Барате плочки кои ќе ја подигнат атмосферата? Плочките PG Orient Beige 80x160 имаат суптилни беж тонови кои креираат топлина и просторност во секој дел од домот или канцеларијата.
Барате плочки кои ќе ги комбинираат стилот и практичноста? VG Laurento Glossy 80x160 плочките креираат светлина и проветреност во секој простор со современ ентериер!
Сакате да имате изглед на мермер и без да се грижите околу одржувањето? PG Lithos Bianco Rec 60x120 е Вашиот избор за долготрајна елеганција и лесно чистење и внатре и надвор!
Fauno Pearl Pulido е избор кој претставува успешна комбинација од естетиката, издржливоста и едноставното одржување. Идеално решение за современи ентериери.
Бојата на оваа плочка ви ја дава неопходната слобода за да создадете простор кој ќе зрачи со светлина и луксуз. Таа е совршена за комбинирање со различни декоративни стилови.
Нежната текстура и изгледот кој потсетува на камен создаваат чувство на природна атмосфера, а мат завршната обработка постигнува сигурност при одење и лесно одржување.
Барате плочки кои што изгледаат како лично да сте ги издлабиле од најубавиот камен? PG Lamina Beige 60x120 креира светлина и шарм во секој дел од домот.
Сакате Вашиот простор да изгледа пространо, чисто и како да има фото филтер? PG New Carara 60x120 е мермерна илузија на светлина која сите ја забележуваат без да се трудите премногу.
Сакате ли простран и светол изглед на вашиот дом? PG Rochester White 60x120 се плочки кои ќе ви овозможат да го направите тоа. Тие имаа изглед имитација на мермер и висок сјај.
Сакате да добиете плочки кои ќе создадат природен и топол изглед во вашиот простор? Stoneline Natural 60x120 плочките имаат мат површина и дизајн на камен!
VG Beige 1029 60×120 е керамичка плочка со топла беж нијанса која ја отсликува естетиката на природниот камен, но со сите предности кои ги има гранитната керамика со модерна обработка.
Барате нешто со кое ќе го внесете богатството на природна текстура во вашиот простор исто како да чекорите боси на плажите на Ибица? VG San Marco Cafe плочките се вистинскиот избор за вас!
Сакате подот да изгледа скапо, а никој да не претпостави колку сте платиле? Fauno Cream 60×120 cm е токму такво решение: топло, природно и секогаш во тренд.
Плочките за дневна соба претставуваат модерен и практичен избор за обликување на подот и ѕидовите во овој централен простор на домот. Тие истовремено ја комбинираат естетската привлечност со функционалноста со цел да се постигне долготрајност и лесно одржување.
ВИДОВИ ПЛОЧКИ ЗА ДНЕВНА СОБА
ENMON нуди широк асортиман на плочки прилагодени на различни стилови и потреби:
Плочки со големи димензии: oвие плочки создаваат чувство на пространост и континуитет во просторот, а помалиот број на фуги овозможува да се добие елегантен и чист изглед на дневната соба.
Плочки со имитација на дрво: идеални се за оние кои сакаат топлина и природен изглед на дрво, но со предностите кои ги има керамиката како што се отпорноста на влага и абење. Овие плочки креираат автентичен изглед на дрво без нивно посебно одржување.
Декоративни плочки: различните шари и бои на декоративните плочки овозможуваат да се добијат впечатливи ѕидови или детали кои ќе создадат карактер и динамика во дневната соба.
ПРЕДНОСТИ НА КОРИСТЕЊЕТО НА ПЛОЧКИТЕ ВО ДНЕВНАТА СОБА
Издржливост: плочките се отпорни на абење, гребнатини и влага и затоа се долготрајно решение за фреквентни простории како што е дневната соба.
Естетика: разновидноста на дизајни, бои и текстури овозможува приспособување на плочките на секој стил на уредување, од модерен до традиционален.
ПОНУДА НА ПЛОЧКИ ЗА ДНЕВНА СОБА ВО ENMON
ENMON во својата понуда има разновидни плочки кои претставуваат комбинација од функционалноста и естетиката:
Cipollino Grey 60x120: овие плочки се со голем формат и дизајн имитација на природен камен. Идеални се и за современи и за рурални стилови. Нивната сива нијанса креира елеганција и софистицираност во просторот.
Nord Nut 30x60: овие плочки имаат дизајн на дрво во боја на орев со цел да се создаде топлина и природен изглед на дневната соба. Погодни се за внатрешна и надворешна употреба.
Декоративни плочки: тоа се плочки кои имаат разновидни шари и бои за да се создаде уникатен дел од просторот и да се постигне длабочина и карактер на дневната соба.
КАКО ДА ГИ ИЗБЕРЕТЕ ВИСТИНСКИТЕ ПЛОЧКИ ЗА ВАШАТА ДНЕВНА СОБА
При изборот на плочки за дневна соба, разгледајте ги следниве фактори:
Големина на просторот: поголемите плочки може визуелно да го зголемат просторот, додека помалите плочки оддаваат поединечен и детализиран изглед.
Стил на уредување: изберете плочки кои се вклопуваат во постоечкиот или планираниот стил на ентериер, без разлика дали е тоа модерен, класичен или рурален изглед.
Функционалност: согласно вашите потреби, одберете плочки со соодветна отпорност на абење и лизгање, посебно ако во домот има деца или постари лица.
ИНСТАЛАЦИЈА И ОДРЖУВАЊЕ НА ПЛОЧКИТЕ ВО ДНЕВНАТА СОБА
Професионалната инсталација на плочките е основа за нивната долготрајност, но и за нивниот естетскиот изглед. Редовното чистење со послаби средства овозможува одржување на нивниот сјај и хигиена. Исто така, правилното чистење на фугите ја создава целокупната естетика и функционалност на подот или ѕидот.
Изборот на плочки за дневната соба од понудата на ENMON истовремено подразбира и избор на квалитет, функционалност и естетска вредност за вашиот дом.
Следете не