Подни плочки

Ucitavanje
Подреди по
Lounge Gray 60x60 podna pločica
lounge patch beige decor podna pločica 30x60

Lounge Patch Beige Decor 30x60

Бараш плочки кои раскажуваат приказна? Lounge Patch Beige Decor 30x60 ќе ја пренесе атмосферата на Медитеранот директно во вашиот простор. Освежи ги ѕидовите со уникатен дизајн!
keramička pločica vintage motivi mat

Lounge Gray Patch Dec 30x60

Бараш плочки кои ќе внесат винтиџ стил во твојот дом? Lounge Patch Grey Decor плочките 30x60 со мат и сива површина и декоративни дезени се вистинскиот избор за тебе!
Louvre Beige 30x60

Louvre Beige 30x60

Louvre Beige 30x60 се подни плочки со мат површина кои имитираат мермер.
Слика на Cult Ret Beige 60x60
Слика на Cult Ret Brown 60x60
Слика на Progress Brown Rectified 30x60
Marmol Bone 60x120

PG Marmol Bone 60x120

Бараш плочки кои ќе внесат топлина и нежна природна убавина во твојот простор? Marmol Bone 60x120 е идеален избор.
Marmol Fume 60x120

PG Marmol Smoke 60x120

Сакаш модерна сива боја која ќе внесе свежина во твојот простор? Marmol Fume 60x120 е твојот совршен избор.
MG Ancient Wood Grey 15x90
Mg ancient Wood Grey
Слика на Mg Antique Wood Grey 20x90
MG Antique Wood Grey 1 15x90
Слика на MG Serrate Wood Ivory 20x90
Svetla pločica imitacija drveta

Naturalia Avorio 15x60

Naturalia Avorio 15x60 е одличен избор за сите кои сакаат да ја внесат топлината на природата и да креираат сив, минималистички стил во својот простор.
Siva pločica imitacija drveta

Naturalia Grigio 15x60

Naturalia Grigio 15x60 е вистински избор за сите кои сакаат минималистички дизајн, без да отстапат од топлината на текстурата на дрвото.
Svetla pločica imitacija drveta

Naturalia Miele 15x60

Naturalia Miele 15x60 е идеална подна плочка за сите кои сакаат да ја спојат природната естетика на дрвото со практичноста и отпорноста на керамиката.
Navas Beige Lappato 60x120 pločica

Navas Beige Full Lappato 60x120

Барате плочки кои ќе создадат топлина и елеганција во вашиот простор? Плочките Navas Beige Full Lappato 60x120 во беж боја се вашиот избор.
Nord Oak 30x60 pločica
Braon pločica imitacija kamena

Ontario Brown 45x45

Ви претставуваме кафеави подни плочки со димензии од 45х45 cm со кои добиете топлина и природен изглед на вашиот простор.
Ontario Mix pločica 45x45

Ontario Mix 45x45

Овие плочки имаа мат површина за се создаде софистициран изглед и пријатно чувство при одење.
Oxford White 15,5x60,5
PG 6a 100 podne pločice 60x60 cm

PG 6a 100 60x60

Сакате да имате под кој ќе издржува сè: од детски играчки до високи потпетици? PG 6A 100 60x60 е гранитна плочка која изгледа мирно, но е цврста како карактерот на вашата тетка!
PG 6a 193 podne pločice 60x60 cm

PG 6A 193 60x60

Сакате да имате плочка која изгледа убаво, но е исклучително издржлива?

Што се подни плочки и како да го изберете идеалното решение за секој простор?

Подните плочки претставуваат основа на секој ентериер: влијаат врз изгледот на просторот, долготрајноста на површините и секојдневниот комфор при користење. Без разлика дали уредувате бања, кујна, ходник или дневна соба, правилниот избор на плочки директно влијае врз функционалноста и естетиката на просторот.

При избор на подни плочки важно е да се земат во предвид отпорноста на абење, степенот против лизгање, димензиите и дизајнот, како и начинот на користење на просторот. За различни простории соодветствуваат различни карактеристики: од плочки кои ја издржуваат влага и вода, до оние што поднесуваат голема фреквенција на движење по нив.

Во понудата на ENMON ќе најдете керамички и порцелански подни плочки со различни формати, дезени и ценовни категории кои се прилагодени како за станбени, така и за комерцијални простории. За ова, во продолжение можете повеќе да прочитате, со цел да ви помогнеме полесно да го изберете моделот што најдобро одговара на вашите потреби.

 

Подни плочки според намената на просторијата: како да го изберете вистинскиот модел?

Изборот на подни плочки пред сè зависи од просторот каде што се поставуваат. За различни простории потребни се плочки кои ќе имаат различни квалитети како на пример присуството на влага, можното оптоварување, како и фреквенцијата на користење и затоа е важно да се изберат плочки кои се соодветно прилагодени.

Подни плочки за бања

За бањата најважно е подните плочки да имаат соодветно избран степен против лизгање и ниска впивливост. Порцеланските плочки се чест избор бидејќи лесно ја поднесуваат влагата и го задржуваат својот изглед со години, а мат или благо текстурираните површини ја зголемуваат безбедноста при секојдневна употреба.

Подни плочки за кујна

Во кујната плочките често се изложени на валкање и абење и се препорачува избор на модели со поголема отпорност и лесно одржување. Мат површините се практични бидејќи на нив дамките се забележуваат помалку, а квалитетната глазура овозможува едноставно чистење.

Подни плочки за дневна соба

За дневниот простор сè почесто се избираат плочки со поголеми димензии кои визуелно го прошируваат просторот и му даваат модерен изглед на ентериерот. Ако сакате минималистички ефект со помалку фуги и елегантен дизајн, погледнете ја понудата на плочки со големи димензии.

Подни плочки за простории со голема фреквенција на движење

За местата каде што има интензивна употреба на плочките, како што се влезните простории, ходниците или продавниците се препорачуваат плочки со висока отпорност на абење кои го задржуваат изгледот и по долготрајна употреба. За специфичните карактеристики на ваквите плочки можете да ги разгледате и плочките за ходник.

 

Цена на подните плочки: што влијае на цената за еден квадратен метар?

Цената на подните плочки може значително да варира во зависност од материјалот, димензиите, површината или завршната обработка и класата на производот. Таа најчесто се изразува за еден метар квадратен, а разликите произлегуваат од квалитетот на изработката и техничките карактеристики на материјалот од кој се изработени.

На цената најмногу влијаат форматот на плочките, видот на материјалот (дали се работи за керамика или порцелан), отпорноста на абење и дизајнот. Поголемите формати и пософистицираните дезени често имаат повисока цена, но истовремено имаат и помодерен изглед и претставуваат подолготрајно решение.

Во понудата на ENMON можете да најдете подни плочки со различни ценовни категории: од економични модели до премиум решенија. Без разлика на буџетот, важно е да изберете плочки кои имаат најдобар однос помеѓу цената и квалитетот за вашиот конкретен простор.

 

Стилови на подни плочки: како да го усогласите дизајнот со просторот?

Покрај техничките карактеристики, изгледот на подните плочки има клучна улога во создавањето на атмосферата во просторот. Различните дезени и површини (завршни обработки) овозможуваат просторот да делува потопло, да биде помодерен или полуксузен, а во зависност од стилот што сакате да го постигнете.

Ако сакате да добиете природен и топол амбиент, популарен избор се моделите кои верно ќе ја пренесат текстурата на дрвото. Доколку сакате порустикален или индустриски изглед, сè почесто се користат плочки со ефект на камен, а варијантите со елегантни шари создаваат софистициран и луксузен впечаток.

За подетално истражување на поединечни стилови, погледнете ги:

 

Технички карактеристики на подните плочки кои треба да ги знаете

При избор на подни плочки, техничките карактеристики имаат клучна улога во долготрајноста и функционалноста. Соодветните ознаки ќе ви помогнат да сфатите каде може да се користат плочките и како ќе се однесуваат со текот на времето.

 

Отпорност на абење: PEI оцена

PEI (Porcelain Enamel Institute) покажува колку плочките се отпорни на абење и гребење:

  • PEI 1: плочки кои не е се погодни за под
  • PEI 2: плочки кои се наменети за простор со мало оптоварување
  • PEI 3: плочки со намена за стандардни станбени простории
  • PEI 4: плочки наменети за фреквентни станбени и комерцијални простори
  • PEI 5: плочки со висока отпорност за интензивна употреба

За простории со поголема фреквенција на движење на луѓе се препорачува избор на плочки со повисок PEI степен, бидејќи овој степен покажува колку плочките се долготрајни и отпорни при секојдневна употреба.

 

Отпорност на лизгање: R класа (или степен против лизгање)

R класата ја одредува безбедноста на плочките во услови на влага:

  • R9: плочките кои спаѓаат во оваа класа се наменети за суви внатрешни простории
  • R10: плочките кои спаѓаат во оваа класа се наменети за кујни и секојдневна употреба
  • R11 и повеќе: плочките кои спаѓаат во оваа класа се наменети за специфични (посебни) услови и надворешни површини

За специфични надворешни услови и посебни намени, погледнете ги плочките за тераса.

 

Впивливост на вода и отпорност на влага

  • <0.5%: порцелански плочки: овие плочки се погодни за примена во внатрешни простории, но и за влажни и надворешни услови
  • 0.5–3%: овие плочки се наменети за стандардна внатрешна употреба
  • >3%: овие плочки не се препорачуваат за подни површини и за надворешен простор

 

Калибрација и ректификација

Калибрираните и ректифицирани плочки се поставуваат прецизно со потесни фуги со што се добива модерен и изедначен изглед на просторот. Оваа обработка е посебно изразена кај поголемите формати и плочките со нагласени дезени.

 

Површинска обработка

  • Сјајни плочки: тие ја рефлектираат светлината и визуелно го зголемуваат просторот
  • Мат плочки: тие се практични за одржување и помалку се лизгаат
  • Lappato: имаат баланс помеѓу сјајниот ефект и функционалноста

 

Често поставувани прашања за подните плочки:

  • Кои подни плочки се најдобри за бања?
    Најдобар избор се плочките со повисок степен против лизгање и ниска впивливост на вода. Тоа најчесто се порцеланските плочки кои се отпорни на влага и се долготрајни.
  • Кои подни плочки се најиздржливи?
    Плочките со повисок PEI степен на отпорност (PEI 4 и PEI 5) се најпогодни за простории со поголемо оптоварување и интензивна употреба.
  • Како да ја изберете димензијата на подни плочки?
    Поголемите формати како што се 60x60 cm или 60x120 cm визуелно го зголемуваат просторот и го намалуваат бројот на фуги, а помалите формати се практични за помали простории.
  • Колкава е цената на подните плочки?
    Цената зависи од материјалот, димензијата и класата на плочките. Во понудата постојат модели со различни ценовни категории што овозможуваат избор во согласност со буџетот.
  • Која е разликата помеѓу подните и ѕидните плочки?
    Подните плочки се поотпорни на оптоварување, абење и лизгање, а ѕидните се полесни и се наменети за вертикални површини.

 

👉 Истражете ја комплетната понуда и пронајдете ги подните плочки што одговараат на вашиот простор и буџет.
Погледнете ги сите достапни модели во категоријата подни плочки и изберете го идеалното решение за вашиот дом или проект.

Filter (0) Close
Производители