Барате нешто поинакво, но не толку за гостите да помислат дека сте ја донеле кујната од некоја галерија за современа уметност?
Varese Patchwork Grey 30x60 е точниот избор. Овие плочки изгледаат како составени од спомени од патувања, стари орнаменти од ориентални ќилими и малку индустриски шмек. Сивата и белата боја ја играат својата игра: не се ладни, не се стерилни, туку тивко софистицирани.
Patchwork стилот овозможува ѕидот да изгледа како да сте поминале денови за да го изберете секој детаљ, а всушност само сте направиле добра одлука. Нема потреба од дополнителна декорација, овие плочки се твојот декор. Дневна соба, кујна, бања? Сè е возможно. Можете да ги поставите како декор, на цела површина или само на еден ѕид и секогаш ќе изгледаат прекрасно.
Зошто да ги изберете?
- Patchwork дизајнот ги спојува ретро душата и урбаниот вајб
- Димензиите од 30x60 cm се доволно големи за лесно поставување
- Боите се вклопуваат в0о сите ентериери, дури и во оние со повеќе стилови
- Керамичка основа и квалитетна изработка: не се само убави, туку се и издржливи
- Одлични се и како централна декорација или како целина, зависи колку сакате да си играте со просторот
Varese Patchwork Grey се плочки кои што зборуваат, но со шепот. За стил, вкус и вашата храброст да излезете од просекот.
👉 Ви требаат повеќе опции?
Прегледајте ја целата колекција на Декоративни плочки и изберете ја најдобрата за вашиот дом – брзо и лесно!
Следете не