Подни плочки

Ucitavanje
Подреди по
PG Nordic Gray 60x120
Prosecco Scuro 60x60

Prosecco Scuro 60x60

Барате плочка која изобилува со карактер? Prosecco Scuro 60x60 е избор за оние кои сакаат темни тонови и модерен, убав простор!
Carmen White 60x120
Sasso Antracite 30x60

Sasso Antracite 30x60

Сакате модерен, индустриски изглед на вашиот простор? Плочките Sasso Antracite 30x60 се вашиот сојузник за создавање импресивен амбиент – робустен и современ!
PG Calacatta White 60x120
Sasso Antracite 60x60

Sasso Antracite 60x60

Барате длабочина и карактер? Sasso Antracite 60x60 плочките ги комбинираат темните тонови и природната текстура за моќен и модерен изглед на просторот!
Luna Offwhite 60x60
Sasso Beige 30x60

Sasso Beige 30x60

Подните плочки Sasso Beige 30x60 внесуваат природен изглед на вашиот простор!
Bergen Decor Beige 6108 15x90
Sasso Beige 60x60

Sasso Beige 60x60

За топол и природен изглед! Sasso Beige 60x60 плочките имаат беж тон и едноставност кои овозможуваат секој простор да биде пријатен и елегантен.
MG Ark Silver 60x60
Sasso Grigio 30x60

Sasso Grigio 30x60

Станува збор за плочки произведени да траат долги години и воедно да го разубавуваат секој дом и двор.
PG Nordic Ivory 7 mm 60x120
Sasso Grigio 60x60

Sasso Grigio 60x60

Sasso Grigio 60x60 се подни плочки со камен дизајн, изработени од гранитна керамика со мат површина.
	Sasso Tortora 30x60

Sasso Tortora 30x60

За топол, природен изглед на домот! Sasso Tortora 30x60 се плочки кои имаат земјени тонови и елегантна текстура која се вклопува во секој стил.
Stoneline Antracite 9804 60x60

Stoneline Antracite 9804 60x60

Сакате модерен изглед кој долго ќе трае? Stoneline Antracit 9804 60x60 – вистинска комбинација на стил и практичност за секој простор!
Matisse Beige 30x60
Sasso Tortora 60x60

Sasso Tortora 60x60

Барате природен, земјен тон? Sasso Tortora 60x60 ќе создаде топлина и карактер во секој простор – совршен избор за рустичен или модерен стил!
Luna Offwhite 60x120
Blanco Brilo 28x85
MG Ark Silver 7mm 60x60
Sierra Marron 33,3x33,3

Sierra Marron K 9857 33,3x33,3

SIERRA MARRON 33,3x33,3 е подна плочка изработена од гранитна керамика која совршено имитира камен мозаик.
Sierra Rojo 33,3x33,3

Sierra Rojo 9855 33,3x33,3

Sierra Rojo 9855 33,3x33,3 е плочка со топла црвено-кафена боја и природен изглед и е идеална за рустични простори и надворешна употреба.
SP 6421 Aantracite 33,3x33,3

SP 6421 Antracite 33,3x33,3

SP 6421 Antracite 33,3x33,3 е елегантна и практична плочка со темни тонови, совршена за софистицирани и функционални простори.

ТОЛКУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКИТЕ ОЗНАКИ ЗА ПОДНИ ПЛОЧКИ

 

Многу е важно да ги познавате техничките ознаки на плочките за да може да ги изберете соодветните плочки за вашите специфични потреби. Во продолжение е објаснување на најчестите технички ознаки:

 

PEI (PORCELAIN ENAMEL INSTITUTE) ОЦЕНА

 

Оваа оцена ја означува отпорноста на абење:

  • PEI 1: Плочките се наменети за монтирање на ѕид. Плочките не се погодни за подови.
  • PEI 2: Плочките се погодни за подови со помала фреквенција на движење (на пример бањи).
  • PEI 3: Плочките се идеални за под во станбени простории со средна фреквенција на движење.
  • PEI 4: Плочките се погодни за комерцијални простории со средна фреквенција на движење.
  • PEI 5: Плочките се наменети за под во простории со висока фреквенција на движење (на пример трговски центри).

Совет за купување: пред да порачате, погледнете ги и ПЛОЧКИ ИМИТАЦИЈА НА КАМЕН.

 

R-КЛАСА (ОТПОРНОСТ НА ЛИЗГАЊЕ)

 

Се користи за оценување на безбедноста при движење на подлога во влажни простории или за места каде што подот е под агол:

  • R9: Ниска отпорност (за внатрешни простории).
  • R10: Средна отпорност (овие плочки се погодни за кујни, ходници).
  • R11–R13: Висока отпорност (овие плочки се идеални за надворешен простор, базени, кланици, месари и влажни простории). 

    Препорака е плочките со Р класа да бидат ПЛОЧКИ ЗА ТЕРАСА.

Кога избирате плочки, задолжително објаснете му на продавачот за кои простории ви се потребни, за да ви го предложи најдобро можно решение.

 

ОТПОРНОСТ НА МРАЗ

 

Оваа ознака укажува дека плочките се отпорни на ниски температури и се погодни за надворешна употреба. Обично се означени како "Frost Proof" или на нивната задна страна се наоѓа слика на снегулка.

 

АПСОРПЦИЈА НА ВОДА НА ПЛОЧКИТЕ (E)

 

Оваа ознака означува колку плочките може да апсорбираат влага:

  • <0.5%: Порцелански плочки (погодни се за внатрешна и надворешна употреба).
  • 0.5–3%: Плочките се погодни за внатрешни простории.
  • >3%: Плочките се препорачуваат само за ѕидна употреба.

 

КАЛИБРАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ

 

Калибрацијата ја покажува разликата во големината на плочките од една иста серија. Калибрираните плочки имаат минимални разлики кои дозволуваат прецизно фугирање.

 

РЕКТИФИКАЦИЈА

 

Ректификацијата покажува дека плочките се механички исечени на идентични димензии со што се овозможува користење минимални фуги.

 

КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ ВО I, II и III КЛАСА

 

Оваа класификацијата го означува квалитетот на плочките:

  • I (прва) класа: Најдобар квалитет, плочките немаат дефекти.
  • II (втора) класа: Плочките имаат помали визуелни неправилности.
  • III (трета) класа: Видливи неправилности, пониска цена.

 

ПОВРШИНА: СЈАЈ/МАТ/ЛАПАТО

 

  • Сјајните плочки креираат елегантен и луксузен изглед на просторот, ја рефлектираат светлината и овозможуваат истиот да биде посветол.
  • Мат плочките се идеални за модерни ентериери, создаваат дискретен и софистициран изглед, а во исто време се практични бидејќи прашината што се наоѓа на нив е скоро невидлива.
  • Лапато плочките го комбинираат сјајниот и мат ефектот и во основа со нив се добива најдобриот квалитет добиен од сјајните и мат плочките заедно: послаб сјај со текстура која не се лизга.

Дознајте зошто ПЛОЧКИ ИМИТАЦИЈА НА ДРВО се неопходни за оваа сезона!

Filter (0) Close
Производители