ИМИТАЦИЈА НА МЕРМЕР

Ucitavanje
Подреди по
PG Calacata pločica 100x100

PG Calacata PN01 100x100

Сакате мермер без да се мислите за негово одржување? PG CALACATA PN01 1 100x100 го има класичниот изглед на мермер во модерен формат!
PG Calacatta H 60x120 mermerna pločica

PG Calacatta H Rec 60x120

PG Calacatta H 60x120 создава модерен и свеж изглед во вашиот простор, со суптилни сиви шари кои креираат визуелна хармонија.
Calacatta Vagli 60x120 sjaj pločica

PG Calacatta Vagli Glossy 60x120

Овие плочки се комбинација од природен изглед на мермерот и модерниот сјај за да создадат софистицирана атмосфера во секој ентериер.
Gres podne pločice PG Canberra 60×60

PG Canaberra MP6708 60x60

PG Canberra MP6708 има неутрална, но впечатлива сива нијанса која не доминира во просторот, туку му дава карактер.
PG Fantasy Onyx White 60x120 bela pločica

PG Fantasy Onyx White 60x120

Бојата на оваа плочка ви ја дава неопходната слобода за да создадете простор кој ќе зрачи со светлина и луксуз. Таа е совршена за комбинирање со различни декоративни стилови.
PG Jazz Dark pločice 60x120 tamna šara

PG Jazz Dark 60x120

Барате под кој „свири“ сам за себе? PG Jazz Dark 60x120 е темниот џез акорд за Вашиот ентериер: слободен, смел и совршено усогласен!
PG Jazz Dark podna pločica 60x60

PG Jazz Dark 60x60

Сакате Вашиот под да изгледа како да „свири џез во камен“? PG Jazz Dark 60x60 плочките креираат ритам, длабочина и стил кои ќе се паметат.
PG Lamina Beige pločice 60x120 sjajni kamen

PG Lamina Beige 60x120

Барате плочки кои што изгледаат како лично да сте ги издлабиле од најубавиот камен? PG Lamina Beige 60x120 креира светлина и шарм во секој дел од домот.
PG Lamina Beige pločice 60x60 cm

PG Lamina Beige 60x60

Сакате да имате под кој истовремено е и топол и издржлив? PG Lamina Beige 60x60 е вистинското решение за секоја просторија: од кујна до просторијата за чевли!
PG Lamina Crema 60x120 krem pločica

PG Lamina Crema 60x120

Барате под што е идеален за мирен, светол ентериер? PG Lamina Crema 60x120 внесува топлина, елеганција и совршено се вклопува во секој простор.
PG Lamina Crema podna pločica 60x60

PG Lamina Crema 60x60

Сакате Вашиот простор да изгледа пространо и светло? PG Lamina Crema 60x60 плочките го имитираат мермерот со крем боја за да му дадат на подот беспрекорен и освежувачки изглед.
PG Mecedonia 60x120 svetle pločice glossy finiš

PG Mecedonia 60x120

Потребни ви се плочки со кои Вашиот простор ќе изгледа и посветол и поширок? PG Macedonia 60x120 е идеален избор за Вас!
PG Mecedonia Rec 60x60 podna pločica

PG Mecedonia Rec 1122 60x60

Сакате да имате под кој ќе зрачи со смиреност и стил? PG Macedonia Rec 1122 60x60 е вистинскиот избор. Има суптилни линии, неутрални тонови и елеганција која никогаш не излегува од мода.
PG New Carara 60x120 pločice Carrara stil

PG New Carara 112 60x120

Сакате Вашиот простор да изгледа пространо, чисто и како да има фото филтер? PG New Carara 60x120 е мермерна илузија на светлина која сите ја забележуваат без да се трудите премногу.
PG New Carara pločice 60x60 cm

PG New Carara 60x60

Сакате Вашиот простор да блеска, но и лесно да се одржува? PG New Carara 60x60 претставува комбинација меѓу луксузот што го има мермерот и практичноста на секојдневието.
PG Onyx Beige 60x120 pločice glossy efekat

PG Onyx Beige 60x120

PG Onyx Beige 60x120 е Вашиот избор за посветол, почист и посмирен простор.
PG Onyx Beige pločice 60x60 cm

PG Onyx Beige 60x60

Барате под кој ќе изгледа како сцена од каталог за ентериер, но без трошоци како за снимање музичко видео? PG Onyx Beige 60x60 целосно го трансформира просторот и тоа со стил и суптилност!
PG Orient Beige 80x160 podne pločice – bež nijansa

PG Orient Beige 80x160

Барате плочки кои ќе ја подигнат атмосферата? Плочките PG Orient Beige 80x160 имаат суптилни беж тонови кои креираат топлина и просторност во секој дел од домот или канцеларијата.
pg rochester white 60x120 podna plocica

PG Rochester White 60x120

Сакате ли простран и светол изглед на вашиот дом? PG Rochester White 60x120 се плочки кои ќе ви овозможат да го направите тоа. Тие имаа изглед имитација на мермер и висок сјај.
Tamnosive pločice sa efektom mermera PG Salome 60x120

PG Salome Dark Grey 60x120

Барате плочки кои оддаваат елеганција на секој простор? PG Salome Dark Grey 60x120 се идеалниот избор за вас.
PG Salome Grey 60x120 pločice siva glossy

PG Salome Grey 60x120

Барате плочки кои внесуваат иновација и софистицираност на секој простор? PG Salome Dark Grey 60x120 се идеалниот избор за вас.
PG Sombra Black 60x120 crne mermerne pločice

PG Sombra Black 60x120

PG Sombra Black 60x120 е подна керамичка плочка со дизајн кој имитира мермер и полирана површина.
PG Sortino 60x60 podna pločica imitacija mermera

PG Sortino XP061 60x60

PG Sortino подните плочки се одличен избор за сите кои сакаат да постигнат рамнотежа помеѓу современата естетика и безвременската софистицираност.
PG Sun Onyx 60x120 keramička pločica

PG Sun Onyx 60x120

PG SUN ONYX 60x120 се подни плочки кои се имитација на оникс со полиран финиш. Нарачајте веднаш!

Плочки со имитација на мермер: луксузен изглед без ограничувањата кои ги има природниот камен

Барате плочки со имитација на мермер кои ќе му дадат на просторот софистициран и луксузен изглед, но без да се соочите со ограничувањата кои ги има природниот камен? Токму оваа категорија е наменета за оние кои сакаат ефект на мермер, но со материјал кој има значително поголема отпорност, лесно се одржува и е исплатлив на долг рок. За разлика од класичните мермерни плочки, порцеланските плочки со имитација на мермер не впиваат течности, не е потребна импрегнација и не го менуваат изгледот со текот на времето.

Напредната дигитална технологија за печатење на плочките со ефект на мермер дозволува верно да ги репродуцираат природните шари како Calacatta, Carrara и Statuario и се прилагодени на современиот начин на живот. Првенствено се наменети како подни плочки, но може да се користат и на ѕид во бањи, кујни и дневни простории или секаде каде што сакате чист, елегантен и визуелно простран амбиент.

 

Зошто да ги изберете плочките со имитација на мермер наместо природниот мермер?

Природниот мермер е естетски врвен материјал, но во пракса потребно е постојано одржување и внимателна употреба. Токму затоа сè поголем број купувачи избираат плочки со имитација на мермер како пофункционална алтернатива која го задржува истиот визуелен ефект, но ги елиминира неговите недостатоци.

  • Ефект на мермер без ризик: за да добиете ист луксузен изглед без да биде чувствителен на киселини, влага и дамки.
  • Лесно одржување: нема потреба од полирање, импрегнација или специјални средства за чистење.
  • Долготрајна отпорност: порцеланските плочки се отпорни на абење, гребење и секојдневно оптоварување.
  • Поширока примена во просторот: погодни се како подни плочки за простории со поголема фреквенција на движење на луѓе каде природниот мермер не е практичен избор.

 

Површината (завршната обработка) на плочките со имитација на мермер: како да ја изберете вистинската за под?

Покрај самиот дизајн, површината (завршната обработка) игра клучна улога при изборот на плочки со имитација на мермер, посебно кога се користат како подни плочки. Различните површини не влијаат само на изгледот, туку и на функционалноста бидејќи треба да се земат во предвид: лизгањето, одржувањето и целокупното чувство во просторот.

  • Полирани плочки (висок сјај): оддаваат изразен луксузен ефект на мермер и ја рефлектираат светлината што визуелно го зголемува просторот. Се препорачуваат за дневни соби и репрезентативни ентериери, но не се идеални за влажни места степенот против лизгање е помал.
  • Мат завршна обработка: обезбедува поприроден изглед и побезбедно движење и затоа плочките со мат површина се чест избор за бањи, ходници и кујни каде е потребна поголема стабилност.
  • Lappato (полумат): површината е компромис помеѓу сјајниот ефект и функционалноста, односно го задржува елегантниот отсјај на мермерот, но со подобра отпорност на лизгање во однос на целосно полираните плочки.

Ако избирате плочки за под, обрнете внимание и на техничките карактеристики како степенот против лизгање (или R вредноста) и отпорноста на абење. За бањи и надворешен простор се препорачуваат модели со повисок степен на против лизгање, а за дневните простории поважни се естетиката и лесното одржување.

 

Каде се користат плочките со имитација на мермер?

Високата отпорност и реалистичниот изглед на плочките со имитација на мермер дозволуваат да имаат широка примена во ентериерот. Најчесто се користат како подни плочки во простории каде е потребен баланс помеѓу естетиката и долготрајноста, но и подеднакво добро да се вклопат на ѕидовите кога сакате да постигнете луксузен визуелен ефект.

  • Бањи: создаваат чист и елегантен амбиент со целосна отпорност на влага. Погледнете ги и плочките за бања за дополнителни опции.
  • Кујни: лесно се одржуваат и имаат голема отпорност на дамки со што се практичен избор за секојдневна употреба.
  • Дневни соби: големите мермерни шари визуелно го зголемуваат просторот и оддаваат премиум изглед на ентериерот.
  • Ходници и влезови: издржуваат интензивна употреба без да ја загубат естетиката.
  • Деловни простории: идеални се за репрезентативни простории каде што првиот впечаток и долготрајноста на материјалот се клучни.

Ако истражувате различни стилови, имајте во предвид дека можете да го комбинирате мермерниот ефект со други декори. На пример, плочките со имитација на дрво креираат топлина во просторот, а плочките со имитација на камен оддаваат поизразена текстура и природен изглед.

👉 Ако сакате да ги видите сите достапни модели, истражете ја комплетната понуда на подни плочки и споредете ги различни стилови, формати и површини (завршни обработки).

 

Често поставувани прашања за плочките со имитација на мермер:

  • Дали плочките со имитација на мермер се исто што и мермерните плочки?
    Не. Мермерните плочки се природен камен за кој е потребно редовно одржување, а плочките со дизајн имитација на мермер се керамички или порцелански и се многу поотпорни на влага, дамки и абење.
  • Дали плочките со имитација на мермер се добри за под?
    Да. Посебно се добри како подни плочки, бидејќи имаат висока отпорност на абење и не впиваат течности со што се практични за секојдневна употреба.
  • Дали се погодни за бања?
    Да. Поради отпорноста на влага и лесното одржување, често се користат како плочки за бања, посебно во комбинација со мат или површина која не се лизга.
  • Која е разликата помеѓу полираните и мат плочките со имитација на мермер?
    Полираните плочки имаат висок сјај и го нагласуваат луксузниот изглед на мермерот, а мат плочките имаат поприроден изглед и помал степен на лизгање со што се попогодни за примена на подни површини.
  • Дали плочките со имитација на мермер може да се користат на тераса?
    Може, но само моделите со соодветен степен против лизгање и оние кои се отпорни на мраз. Погледнете ја понудата на плочки за тераси (за надворешни услови).
  • Дали плочките со имитација на мермер се поскапи од обичните плочки?
    Цената варира во зависност од форматот, брендот и површината (завршната обработка), но генерално се подостапни и долгорочно поисплатливи од природниот мермер.
  • Дали може да се комбинираат со други видови плочки?
    Да. Често се комбинираат со плочки со имитација на дрво или плочки со имитација на камен за да се постигне визуелен баланс во просторот.

 

👉 Сакате да постигнете луксузен изглед на просторот без компликации?
Погледнете ја комплетната понуда на подни плочки и пронајдете модел со имитација на мермер кој совршено се вклопува во вашиот простор.

Filter (0) Close
Производители