Сакате да имате под кој го осветлува целиот простор без дополнителни трошоци за осветлување?
Тогаш вие сте на вистинското место.
PG New Carara 60x120 плочките создаваат свежина, сјај и чувство на широчина каде и да ги поставите. Инспирирани се од Cararra мермерот и изгледаат скапоцено, а всушност се достапни без потреба од кредит.
Светлата површина одлично ја рефлектира светлината, а просторот изгледа како да поминал низ Instagram филтер.
Совршени се за дневна соба, бања, ходник или деловен простор или секаде каде што сакате да оставите впечаток без премногу труд.
Дополнително, форматот од 60x120 cm значи помалку фуги, повеќе стил и уште посилен „wow“ ефект.
Зошто баш овие плочки?
- Имаат изглед на Cararra мермерот: без компликации и тешко одржување
- Имаат светли тонови: визуелно го прошируваат просторот
- Димензии од 60x120 cm: помалку сечење, поголема покриеност
- Совршени се за сите внатрешни простори: без разлика дали се работи за дом или канцеларија
- Имаат чисти линии и сјајна површина: за модерен и уреден изглед
Монтирајте ги плочките PG New Carara 60x120 и набљудувајте како Вашиот ентериер диши и тоа длабоко.
👉 Сè уште се двоумите?
Не брзајте. Истражете ја нашата понуда на гранитни плочки и ќе одберете сигурно!
Следете не