Starlight Сет за туширање
- 1
- 2
ШТО Е ТУШ?
Тушот е клучен елемент на секоја бања кој обезбедува не само функционалност туку и естетска вредност. Постојат различните видови на тушеви со цел да имате можност конкретниот модел да го употребите согласно вашите индивидуални потреби и преференции.
ПРЕДНОСТИ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА КВАЛИТЕТЕН ТУШ
- Подобар хигиенски ефект: квалитетниот туш овозможува поефикасно и попријатно искуство при туширањето и го поттикнува редовното одржување на хигиената.
- Естетика на бањата: модерниот дизајн го креира елегантниот изглед на бањата со што се зголемува вкупната вредност на просторот.
- Заштеда на вода: современите тушеви имаат вградени механизми за намалување на потрошувачката на вода без при тоа да се намали притисокот, што е еколошки и економски корисно.
- Функционалност: различните видови на млазници и дополнителни функции, како што е млазот за масажа или термостатскиот мешач на вода, создаваат персонализирано искуство при туширањето.
ВИДОВИ ТУШЕВИ ВО ПОНУДАТА НА ENMON
- Туш системи: овие системи се комбинација од висечки туш (туш роза) поставен над главата и рачен туш со лизгачка цевка за да добиете флексибилност и прилагодување на тушот при туширање.
- Туш столб: тоа е систем со фиксна или прилагодлива висина, некои модели имаат и туш поставен над висина на главата и рачен туш, идеален е за модернизација на секоја бања.
Кликнете за да ги видите комплетните ТУШ СИСТЕМИ.
- Туш роза: тоа е туш кој се поставува над висина на главата, се произведува во различни форми и големини за да се создаде искуство на дожд, а е наменет за моменти за опуштање.
- Туш рачка: практичен и ергономски туш кој се произведува во различни дизајни и функционалности, вклучително и опции со повеќе видови млазови.
- Лизгачка цевка: овозможува прилагодување на висината на туш рачката за да добиете дополнителна флексибилност и удобност при туширањето.
- Туш црево: ова црево е флексибилно и издржливо, го има во различни должини и материјали и е долготрајно.
- Држач за туш: постојат фиксни и прилагодливи држачи за да можете стабилно да ја поставите туш рачката за полесно користење.
- Цевка и колено: тоа се компоненти кои овозможуваат правилно насочување на водата и поврзување на туш системот со водоводната мрежа.
За вашиот дом набавете ОПРЕМА ЗА ТУШЕВИ.
ЗОШТО ДА ОДБЕРЕТЕ ТУШЕВИ ОД ENMON?
ENMON нуди широк асортиман на тушеви и дополнителна опрема за тушеви кои претставуваат комбинација од врвен квалитет и модерен дизајн. Нашите производи се внимателно одбрани за да ги задоволат различните потреби и вкусови на нашите потрошувачи.
СОВЕТИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТУШЕВИТЕ
- Редовно чистење: користете послаби средства за чистење за да ги отстраните наслагите од бигор и сапун за да го продолжите животниот век на тушот.
- Проверка на споевите: повремено проверувајте ги споевите и цревата за да спречите поголеми дефекти и оштетувања.
- Одржување на млазниците: чистете ги млазниците од бигор за да овозможите рамномерен проток на вода и оптимално искуство при туширањето.
Со правилното одржување, вашиот туш набавен од ENMON ќе го задржи својот изглед и функционалност долго време, со што ќе добиете секојдневно задоволство при користењето.
Следете не