Ако барате плочки кои се комбинација од функционалност, естетика и сигурност – Keramika Kanjiža е вистинскиот избор. Овој бренд со децении претставува синоним за квалитетна керамика прилагодена на потребите на современото живеење.
Во понудата ќе најдете сѐ, од подни и ѕидни плочки, преку мозаик до декоративни елементи кои може да го освежат секој простор. Без разлика дали реновирате бања, кујна, ходник или уредувате тераса, плочките од Keramika Kanjiža се со широк спектар на димензии, бои и текстури и лесно се вклопуваат во секој стил.
Посебно се познати по своите технички карактеристики: отпорност на влага, долг век на траење и лесна монтажа и затоа се практично решение за секој дом. Благодарение на континуираните иновации во дизајнот вие добивате производ што изгледа модерно и привлечно.
Одберете проверен квалитет и уредете го вашиот простор со стил! Прегледајте ја комплетната понуда на плочки од Keramika Kanjiža на нашата веб-страница и нарачајте онлајн, брзо, безбедно и едноставно.
Feeling Antico 30x60 cm се плочки со дизајн имитација на дрво, имаат мат површина и неутрална сива нијанса која совршено одговара на модерни и рустични ентериери.
Барате чист и свеж изглед за вашиот простор? Glam Ice плочките создаваат мирна и природна атмосфера во вашиот дом. Идеални се за кујни, бањи и дневни соби!
Сакате да постигнете топлина и модерен изглед во вашиот дом? Habitat Noce 25x50 плочките со топли кафеави тонови имаат природен изглед и создаваат пријатен изглед на просторот.
Вашиот ѕид не мора да биде рамна површина. Токму затоа тука е плочката Luxor Mosaic 3D која креира игра на светлината и длабочината за кои не е потребен ниту филтер, ниту апликација.
Доколку барате плочки кои внесуваат динамика и уникатен стил во просторот, тогаш Elegant Mosaic 3D Crema 20x60 се вистинскиот избор. Совршено решение за вашиот ентериер!
Следете не