Ја сакате топлината на дрвото, но со лесно одржување? Плочките Planet Bianco 15x90 имаат совршен спој на природен изглед и практичност – идеални за вашиот простор!
Prosecco grigio 60x60 се подни плочки кои се имитација на сив камен со мат површина. Гранитната керамика со визуелен ефект на камен истовремено претставува и елеганција и издржливост сместени во една плочка.
Барате начин како да го освежите просторот? Prosecco Luce 30x60 има современ дизајн и едноставност во одржувањето. Погледнете зошто се совршени за вашиот дом!
Сакате да добиете плочки кои ќе создадат природен и топол изглед во вашиот простор? Stoneline Natural 60x120 плочките имаат мат површина и дизајн на камен!
Сакате вашиот под да изгледа како сцена од авангардниот филм за брутализам? Terrazzo Decor 30x60 создава уметност во секој простор без ефекти, само бетон и стил!
TRENTINO SCURO K 30x60 се гранитни подни плочки со камен дизајн. Сивата боја одлично се вклопува со сите стилови на декорација и внесува гламурозен и елегантен изглед во просторот.
Veneziana Antrazita 9618 1 30x60 се подни плочки во цемент дизајн со мат површина која не се лизга. Наменети се за внатрешна и надворешна употреба и ќе имаат уникатен изглед во бањата, на терасите и балконите.
Многу е важно да ги познавате техничките ознаки на плочките за да може да ги изберете соодветните плочки за вашите специфични потреби. Во продолжение е објаснување на најчестите технички ознаки:
PEI (PORCELAIN ENAMEL INSTITUTE) ОЦЕНА
Оваа оцена ја означува отпорноста на абење:
PEI 1: Плочките се наменети за монтирање на ѕид. Плочките не се погодни за подови.
PEI 2: Плочките се погодни за подови со помала фреквенција на движење (на пример бањи).
PEI 3: Плочките се идеални за под во станбени простории со средна фреквенција на движење.
PEI 4: Плочките се погодни за комерцијални простории со средна фреквенција на движење.
PEI 5: Плочките се наменети за под во простории со висока фреквенција на движење (на пример трговски центри).
Кога избирате плочки, задолжително објаснете му на продавачот за кои простории ви се потребни, за да ви го предложи најдобро можно решение.
ОТПОРНОСТ НА МРАЗ
Оваа ознака укажува дека плочките се отпорни на ниски температури и се погодни за надворешна употреба. Обично се означени како "Frost Proof" или на нивната задна страна се наоѓа слика на снегулка.
АПСОРПЦИЈА НА ВОДА НА ПЛОЧКИТЕ (E)
Оваа ознака означува колку плочките може да апсорбираат влага:
<0.5%: Порцелански плочки (погодни се за внатрешна и надворешна употреба).
0.5–3%: Плочките се погодни за внатрешни простории.
>3%: Плочките се препорачуваат само за ѕидна употреба.
КАЛИБРАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ
Калибрацијата ја покажува разликата во големината на плочките од една иста серија. Калибрираните плочки имаат минимални разлики кои дозволуваат прецизно фугирање.
РЕКТИФИКАЦИЈА
Ректификацијата покажува дека плочките се механички исечени на идентични димензии со што се овозможува користење минимални фуги.
КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ ВО I, II и III КЛАСА
Оваа класификацијата го означува квалитетот на плочките:
I (прва) класа: Најдобар квалитет, плочките немаат дефекти.
II (втора) класа: Плочките имаат помали визуелни неправилности.
III (трета) класа: Видливи неправилности, пониска цена.
ПОВРШИНА: СЈАЈ/МАТ/ЛАПАТО
Сјајните плочки креираат елегантен и луксузен изглед на просторот, ја рефлектираат светлината и овозможуваат истиот да биде посветол.
Мат плочките се идеални за модерни ентериери, создаваат дискретен и софистициран изглед, а во исто време се практични бидејќи прашината што се наоѓа на нив е скоро невидлива.
Лапато плочките го комбинираат сјајниот и мат ефектот и во основа со нив се добива најдобриот квалитет добиен од сјајните и мат плочките заедно: послаб сјај со текстура која не се лизга.
Следете не