претставуваат долгорочна инвестиција и не е потребна честа замена.

Ако ви е потребен баланс помеѓу квалитетот и цената, форматите како 60x60 и 60x120 се најпопуларен избор во современото уредување на ентериери и екстериери.

 

Површинска обработка на гранитните плочки

Изборот на површината или завршната обработка на плочките влијае и на изгледот и на нивната функционалност. Гранитните плочки се изработуваат во неколку варијанти:

  • Полирани гранитни плочки: имаат висок сјај и елегантен изглед, идеални се за дневни соби и репрезентативни ентериери
  • Лапато (lappato) гранитни плочки: површината е баланс помеѓу сјајот и практичноста, а погодни се за секој модерен ентериер
  • Мат гранитни плочки: имаат природен изглед, не се лизгаат и се препорачуваат за бањи, тераси и надворешни површини.

 

Како да изберете гранитни плочки

Ако се прашувате кои гранитни плочки да ги изберете, важно е изборот да го прилагодите на просторот, начинот на користење и посакуваниот визуелен ефект.

  • За ентериер изберете: полирани или лапато плочки со што ќе добиете елегантен и модерен изглед на просторот
  • За бања изберете: мат гранитни плочки поради нивната отпорност на влага и поголемата безбедност
  • За тераси и дворови изберете: гранитни плочки со висок степен против лизгање кои воедно се отпорни на мраз
  • За фреквентни простори изберете: гранитни плочки со висок степен на отпорност на абење

 

Често поставувани прашања за гранитни плочки:

  • Што се гранитни плочки?
    Гранитните плочки се вид порцеланска керамика со висока густина и голема отпорност кои се наменети за под и за ѕид, но и за секој ентериер и екстериер.
  • Кои гранитни плочки да се изберат?
    Изборот зависи од просторот: за бања и надворешни површини се препорачуваат мат и варијанти кои не се лизгаат, а полираните плочки се погодни за останатиот дел од ентериерот.
  • Која е цената на гранитни плочки?
    Цената зависи од димензијата, обработката и производителот, но поради долготрајноста се исплатливо решение на долг рок.
  • Дали се добри за тераса и надворешен простор?
    Да. Гранитните плочки се отпорни на мраз, издржливи се и има видови кои воопшто не се лизгаат.
  • Која е разликата меѓу мат и полирани гранитни плочки?
    Полираните гранитни плочки имаат висок сјај и се користат во ентериер, а оние со мат површина имаат подобри својства против лизгање и се погодни за надворешен простор.
  • Како се одржуваат гранитните плочки?
    Одржувањето е едноставно: редовно чистење со благи средства без дополнителни третмани.

 

👉 Истражете ја комплетната понуда на гранитните плочки и пронајдете модел кој ќе одговара на вашиот простор, начин на користење и дизајн.

Filter (0) Close
Производители