SP Mid Grey 6448 33x33
Dallas Beige 33,3x33,3
Tirol Savoya 60x60
Storm Grey 60x60 9499
Trentino Beige 60x60 9828
Trentino Grigio 60x60
Trentino Scuro 60x60
Evoque Beige 6157 60x60
Evoque Natural 6155 60x60
Giulia Bianco 30x60
Balance Light Grey 30x60
Balance Dark Grey 30x60
Balance Ivory 30x60
Balance Sand 30x60
PG Lithos Bianco Rec 60x120
Selecta Beige 30x60
Selecta Taupe 30x60
Amarante Beige 20x120
Amarante Decor Beige 20x120
Amarante Decor Grey 9948 20x120
Amarante Grey 9946 20x120
Cotto Grigio 33x33
Diva Beige 30x60
Diva Brown 30x60
Diva Dark Grey 30x60
Diva Light Grey 30x60
Friuli Cinnamon 30x60
Friuli Fiume Cinnamon 30x60
Lombardia Beige 60x60
Lounge Beige 30x60
PG Antysky White 60x60
Нашата понуда вклучува различни видови плочки од најпознатите странски и домашни производители. Погледнете го асортиманот на најквалитетната италијанска, шпанска, турска, индиска, кинеска, српска и бугарска керамика.
ПЛОЧКИ ЗА БАЊА
Бањата е простор кој бара посебно внимание при изборот на керамика поради секојдневната изложеност на влага и температурни промени. Плочките за бања истовремено ги комбинираат и функционалноста и естетиката на просторот со цел да се постигне негова совршена заштита, но и стил.
Нашата понуда вклучува ѕидни и подни плочки со различни текстури, бои и дезени кои лесно се вклопуваат во секој стил на уредување: од класичен до модерен. Посебно популарни се плочките со ефект на мермер и мозаик детали, но и плочките со мат и сјаен завршен слој. Не заборавајте и на плочките на кои воопшто не може да се лизнете, а се наменети за безбедност на сите членови на семејството, посебно во туш кабините и околу кадата.
Погледни ги сите ПЛОЧКИ ЗА БАЊА.
ПЛОЧКИ ЗА КУЈНА
Кујната е срцето на секој дом, а плочките за кујна претставуваат идеален спој на убавина и практичност. Ѕидните плочки се неизбежни за заштита на ѕидовите од прскање на вода и масти, а подните плочки за креирање на долготраен под отпорен на абење. Дознајte повеќе на веб-страницата ПЛОЧКИ ЗА КУЈНА.
Во понудата имаме плочки кои имитираат природни материјали како дрво и камен, но и плочки со модерни форми и геометриски дизајни. За дополнителна нота на единственост во просторот во кујната, препорачуваме мозаик плочки како декоративен елемент или плочки со голем формат кои креираат чувство на луксуз и пространост. Без разлика на вашиот стил, кај нас ќе најдете совршени плочки кои ќе ја претворат вашата кујна во омилена просторија во домот.
ПОДНИ ПЛОЧКИ
Подните плочки се идеални и за внатрешна и за надворешна употреба. Во зависност од типот на плочката се одликуваат со различни степени на отпорност на абење, противклизност и отпорност на мраз и студ. Особено се популарни подните плочки кои имаат дизајн кој претставува имитација на дрво и мермер, но тука е и дизајнот на цемент, камен, рустичен, еднобоен. Погледнete ја нашата комплетна понуда на ПОДНИ ПЛОЧКИ.
ЅИДНИ ПЛОЧКИ
Ѕидните плочки се совршени за заштита и декорација на ѕидовите во кујната, бањата, но и во останатите внатрешни простории. Со нив се добива дополнителен слој на заштита од влага и нечистотија со цел да бидат практично и естетски привлечно решение.
Ѕидните плочки не се препорачуваат за поставување на под, но вообичаена пракса е да се користат подните плочки на ѕид. Разликата помеѓу ѕидните и подните плочки е во процесот на нивното производство, бидејќи подните плочки се произведени за да бидат поиздржливи поради секојдневното оптеретување и движење по нив. Ако ви е корисно ова, сигурно ќе ви значи да ги погледнете и сите ЅИДНИ ПЛОЧКИ.
ПЛОЧКИ СО ГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ
Плочките со голем формат станаа посебно популарни во последно време. Достапни се во различни големини и воедно се универзални, односно може да се постават во бања, кујна, дневна соба, ходник, но и во комерцијални простори како што се лобијата на хотели, кафулињата и рестораните.
Колку се поголеми плочките, толку побрзо се поставуваат. Со нив ќе се создадат помалку фуги отколку со плочките кои имаат помали димензии и ќе креираат чувство на пространост во просторијата. И како дополнителен плус: полесно се чистат и полесно се одржуваат. Проверете какви сѐ плочки имаме на следниот линк ПЛОЧКИ СО ГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ.
МОЗАИК ПЛОЧКИ
Мозаик плочките често се користат кај еднобојните ѕидови за да го нагласат просторот и да ја разбијат монотонијата. Можностите за комбинирање се неограничени без разлика дали се користат самостојно или како акцентен елемент, тие едноставно ќе го трансформираат просторот.
Поради малите димензии мозаик плочките се погодни за обложување на закривени или неправилни површини. Исто така, отпорни се на влага, дамки и абење и затоа се применуваат во кујни, бањи, туш кабини и базени. Откријте ги сите детали за МОЗАИК ПЛОЧКИ.
ДЕКОРАТИВНИ ПЛОЧКИ
Декоративните плочки се наменети за оние кои сакаат нивниот простор да зрачи со уникатност и стил. Овие плочки се произведуваат во различни бои, форми и текстури со цел да истакнете одредени делови од вашиот дом или деловен простор. Откријте го својот стил на веб-страницата ДЕКОРАТИВНИ ПЛОЧКИ.
Следете не