MG Metro Dark Grey HO4 100x100
PG Bresscia Natural Rec 60x120
Enigma Pro Beige Rec 3665 60x120
Enigma Pro Grigio Rec 3667 60x120
Cifre Statuario Matt Carving Rec 60x120
Amarone Grey Matt Carving Rec 60x120
Navas Beige Full Lappato 60x120
PG Calacatta Vagli Glossy 60x120
Calacatta Vagli Matt Carving Rec 60x120
Плочки со големи димензии - модерни формати од 60x120 cm, 120x120 cm и повеќе
Плочките со големи димензии или познати и како плочки со голем формат станаа стандард во современиот ентериер, посебно форматите како 60x120 и 120x120 cm. Со минималниот број фуги просторот добива чист, континуиран и визуелно поголем изглед со што се идеален избор за секој модерен стан, open-space концепти и луксузни ентериери.
Големите плочки се посебно популарни во современите ентериери, бидејќи овозможуваат визуелно чист и модерен изглед без прекини во просторот.
Без разлика дали уредувате дневна соба, ходник или бања големите плочки овозможуваат унифициран дизајн, полесно одржување и долготрајна издржливост. Во понудата на ENMON се достапни модели кои имитираат мермер, камен, бетон и дрво и се прилагодени на различни стилови и функционални барања на просторот.
Каде се користат плочките со големи димензии?
Изборот на плочки со голем формат зависи од просторот во кој ќе се користат. За оптимален резултат, препорачуваме да ги истражите категориите според намената:
- Плочки за дневна соба: совршен избор за отворен простор каде што се важни континуитетот и визуелната ширина
- Плочки за ходник: имаат голема отпорност на абење и лесно се одржуваат и во случај да се применат во простор во кој има голема фреквенција на движење на луѓе.
Предности на плочките со големи димензии
- Помалку фуги: внесуваат чувство на луксуз и создаваат беспрекорен изглед кој визуелно го проширува просторот
- Простор и перспектива: идеални се и за мали и за големи простории, бидејќи оддаваат ефект на прозрачност
- Едноставно одржување: помалиот број фуги значи помалку чистење и побрзо одржување
- Широка примена: погодни се за подови и ѕидови во сите простории
- Издржливост: отпорни се на влага, абење и температурни промени
Најбарани формати на плочки со големи димензии
Најпопуларни димензии што корисниците ги бараат се:
- 60x120 плочки: креираат баланс меѓу естетика и практичност и се идеални за подови и ѕидови
- 120x120 плочки: максимален ефект на континуитет и луксуз
Изборот на димензија зависи од големината на просторот, но и од посакуваниот визуелен ефект што сакате да го постигнете.
Плочки со големи димензии: цена и што влијае на изборот
Цената на плочките со големи димензии зависи од материјалот, површината (завршната обработка) и производителот. Најбараните формати како 60x60 и 60x120 најчесто имаат најдобар сооднос на цена и квалитет, а поголемите формати како 120x120 креираат премиум визуелен ефект.
Покрај самата цена на плочките, важно е да се земат во предвид и трошоците за монтажа, бидејќи за големите формати е потребна попрецизна инсталација. И покрај тоа, поради помалиот број фуги и полесното одржување овие плочки претставуваат долгорочна инвестиција.
Зошто да ги изберете ENMON плочките со големи димензии
ENMON нуди широк избор на плочки со голем формат како 60x60 и 60x120 кои истовремено се квалитетни, долготрајни и имаат современ дизајн. Во понудата има различни текстури, бои и површини (завршни обработки) кои овозможуваат лесно да се вклопат во секој ентериер. Ако сакате да ја истражите комплетната понуда, погледнете ја категоријата Плочки.
Како се одржуваат плочките со големи димензии
За плочките со голем формат е потребна прецизна монтажа и затоа се препорачува ангажирање на професионалци. Со користење на квалитетни лепила и системи за нивелирање се постигнува рамна и стабилна површина. Одржувањето е едноставно: редовното чистење со благи средства за чистење го зачувува нивниот изглед и долготрајност.
Бонус совет: Кога се инсталираат плочките со големи димензии се добиваат потесни фуги (1–2 mm) и фугирањето најчесто е во боја на плочката за да се постигне максимален визуелен ефект.
Како да се избере соодветна димензија на плочки?
За помали простории се препорачува формат како 60x120, бидејќи со него се постигнува баланс помеѓу естетиката и практичноста, а кај поголемите површини со плочките од 120x120 cm се добива максимален визуелен ефект и континуитет на просторот.
Често поставувани прашања за плочките со голем формат
- Кои се најпопуларни димензии?
Најчесто се избираат форматите од 60x60, 60x120 и 120x120 cm. - Дали се погодни за мали простории?
Да. Поради помалиот број фуги визуелно го зголемуваат просторот. - Дали поголемите формати се поскапи?
Цената варира, но долгорочно се поисплатливи поради полесното одржување. - Дали поголемите формати се добри за ходник?
Да. Бидејќи големите формати се изработени од порцелан кој има голема отпорност на абење. - Која е цената на плочките со големи димензии?
Цената варира во зависност од димензијата, материјалот и производителот, но форматите 60x60 и 60x120 се најчест избор поради оптималниот однос на цена и квалитет.
👉 Потребни ви се плочки кои визуелно ќе го зголемат просторот и ќе создадат луксузен ефект?
Погледнете ја комплетната понуда на плочки со големи димензии и пронајдете го идеалниот формат за вашиот простор.


Следете не