При избор на плочки за тераса најважни фактори на кои треба да се посвети внимание се отпорноста на временските услови, противклизноста (отпорноста на лизгање) и издржливоста. Терасите се изложени на дожд, снег, мраз и големи температурни разлики, поради што плочките мора да поседуваат специфични технички карактеристики за да ја задржат функционалноста и естетиката во текот на многу години.
Противклизноста на плочките за тераси е клучен безбедносен фактор, особено во влажни и зимски услови. Ознаката R укажува на степенот на отпорност на лизгање. Постојат следните видови R ознаки:
За надворешна употреба, плочките мора да бидат отпорни на мраз, односно да не впиваат влага и да не пукаат при ниски температури. Овие плочки се означени како Frost Proof или на нивната задна страна се наоѓа ознака во форма на снегулка.
За да бидат издржливи во надворешни услови важно е плочките да имаат низок степен на впивање на вода:
Површинскиот финиш игра важна улога и во естетиката и во функционалноста:
За естетски совршено поставување се препорачуваат ректифицирани плочки, фабрички прецизно сечени со минимални фуги и рамни споеви.
Пред да купите важно е да му објасните на продавачот за каков тип тераса ви се потребни плочките: дали е покриена или е изложена на атмосферски услови со цел да добиете најсоодветно решение.
Разгледајте ја нашата web страна и пронајдете ги совршените плочки за вашата тераса!
Препорака: изберете плочки за тераса со соодветна R класа.
Следете не