Evoque Natural 60×60 cm плочките имаат дизајн кој е имитација на цемент, има беж нијанса и мат површина за да се добие просторот кој има суптилен, но софистициран изглед.
Giulia Rosso 30x60 плочките се изработени со ефектна имитација на камен и топла кафеава боја за да може совршено да се вклопат во различни стилови на уредување: од модерен до рустичен.
Giulia Bianco 30x60 плочката има суптилни тонови на бела и беж нијанса, елегантна имитација на камен и е идеална за ѕидни и подни, внатрешни или надворешни површини.
Ти требаат квалитетни плочки во светло сива нијанса? Balance Light Grey 30x60 се плочки кои не се лизгаат и се отпорни на мраз. Креираат едноставен и модерен изглед на секој простор.
Ти треба безбеден и издржлив под? Плочките Balance Ivory 30x60 не се лизгаат, отпорни се на мраз и се подготвени за сите услови - идеални се за внатрешна и надворешна употреба.
Сакате да имате изглед на мермер и без да се грижите околу одржувањето? PG Lithos Bianco Rec 60x120 е Вашиот избор за долготрајна елеганција и лесно чистење и внатре и надвор!
Барате топол и автентичен изглед за вашиот дом? Amarante Decor Beige 20x120 внесува вистински винтиџ шарм во комбинација со разиграни бои и дезени за секој дел од вашиот простор!
Cotto Grigio 33×33 е Gres porcellanato плочка со полусјајна површина и суптилна имитација на камен, идеална за создавање елегантен и функционален амбиент.
Diva Beige 30×60 е совршена комбинација на природната беж боја и впечатливата имитација на мермер со што секој простор ќе се претвори во софистицирано и современо опкружување.
Diva Light Grey 30×60 е идеална комбинација на минималистичката сива боја и елегантната имитација на мермер со цел да се создаде хармоничен и префинет простор.
ПЛОЧКИ ЗА ТЕРАСИ: ОТПОРНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ НА ПРВО МЕСТО
При избор на плочки за тераса најважни фактори на кои треба да се посвети внимание се отпорноста на временските услови, противклизноста (отпорноста на лизгање) и издржливоста. Терасите се изложени на дожд, снег, мраз и големи температурни разлики, поради што плочките мора да поседуваат специфични технички карактеристики за да ја задржат функционалноста и естетиката во текот на многу години.
ОТПОРНОСТ НА ЛИЗГАЊЕ – R КЛАСА
Противклизноста на плочките за тераси е клучен безбедносен фактор, особено во влажни и зимски услови. Ознаката R укажува на степенот на отпорност на лизгање. Постојат следните видови R ознаки:
R9 – основна противклизност, погодна за покриени тераси.
R10 – зголемена противклизност, идеална за тераси со поголема изложеност на влага.
R11–R13 – висок степен на противклизност, препорачливо за отворени тераси, базени и други надворешни површини со чест контакт со вода.
ОТПОРНОСТ НА МРАЗ И НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ
За надворешна употреба, плочките мора да бидат отпорни на мраз, односно да не впиваат влага и да не пукаат при ниски температури. Овие плочки се означени како Frost Proof или на нивната задна страна се наоѓа ознака во форма на снегулка.
ВПИВАЊЕ НА ВОДА (E)
За да бидат издржливи во надворешни услови важно е плочките да имаат низок степен на впивање на вода:
<0.5% – идеални за надворешна употреба.
0.5–3% – погодни за покриени тераси и простори со умерена влага.
ПОВРШИНА НА ПЛОЧКИТЕ ЗА ТЕРАСИ
Површинскиот финиш игра важна улога и во естетиката и во функционалноста:
Мат плочки – имаат поголема безбедност, идеални се за површини кои не треба да се лизгаат.
Структурирани плочки – дизајнирани се за максимална противклизност и отпорност на абење.
Лапато плочки – тие не се многу сјајни и имаат текстура која го намалува ризикот од лизгање.
КАЛИБРАЦИЈА И РЕКТИФИКАЦИЈА
За естетски совршено поставување се препорачуваат ректифицирани плочки, фабрички прецизно сечени со минимални фуги и рамни споеви.
ПРАВИЛЕН ИЗБОР НА ПЛОЧКИ ЗА ВАШАТА ТЕРАСА
Пред да купите важно е да му објасните на продавачот за каков тип тераса ви се потребни плочките: дали е покриена или е изложена на атмосферски услови со цел да добиете најсоодветно решение.
Разгледајте ја нашата web страна и пронајдете ги совршените плочки за вашата тераса!
Препорака: изберете плочки за тераса со соодветна R класа.
Следете не