Ѕидни плочки

Ucitavanje
Подреди по
Bela pločica sa mermernim efektom

Kalem KK 30x60

Сакате софистициран изглед на бел мермер, но барате практична керамика?
 Cumbia Grey Mat 33,3x100

Cumbia Grey Mat 33,3x100

Cumbia Grey Mat внесува свежина и модерен мермерен дизајн и целосно ја трансформира атмосферата во просторот.
 Gravity Oxide Lancer 30x90

Gravity Lancer Oxide Rec 30x90

Плочката Gravity Oxide Lancer 30x90 има едноставен и ефективен дизајн кој се вклопува во модерните простори.
Elegant Mosaic 3D Crema zidna pločica 20x60

Elegant Mosaic 3D Crema 20x60

Доколку барате плочки кои внесуваат динамика и уникатен стил во просторот, тогаш Elegant Mosaic 3D Crema 20x60 се вистинскиот избор. Совршено решение за вашиот ентериер!
Zidna pločica Adore Pearl 25x75 bež

Adore Pearl KK 25x75

Ви здосадија празните ѕидови без душа? Adore Pearl овозможува суптилна елеганција и светлина и тоа без никаков напор
Habitat Noce braon zidna pločica

Habitat Noce 25x50

Сакате да постигнете топлина и модерен изглед во вашиот дом? Habitat Noce 25x50 плочките со топли кафеави тонови имаат природен изглед и создаваат пријатен изглед на просторот.
Zidne pločice za kuhinju Evoque Beige
Olivia 30x80 zidna pločica

Olivia 30x80

Olivia 30x80 е одличен избор ако барате ѕидна плочка со која ќе креирате софистициран визуелен впечаток во секоја современо уредена просторија.
Evoque Bianco 25x75 zidne pločice

Evoque Bianco KK 25x75

Барате модерен изглед за вашите ѕидови? Плочките Evoque Bianco KK 25x75 се одличен избор!
Sive zidne pločice 25x75

Evoque Grigio 25x75

Ѕидните плочки од серијата EVOQUE во сива нијанса се модерно решение за уредување на ѕидовите во Вашиот дом или деловен простор.
Home Mosaic Mix pločica 25x50

Home Mosaic Mix 25x50

Сакате да имате топлина и модерен изглед на вашиот дом? Плочките Home Mosaic Mix 25x50 креираат совршена комбинација од бои и дизајни за секој стил на простор!
Plave zidne pločice 25,5x75,5

Faenza Aqua 25,5x75,5

Сакате да го освежите просторот? Faenza Aqua 25,5x75,5 плочките со шарени и сјајни сини тонови се идеални за создавање модерен и ведар амбиент!
Latina Grey zidna pločica 25x40

Latina Grey 5972 25x40

Барате неутрална основа која ќе ви овозможи бескрајни комбинации во уредувањето на просторот? Плочките Latina Grey 25x40 се тука за да внесат мир и елеганција во вашата бања или кујна.
Faenza Blue 4744 pločica 25,5x75,5

Faenza Blue 4744 25,5x75,5

Сакате да добиете длабоки сини тонови во вашиот простор? Faenza Blue 25,5x75,5 внесува елеганција и свежина во секој дом!
Faenza Brick Aqua 25,5x75,5

Faenza Brick Aqua 25,5x75,5

Сакате светло сини плочки? Faenza Brick Aqua 25,5x75,5 внесуваат свежина во вашата бања или кујна!
Mat plave pločice 25,5x75,5

Faenza Brick Blue 4749 25,5x75,5

Сакате длабоки сини тонови за вашиот простор? Faenza Brick Blue 25,5x75,5 е совршен избор за модерен и елегантен изглед на секој простор!
Geometrijska pločica Nougat Decor 30x60

Evoque Decor Multi KK 25x75

Бараш плочки кои ќе внесат топлина и стил во твојот простор? Evoque Decor Multi 25x75 комбинира мермерен дизајн со уникатни дезени за уникатен ефект!
Luxor White bela pločica 25x75

Luxor White 25x75

Барате белина која може да го осветли секој дел на просторот? Luxor White 25x75 го има чистиот изглед на бел мермер наменет за вашиот простор!
Manero Dark Grey KK zidna pločica 30×60 cm

Manero Dark Grey KK 30x60

Уморни сте од стандардната бања? Овие плочки во темно сива нијанса ќе внесат вистинска промена во вашиот простор!
Manero Pearl KK zidna pločica 30×60 cm

Manero Pearl KK 30x60

Барате посветли тонови за вашата бања? Овие плочки ќе внесат светлина и чувство на поголем простор!
Metro Glossy Black zidna pločica 10×20 cm

Metro Glossy Black 10x20

Уморни сте од досадното просторно уредување на вашата бања? Плочките Metro Glossy Black 10x20 имаа модерен шик. Кликнете и освежете го вашиот простор!
Vicenza Cotto KK 25x75 zidne pločice

Vicenza Cotto KK 25x75

Сакате нешто што ќе ви го загрее просторот? Плочките Vicenza Cotto 25x75 во топла кафена боја внесуваат рустикален шарм во секоја средина и се совршени за вашиот модерен дом.
Midas Natural Rec zidna pločica 30×90 cm

Midas Natural Rec 30x90

Барате луксузен изглед на мермер со златни детали? Со овие плочки вашиот дом навистина ќе биде посебен!
Vicenza Light KK 25x75

Vicenza Light KK 25x75

Сакате посветла, попространа атмосфера во бањата? Плочките Vicenza Light KK во беж боја даваат модерен изглед и чувство на чист простор.

Ѕидни плочки - избор според простор, стил и намена

Барате ѕидни плочки кои ќе ги заштитат ѕидовите, но и ќе го унапредат изгледот на просторот? Оваа категорија опфаќа плочки кои се наменети за обложување на ѕидови во различни простории: од кујна и бања до декоративни ѕидови во дневни соби. За разлика од подните плочки, ѕидните плочки се полесни, поедноставни за вградување и се прилагодени на вертикалните површини каде што естетиката и лесното одржување имаат клучна улога.

Изборот на вистински ѕидни плочки пред сè зависи од просторот во кој се користат. Ако уредувате кујна или бања, препорачуваме да ги разгледате специјализираните категории како што се плочките за кујна и плочките за бања, каде што можете да најдете модели кои се прилагодени на конкретните услови: влага, температура и начин на користење.

 

Видови ѕидни плочки и нивни карактеристики

Ѕидните плочки се разликуваат по материјалот, форматот и површината (завршна обработка). Согледувањето на основните разлики ви помага полесно да изберете модел кој одговара на просторот и начинот на користење.

Керамички ѕидни плочки

  • Најчест избор се за ѕидовите во кујна и бања поради едноставната монтажа и лесното одржување.
  • Постои голем избор на дезени, формати и бои кои овозможуваат лесно да се вклопат во секој ентериер.

Порцелански плочки за ѕид

  • Погусти и поотпорни од стандардната керамика, погодни се и за поинтензивни услови.
  • Често се користат кога сакате континуитет помеѓу подните и ѕидните плочки.

Декоративни и мозаик плочки

  • Идеални се за декоративни ѕидови и визуелно истакнување на одредени простории.
  • Се комбинираат со поголеми формати за да се постигне динамика во просторот.

Плочки со голем формат

  • Минималниот број на фуги создава модерен и чист изглед на ѕидот.
  • Визуелно го зголемуваат просторот и го олеснуваат одржувањето.

 

Предности на ѕидните плочки во однос на другите облоги

Ѕидните плочки се можеби најпрактичниот избор за обложување на ѕидови, бидејќи се отпорни, лесно се одржуваат и има широк спектар на дизајни. За разлика од класичните ѕидни облоги со обична боја или тапети, плочките обезбедуваат долготрајна заштита на површината и стабилен изглед без потреба од често реновирање.

  • Отпорност на влага и нечистотија: идеални се за простории каде ѕидовите се изложени на вода, пареа и маснотии.
  • Лесно одржување: мазната површина овозможува брзо чистење без специјални средства.
  • Долг век на траење: не ја менуваат бојата, не впиваат течности и се отпорни на секојдневна употреба.
  • Флексибилност во дизајнот: достапни се во различни формати, текстури и имитации на материјали.
  • Можност за комбинирање: лесно се вклопуваат со подни плочки за постигнување единствен изглед на просторот.

 

Како да изберете ѕидни плочки според просторот?

Иако ѕидните плочки може да се користат во различни простории, начинот на избор зависи од условите во кои се поставуваат. Разликата не е само во дизајнот, туку и во функционалноста: отпорност на влага, температура и начинот на одржување.

  • Ѕидни плочки за бања: се избираат модели со ниска апсорпција на вода (E < 3%) и лесно одржување. За да ја видите комплетната понуда, погледнете ги плочките за бања.
  • Ѕидни плочки за кујна: фокусот е на отпорност на маснотии и лесно чистење, посебно над работната површина. Истражете ги плочките за кујна.

Ако барате универзално решение за различни простории, фокусирајте се на комбинацијата од дизајн и технички карактеристики, бидејќи ѕидните плочки ќе го задржат својот изглед и функционалност во текот на многу години.

 

Често поставувани прашања за ѕидни плочки:

  • Кои се најдобрите ѕидни плочки за кујна?
    Ѕидните плочки за кујна треба да бидат отпорни на маснотии и лесни за чистење. Погледнете ја понудата на плочки за кујна за да ги видите моделите кои се прилагодени за таа намена.
  • Кои ѕидни плочки се најдобри за бања?
    За бања се избираат плочки со ниска апсорпција на вода и кои лесно се одржуваат. Истражете ги плочките за бања за да ги видите соодветните модели.
  • Дали подните плочки може да се користат како ѕидни?
    Да. Скоро сите видови подни плочки може да се постават на ѕид, но ѕидните плочки не се наменети за под поради различните технички карактеристики.
  • Како се чистат ѕидните плочки?
    За секојдневно одржување доволни се вода и благ детергент. Поради мазната површина не ја задржуваат нечистотијата и лесно се одржуваат.
  • Која е разликата помеѓу керамичките и порцеланските ѕидни плочки?
    Порцеланските плочки се погусти и поотпорни на влага, а керамичките се полесни и се користат исклучиво за стандардни ѕидни површини во ентериерот.
  • Како да изберете формат на ѕидни плочки?
    Помалите формати се погодни за детални површини, а плочките со поголем формат визуелно го зголемуваат просторот и го намалуваат бројот на фуги.

 

👉 Барате идеални ѕидни плочки за вашиот простор?
Истражете ја комплетната понуда на ѕидни плочки и пронајдете модел кој ќе одговара на вашиот стил и потреби.

Filter (0) Close
Производители