Diva Light Grey 30×60 е идеална комбинација на минималистичката сива боја и елегантната имитација на мермер со цел да се создаде хармоничен и префинет простор.
Evoque Light Grey 60×60 cm плочките имаат дизајн кој е имитација на цемент, имаат мат глазирана површина и ректифицирани рабови кои овозможуваат прецизни споеви.
Evoque Natural 60×60 cm плочките имаат дизајн кој е имитација на цемент, има беж нијанса и мат површина за да се добие просторот кој има суптилен, но софистициран изглед.
Feeling Antico 30x60 cm се плочки со дизајн имитација на дрво, имаат мат површина и неутрална сива нијанса која совршено одговара на модерни и рустични ентериери.
Focus Sand KK 29,5x59 е совршена комбинација на топлината на беж тонот и врвна имитација на мермер. Тоа овозможува да биде идеална за сите внатрешни и надворешни површини.
Giulia Bianco 30x60 плочката има суптилни тонови на бела и беж нијанса, елегантна имитација на камен и е идеална за ѕидни и подни, внатрешни или надворешни површини.
Многу е важно да ги познавате техничките ознаки на плочките за да може да ги изберете соодветните плочки за вашите специфични потреби. Во продолжение е објаснување на најчестите технички ознаки:
PEI (PORCELAIN ENAMEL INSTITUTE) ОЦЕНА
Оваа оцена ја означува отпорноста на абење:
PEI 1: Плочките се наменети за монтирање на ѕид. Плочките не се погодни за подови.
PEI 2: Плочките се погодни за подови со помала фреквенција на движење (на пример бањи).
PEI 3: Плочките се идеални за под во станбени простории со средна фреквенција на движење.
PEI 4: Плочките се погодни за комерцијални простории со средна фреквенција на движење.
PEI 5: Плочките се наменети за под во простории со висока фреквенција на движење (на пример трговски центри).
Кога избирате плочки, задолжително објаснете му на продавачот за кои простории ви се потребни, за да ви го предложи најдобро можно решение.
ОТПОРНОСТ НА МРАЗ
Оваа ознака укажува дека плочките се отпорни на ниски температури и се погодни за надворешна употреба. Обично се означени како "Frost Proof" или на нивната задна страна се наоѓа слика на снегулка.
АПСОРПЦИЈА НА ВОДА НА ПЛОЧКИТЕ (E)
Оваа ознака означува колку плочките може да апсорбираат влага:
<0.5%: Порцелански плочки (погодни се за внатрешна и надворешна употреба).
0.5–3%: Плочките се погодни за внатрешни простории.
>3%: Плочките се препорачуваат само за ѕидна употреба.
КАЛИБРАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ
Калибрацијата ја покажува разликата во големината на плочките од една иста серија. Калибрираните плочки имаат минимални разлики кои дозволуваат прецизно фугирање.
РЕКТИФИКАЦИЈА
Ректификацијата покажува дека плочките се механички исечени на идентични димензии со што се овозможува користење минимални фуги.
КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ ВО I, II и III КЛАСА
Оваа класификацијата го означува квалитетот на плочките:
I (прва) класа: Најдобар квалитет, плочките немаат дефекти.
II (втора) класа: Плочките имаат помали визуелни неправилности.
III (трета) класа: Видливи неправилности, пониска цена.
ПОВРШИНА: СЈАЈ/МАТ/ЛАПАТО
Сјајните плочки креираат елегантен и луксузен изглед на просторот, ја рефлектираат светлината и овозможуваат истиот да биде посветол.
Мат плочките се идеални за модерни ентериери, создаваат дискретен и софистициран изглед, а во исто време се практични бидејќи прашината што се наоѓа на нив е скоро невидлива.
Лапато плочките го комбинираат сјајниот и мат ефектот и во основа со нив се добива најдобриот квалитет добиен од сјајните и мат плочките заедно: послаб сјај со текстура која не се лизга.
Следете не