Ѕидно WC казанче

Ucitavanje
Подреди по
Rio Vodokotlić AP 110
Fontana Vodokotlić AP 112 136.232.11.1

ШТО Е ЅИДНО КАЗАНЧЕ?

 

Ѕидното казанче е санитарен елемент кој се монтира директно на ѕидот над WC школката. За разлика од вградливото казанче кое е скриено внатре во ѕидот, ѕидното казанче е видливо и лесно достапно за одржување. Претставува практично и економично решение, посебно кога не е можно или не е исплатливо да се прават поголеми градежни работи за инсталација на скриените системи.

 

ПРЕДНОСТИ НА ЅИДНИТЕ КАЗАНЧИЊА

 

  • Едноставна инсталација: поради нивната монтажа на ѕидот нема потреба од сложени градежни активности со што се скратува и времето и трошоците за инсталација.
  • Економичност: обично се поевтини во споредба со вградливите модели и имаат добар сооднос помеѓу цена и квалитет.
  • Практичност: лесниот пристап до сите компоненти овозможува едноставно одржување и поправка, што е особено корисно во постарите тоалети.

 

ПОНУДА НА ЅИДНИ КАЗАНЧИЊА ВО ENMON

 

ENMON нуди широк асортиман на функционални и естетски ѕидни казанчиња. Некои од модели се:

  • Fontana казанче AP 112 136.232.11.1: овој модел има старт-стоп функција за испирање што овозможува ефикасно користење на водата.
  • Reviso казанче: пластично казанче кое лесно се инсталира и претставува економично решение за секоја бања.

 

КАКО ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ ВИСТИНСКОТО ЅИДНО КАЗАНЧЕ ЗА ВАШАТА БАЊА?

 

При изборот на ѕидно казанче, имајте ги во предвид следниве фактори:

  • Компатибилност со постојната WC школка: уверете се дека избраното казанче е компатибилно со вашата постојна WC школка за да се избегнат проблеми при инсталацијата.
  • Капацитет и функционалност: разгледајте повеќе модели со различни опции како што се двојно испирање или старт-стоп функцијата за да заштедите вода, a воедно да бидат практични за користење.
  • Естетика и димензии: изберете казанче кое ќе се вклопи во дизајнот и димензиите на вашата бања и водете сметка за просторот и неговиот визуелен изглед.

 

ИНСТАЛАЦИЈА И ОДРЖУВАЊЕ НА ЅИДНОТО КАЗАНЧЕ

 

Инсталацијата на ѕидното казанче е релативно едноставна, но се препорачува да ангажирате професионалец за да се изведе правилна монтажа, а со тоа да добиете долготрајност на производот. Редовното одржување, како на пример проверка на вентилите и чистењето на внатрешноста ќе овозможи зачувување на функционалноста и хигиената на казанчето.

Со изборот на ѕидно казанче од понудата на ENMON ќе добиете квалитет, функционалност и естетска вредност за вашата бања.