Дозер за сапун

Ucitavanje
Подреди по
Дозер за Сапун Болзано 210мл Црн 62138103

ДОЗЕРИ ЗА САПУН – ФУНКЦИОНАЛНОСТ И СТИЛ ВО ЕДНО

 

Дозерите за сапун се незаменливи елементи за секоја бања, кујна или деловен простор, бидејќи овозможуваат едноставно и хигиенско користење на сапунот. Освен нивната практична намена, современите дозери ја создаваат и естетиката на просторот и се произведуваат од различни материјали, бои и дизајни.

 

ПРЕДНОСТИ ОД КОРИСТЕЊЕ НА ДОЗЕР ЗА ТЕЧЕН САПУН

 

  • Хигиенско користење – со нив се избегнува директен контакт со сапунот со што се намалува ширењето на бактерии
  • Економична потрошувачка – со прецизно дозирање се спречува непотребна потрошувачка
  • Едноставно полнење – повеќето модели имаат лесен пристап за повторно полнење
  • Естетска вредност – елегантните дизајни го подобруваат изгледот на бањата или кујната

 

ВИДОВИ НА ДОЗЕРИ ЗА САПУН

 

КЛАСИЧНИ ДОЗЕРИ

 

Рачните дозери се најчест избор, лесни се за користење и изработени се од различни материјали како керамика, полирезин, стакло и не'рѓосувачки челик. Идеални се за домаќинства, но и за канцеларии каде што сакате да постигнете практично решение со стил.

 

ЅИДНИ ДОЗЕРИ

 

Совршени се за помали простори, се монтираат на ѕид и го ослободуваат просторот на мијалникот. Често се користат во угостителски и јавни објекти.

 

АВТОМАТСКИ ДОЗЕРИ

 

Современите сензорски решенија овозможуваат бесконтактно користење, идеални се за јавни простори и бањи кои имаат висока фреквенција на користење. Работат на батерии и обезбедуваат максимална хигиена.

 

МАТЕРИЈАЛИ И ДИЗАЈН

 

Дозерите за сапун се изработени од широк спектар на материјали за да се овозможи нивна лесна интеграција во секој ентериер:

  • Керамички дозери – класични и елегантни, лесни се за одржување и се визуелно префинети
  • Полирезински дозери – лесни, отпорни на влага и погодни за современи бањи
  • Метални дозери – изработени се од не'рѓосувачки челик или алуминиум, долготрајни се и имаат професионален изглед
  • Стаклени дозери – транспарентни и луксузни, совршено се вклопуваат со различни стилови
  • Бамбус и дрвени елементи – природни и еколошки прифатливи, внесуваат топлина

 

КАКО ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ ВИСТИНСКИОТ ДОЗЕР ЗА САПУН?

 

При изборот на соодветен модел, имајте ги во предвид следниве фактори:

  • Големина и капацитет – за честа употреба, изберете модел со поголем резервоар
  • Тип на монтажа – монтирајте ѕиден или самостоечки дозер за сапун во зависност од расположливиот простор
  • Материјал и издржливост – за простории со висока влажност се препорачува не'рѓосувачки челик, керамика или полирезин
  • Начин на дозирање – класичен или сензорски за бесконтактна употреба

 

ENMON нуди широк избор на дозери за сапун со различен дизајн и изработка. Најдете го идеалниот модел кој е комбинација од практичност, современ изглед и е прилагоден на вашиот простор!

 

Filter (0) Close
Производители