Плочки

Ucitavanje
Подреди по
Aruba Light Beige 7122 25x40
Track Brown 33x33

Track Brown 33x33

Посакувате рустикален изглед на својот простор? Track Brown 33x33 плочките ќе ја внесат топлина на природниот камен во вашиот дом или дворно место!
Elixir Bianco Fala Decor 30x60
Snow White Glossy 30x60
Track Grey 33x33

Track Grey 33x33

Имате сон за модерен и природен изглед на вашиот простор? Track Grey 33x33 плочките спојуваат стил и функционалност за вашиот дом или градина!
Aruba Beige 7123 25x40
Sensi Structure Beige 25,5x75,5 4719
Blanco Brilo 28x85
Spider White 25x75

Spider White KK 25x75

Spider White KK 25x75: Мермерен изглед, но без тешко одржување. Елегантни и издржливи - идеални за секој кој сака нивниот простор да блесне како галерија!
Sensi Structure Light Beige 25,5x75,5 4720
Tahiti Faset Light 5457 25x50

Tahiti Faset Light 5457 25x50

Ви фали малку топлина на ѕидот? Tahiti Faset Light 25x50 е како сонце во плочка: сјае, грее и буди насмевка штом влезете во просторијата.
Sensi Zig Zag Beige 25,5x75,5 4722
Terra Decofon Mix 30x90

Terra Decofon Mix 30x90

Бетонот од само архитектонско-индустриски материјал стана извор на инспирација за внатрешна декорација. Популарноста ја зголеми благодарение на минималистичкиот и модерен изглед кој има впечатливо естетско влијание.
Terra White 30x90
Varese Grey 30x60 - Akcija, brza dostava

Varese Grey 4641 30x60

Барате неутрален тон кој совршено се вклопува со сите декори? Плочките Varese Grey 4641 30x60 имаат модерна сива нијанса која е идеална за сите простории.
Corona Squares Light Grey 25,5x75,5 4712
Decor Chic White P pločice 25x50 mermer
Terra Turquoise pločica 30x90

Terra Turquoise 30x90

Terra Turquoise 30x90 ѕидни плочки со тиркизна боја чиј изглед наликува на море.
delphi-grey-25x75-zidna-plocica
Sensi Zig Zag Taupe 4724 25,5x75,5
Varese Light Grey 30x60 - Sigurna isporuka

Varese Light Grey 4640 30x60

Varese Light Grey 4640 30x60 плочките имаат светло сива нијанса која го освежува секој простор.
Silk Beige 25x40 5857
Izola Brown 5919 25x50
Corona Patchwork Grey 25,5x75,5 4715

Нашата понуда вклучува различни видови плочки од најпознатите странски и домашни производители. Погледнете го асортиманот на најквалитетната италијанска, шпанска, турска, индиска, кинеска, српска и бугарска керамика.

 

ПЛОЧКИ ЗА БАЊА

 

Бањата е простор кој бара посебно внимание при изборот на керамика поради секојдневната изложеност на влага и температурни промени. Плочките за бања истовремено ги комбинираат и функционалноста и естетиката на просторот со цел да се постигне негова совршена заштита, но и стил.

Нашата понуда вклучува ѕидни и подни плочки со различни текстури, бои и дезени кои лесно се вклопуваат во секој стил на уредување: од класичен до модерен. Посебно популарни се плочките со ефект на мермер и мозаик детали, но и плочките со мат и сјаен завршен слој. Не заборавајте и на плочките на кои воопшто не може да се лизнете, а се наменети за безбедност на сите членови на семејството, посебно во туш кабините и околу кадата. 

Погледни ги сите ПЛОЧКИ ЗА БАЊА.

 

ПЛОЧКИ ЗА КУЈНА

 

Кујната е срцето на секој дом, а плочките за кујна претставуваат идеален спој на убавина и практичност. Ѕидните плочки се неизбежни за заштита на ѕидовите од прскање на вода и масти, а подните плочки за креирање на долготраен под отпорен на абење. Дознајte повеќе на веб-страницата ПЛОЧКИ ЗА КУЈНА.

 

Во понудата имаме плочки кои имитираат природни материјали како дрво и камен, но и плочки со модерни форми и геометриски дизајни. За дополнителна нота на единственост во просторот во кујната, препорачуваме мозаик плочки како декоративен елемент или плочки со голем формат кои креираат чувство на луксуз и пространост. Без разлика на вашиот стил, кај нас ќе најдете совршени плочки кои ќе ја претворат вашата кујна во омилена просторија во домот.

 

ПОДНИ ПЛОЧКИ

 

Подните плочки се идеални и за внатрешна и за надворешна употреба. Во зависност од типот на плочката се одликуваат со различни степени на отпорност на абење, противклизност и отпорност на мраз и студ. Особено се популарни подните плочки  кои имаат дизајн кој претставува имитација на дрво и мермер, но тука е и дизајнот на цемент, камен, рустичен, еднобоен. Погледнete ја нашата комплетна понуда на ПОДНИ ПЛОЧКИ.

 

ЅИДНИ ПЛОЧКИ

 

Ѕидните плочки се совршени за заштита и декорација на ѕидовите во кујната, бањата, но и во останатите внатрешни простории. Со нив се добива дополнителен слој на заштита од влага и нечистотија со цел да бидат практично и естетски привлечно решение.

Ѕидните плочки не се препорачуваат за поставување на под, но вообичаена пракса е да се користат подните плочки на ѕид. Разликата помеѓу ѕидните и подните плочки е во процесот на нивното производство, бидејќи подните плочки се произведени за да бидат поиздржливи поради секојдневното оптеретување и движење по нив. Ако ви е корисно ова, сигурно ќе ви значи да ги погледнете и сите ЅИДНИ ПЛОЧКИ.

 

ПЛОЧКИ СО ГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ

 

Плочките со голем формат станаа посебно популарни во последно време. Достапни се во различни големини и воедно се универзални, односно може да се постават во бања, кујна, дневна соба, ходник, но и во комерцијални простори како што се лобијата на хотели, кафулињата и рестораните.

Колку се поголеми плочките, толку побрзо се поставуваат. Со нив ќе се создадат помалку фуги отколку со плочките кои имаат помали димензии и ќе креираат чувство на пространост во просторијата. И како дополнителен плус: полесно се чистат и полесно се одржуваат. Проверете какви сѐ плочки имаме на следниот линк ПЛОЧКИ СО ГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ.

 

МОЗАИК ПЛОЧКИ

 

Мозаик плочките често се користат кај еднобојните ѕидови за да го нагласат просторот и да ја разбијат монотонијата. Можностите за комбинирање се неограничени без разлика дали се користат самостојно или како акцентен елемент, тие едноставно ќе го трансформираат просторот.

Поради малите димензии мозаик плочките се погодни за обложување на закривени или неправилни површини. Исто така, отпорни се на влага, дамки и абење и затоа се применуваат во кујни, бањи, туш кабини и базени. Откријте ги сите детали за МОЗАИК ПЛОЧКИ.

 

ДЕКОРАТИВНИ ПЛОЧКИ

 

Декоративните плочки се наменети за оние кои сакаат нивниот простор да зрачи со уникатност и стил. Овие плочки се произведуваат во различни бои, форми и текстури со цел да истакнете одредени делови од вашиот дом или деловен простор.  Откријте го својот стил на веб-страницата ДЕКОРАТИВНИ ПЛОЧКИ.

Filter (0) Close
Производители