Сакате да имате под кој ќе издржува сè: од детски играчки до високи потпетици? PG 6A 100 60x60 е гранитна плочка која изгледа мирно, но е цврста како карактерот на вашата тетка!
Вашата бања изгледа како од минатиот век? Време е за промена! PG Aurelia MP603F 60x60 креира елеганција на мермер со модерен изглед, без сложено одржување.
PG Ayce 60x60 креира минималистички монохроматски дизајн со бела боја и совршен е за простории каде што сакате да добиете чувство на чистота и пространост.
Бојата на оваа плочка ви ја дава неопходната слобода за да создадете простор кој ќе зрачи со светлина и луксуз. Таа е совршена за комбинирање со различни декоративни стилови.
Сакате Вашиот простор да изгледа пространо и светло? PG Lamina Crema 60x60 плочките го имитираат мермерот со крем боја за да му дадат на подот беспрекорен и освежувачки изглед.
Овие подни плочки со богата кафеава нијанса и шари кои го имитираат природниот мермер создаваат топлина, елеганција и впечатлив визуелен ефект во секој простор.
Сакате да имате под кој ќе зрачи со смиреност и стил? PG Macedonia Rec 1122 60x60 е вистинскиот избор. Има суптилни линии, неутрални тонови и елеганција која никогаш не излегува од мода.
Сакате Вашиот простор да изгледа пространо, чисто и како да има фото филтер? PG New Carara 60x120 е мермерна илузија на светлина која сите ја забележуваат без да се трудите премногу.
Благодарение на полираниот финиш, PG Normal White плочките ја рефлектираат светлината и создаваат посветла атмосфера дури и во простории со помалку природна светлина.
Барате под кој ќе изгледа како сцена од каталог за ентериер, но без трошоци како за снимање музичко видео? PG Onyx Beige 60x60 целосно го трансформира просторот и тоа со стил и суптилност!
Сакате ли простран и светол изглед на вашиот дом? PG Rochester White 60x120 се плочки кои ќе ви овозможат да го направите тоа. Тие имаа изглед имитација на мермер и висок сјај.
Многу е важно да ги познавате техничките ознаки на плочките за да може да ги изберете соодветните плочки за вашите специфични потреби. Во продолжение е објаснување на најчестите технички ознаки:
PEI (PORCELAIN ENAMEL INSTITUTE) ОЦЕНА
Оваа оцена ја означува отпорноста на абење:
PEI 1: Плочките се наменети за монтирање на ѕид. Плочките не се погодни за подови.
PEI 2: Плочките се погодни за подови со помала фреквенција на движење (на пример бањи).
PEI 3: Плочките се идеални за под во станбени простории со средна фреквенција на движење.
PEI 4: Плочките се погодни за комерцијални простории со средна фреквенција на движење.
PEI 5: Плочките се наменети за под во простории со висока фреквенција на движење (на пример трговски центри).
Кога избирате плочки, задолжително објаснете му на продавачот за кои простории ви се потребни, за да ви го предложи најдобро можно решение.
ОТПОРНОСТ НА МРАЗ
Оваа ознака укажува дека плочките се отпорни на ниски температури и се погодни за надворешна употреба. Обично се означени како "Frost Proof" или на нивната задна страна се наоѓа слика на снегулка.
АПСОРПЦИЈА НА ВОДА НА ПЛОЧКИТЕ (E)
Оваа ознака означува колку плочките може да апсорбираат влага:
<0.5%: Порцелански плочки (погодни се за внатрешна и надворешна употреба).
0.5–3%: Плочките се погодни за внатрешни простории.
>3%: Плочките се препорачуваат само за ѕидна употреба.
КАЛИБРАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ
Калибрацијата ја покажува разликата во големината на плочките од една иста серија. Калибрираните плочки имаат минимални разлики кои дозволуваат прецизно фугирање.
РЕКТИФИКАЦИЈА
Ректификацијата покажува дека плочките се механички исечени на идентични димензии со што се овозможува користење минимални фуги.
КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ ВО I, II и III КЛАСА
Оваа класификацијата го означува квалитетот на плочките:
I (прва) класа: Најдобар квалитет, плочките немаат дефекти.
II (втора) класа: Плочките имаат помали визуелни неправилности.
III (трета) класа: Видливи неправилности, пониска цена.
ПОВРШИНА: СЈАЈ/МАТ/ЛАПАТО
Сјајните плочки креираат елегантен и луксузен изглед на просторот, ја рефлектираат светлината и овозможуваат истиот да биде посветол.
Мат плочките се идеални за модерни ентериери, создаваат дискретен и софистициран изглед, а во исто време се практични бидејќи прашината што се наоѓа на нив е скоро невидлива.
Лапато плочките го комбинираат сјајниот и мат ефектот и во основа со нив се добива најдобриот квалитет добиен од сјајните и мат плочките заедно: послаб сјај со текстура која не се лизга.
Следете не