Плочки

Ucitavanje
Подреди по
Grand Canyon Copper 60x60 pločica
Grand Canyon Marfil 60x60 pločica
Habanera Brown 15x90
Habitat Noce Stripes 25x50
Iberica Brown 20,4x120,4
Icon Grey  60x60
Слика на Indiana Brown Мозаик 25x25
Indiana Cherry 25x40

Indiana Cherry 25x40

Топли тонови со изглед на дрво во вашиот дом? Indiana Cherry 25x40 е плочката која создава природна атмосфера и елеганција.
Indiana Cherry Mosaic 25×25 crveno-bele pločice

Indiana Cherry Mosaic 25x25

Сакате нешто различно? Овие плочки со текстура на дрво и пролетна боја ја внесуваат топлината на природата директно во вашата бања или кујна.
Joy Petals 3D White
Tahiti Dark 5360 25x50
Kianti Beige 20x50 57031
Kingstone Cube 25x50
Kingstone Grey podna pločica 45x45

Kingstone Grey 45x45

Kingstone Grey 45x45 е вистински избор за вашиот дом или деловен простор. Оваа плочка со сива боја создава современа естетика и лесно се вклопува во различни стилови на ентериери и екстериери.
Kingstone Onda 3D Ice 25x50
Lenox Grey Triangle Decor 40x120
LG Life White 60x60
LG Luna Ash tamnosive pločice 60x120

LG Luna Ash 60x120

Овие плочки го имаат токму тој квалитет: сурова, постојана тишина на индустрискиот пејзаж кој не треба да се допадне, туку едноставно постои.
titan bone granitna pločica

LG Titan Bone 60x60

LG Titan Bone Rec 60x60 плочките имаат беж нијанса и дискретен цемент дизајн, идеални за ентериери каде доминира едноставноста и природната топлина.
siva pločica 60x60 cementni izgled

LG Titan Grey 60x60

LG Titan Grey 60×60 се подни плочки со дизајн на цемент и лапато (полумат) завршна површина. Наменети се за внатрешна и надворешна употреба.
Siva podna pločica LG Urban Grey 60x60 betonskog izgleda

Lg Urban LSI6710P Grey 60x60

Сакате боја на бетон? LG Urban Grey 60×60 создава индустриски вајб, но без бучава и хаос.
Loft Bone 60x120 bež keramička pločica

Loft Bone 60x120

Loft Bone 60×120 претставува рамнотежа помеѓу топлината и модерниот стил и е совршен избор за дневна соба која ќе зрачи со пријатност.
Loft Violet P 25x40
Lounge Beige 60x60

Нашата понуда вклучува различни видови плочки од најпознатите странски и домашни производители. Погледнете го асортиманот на најквалитетната италијанска, шпанска, турска, индиска, кинеска, српска и бугарска керамика.

 

ПЛОЧКИ ЗА БАЊА

 

Бањата е простор кој бара посебно внимание при изборот на керамика поради секојдневната изложеност на влага и температурни промени. Плочките за бања истовремено ги комбинираат и функционалноста и естетиката на просторот со цел да се постигне негова совршена заштита, но и стил.

Нашата понуда вклучува ѕидни и подни плочки со различни текстури, бои и дезени кои лесно се вклопуваат во секој стил на уредување: од класичен до модерен. Посебно популарни се плочките со ефект на мермер и мозаик детали, но и плочките со мат и сјаен завршен слој. Не заборавајте и на плочките на кои воопшто не може да се лизнете, а се наменети за безбедност на сите членови на семејството, посебно во туш кабините и околу кадата. 

Погледни ги сите ПЛОЧКИ ЗА БАЊА.

 

ПЛОЧКИ ЗА КУЈНА

 

Кујната е срцето на секој дом, а плочките за кујна претставуваат идеален спој на убавина и практичност. Ѕидните плочки се неизбежни за заштита на ѕидовите од прскање на вода и масти, а подните плочки за креирање на долготраен под отпорен на абење. Дознајte повеќе на веб-страницата ПЛОЧКИ ЗА КУЈНА.

 

Во понудата имаме плочки кои имитираат природни материјали како дрво и камен, но и плочки со модерни форми и геометриски дизајни. За дополнителна нота на единственост во просторот во кујната, препорачуваме мозаик плочки како декоративен елемент или плочки со голем формат кои креираат чувство на луксуз и пространост. Без разлика на вашиот стил, кај нас ќе најдете совршени плочки кои ќе ја претворат вашата кујна во омилена просторија во домот.

 

ПОДНИ ПЛОЧКИ

 

Подните плочки се идеални и за внатрешна и за надворешна употреба. Во зависност од типот на плочката се одликуваат со различни степени на отпорност на абење, противклизност и отпорност на мраз и студ. Особено се популарни подните плочки  кои имаат дизајн кој претставува имитација на дрво и мермер, но тука е и дизајнот на цемент, камен, рустичен, еднобоен. Погледнete ја нашата комплетна понуда на ПОДНИ ПЛОЧКИ.

 

ЅИДНИ ПЛОЧКИ

 

Ѕидните плочки се совршени за заштита и декорација на ѕидовите во кујната, бањата, но и во останатите внатрешни простории. Со нив се добива дополнителен слој на заштита од влага и нечистотија со цел да бидат практично и естетски привлечно решение.

Ѕидните плочки не се препорачуваат за поставување на под, но вообичаена пракса е да се користат подните плочки на ѕид. Разликата помеѓу ѕидните и подните плочки е во процесот на нивното производство, бидејќи подните плочки се произведени за да бидат поиздржливи поради секојдневното оптеретување и движење по нив. Ако ви е корисно ова, сигурно ќе ви значи да ги погледнете и сите ЅИДНИ ПЛОЧКИ.

 

ПЛОЧКИ СО ГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ

 

Плочките со голем формат станаа посебно популарни во последно време. Достапни се во различни големини и воедно се универзални, односно може да се постават во бања, кујна, дневна соба, ходник, но и во комерцијални простори како што се лобијата на хотели, кафулињата и рестораните.

Колку се поголеми плочките, толку побрзо се поставуваат. Со нив ќе се создадат помалку фуги отколку со плочките кои имаат помали димензии и ќе креираат чувство на пространост во просторијата. И како дополнителен плус: полесно се чистат и полесно се одржуваат. Проверете какви сѐ плочки имаме на следниот линк ПЛОЧКИ СО ГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ.

 

МОЗАИК ПЛОЧКИ

 

Мозаик плочките често се користат кај еднобојните ѕидови за да го нагласат просторот и да ја разбијат монотонијата. Можностите за комбинирање се неограничени без разлика дали се користат самостојно или како акцентен елемент, тие едноставно ќе го трансформираат просторот.

Поради малите димензии мозаик плочките се погодни за обложување на закривени или неправилни површини. Исто така, отпорни се на влага, дамки и абење и затоа се применуваат во кујни, бањи, туш кабини и базени. Откријте ги сите детали за МОЗАИК ПЛОЧКИ.

 

ДЕКОРАТИВНИ ПЛОЧКИ

 

Декоративните плочки се наменети за оние кои сакаат нивниот простор да зрачи со уникатност и стил. Овие плочки се произведуваат во различни бои, форми и текстури со цел да истакнете одредени делови од вашиот дом или деловен простор.  Откријте го својот стил на веб-страницата ДЕКОРАТИВНИ ПЛОЧКИ.

Filter (0) Close
Производители