Тушеви

anywhereslider.loaderalt
Ucitavanje
Подреди по
HYD107 Туш Рачка со 4 Функции Хром
Tuš Crevo 200cm Растегливо Бело 3107100
Туш Рачка со 3 Фунцкии Хром 3204102
Crometta Vario Туш Сет Shower Set 0.65 M 26532400
Crometta 100 Vario Туш Сет Porter Set 1,25 M 26666400
Слика на Ceratherm Туш Група A6037AA
Слика на IdealRain Кружен Рачен Туш и Гарнитура со Шипка B1761AA
Слика на IdealRain Diamond Рачен Туш и Гарнитура со Шипка B2234AA
HYD203 Црево за Туш 150 Растегливо Бело

ШТО Е ТУШ?

 

Тушот е клучен елемент на секоја бања кој обезбедува не само функционалност туку и естетска вредност. Постојат различните видови на тушеви со цел да имате можност конкретниот модел да го употребите согласно вашите индивидуални потреби и преференции.

 

ПРЕДНОСТИ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА КВАЛИТЕТЕН ТУШ

 

  • Подобар хигиенски ефект: квалитетниот туш овозможува поефикасно и попријатно искуство при туширањето и го поттикнува редовното одржување на хигиената.
  • Естетика на бањата: модерниот дизајн го креира елегантниот изглед на бањата со што се зголемува вкупната вредност на просторот.
  • Заштеда на вода: современите тушеви имаат вградени механизми за намалување на потрошувачката на вода без при тоа да се намали притисокот, што е еколошки и економски корисно.
  • Функционалност: различните видови на млазници и дополнителни функции, како што е млазот за масажа или термостатскиот мешач на вода, создаваат персонализирано искуство при туширањето.

 

ВИДОВИ ТУШЕВИ ВО ПОНУДАТА НА ENMON

 

  • Туш системи: овие системи се комбинација од висечки туш (туш роза) поставен над главата и рачен туш со лизгачка цевка за да добиете флексибилност и прилагодување на тушот при туширање.
  • Туш столб: тоа е систем со фиксна или прилагодлива висина, некои модели имаат и туш поставен над висина на главата и рачен туш, идеален е за модернизација на секоја бања. 

    Кликнете за да ги видите комплетните ТУШ СИСТЕМИ.

  • Туш роза: тоа е туш кој се поставува над висина на главата, се произведува во различни форми и големини за да се создаде искуство на дожд, а е наменет за моменти за опуштање.
  • Туш рачка: практичен и ергономски туш кој се произведува во различни дизајни и функционалности, вклучително и опции со повеќе видови млазови.
  • Лизгачка цевка: овозможува прилагодување на висината на туш рачката за да добиете дополнителна флексибилност и удобност при туширањето.
  • Туш црево: ова црево е флексибилно и издржливо, го има во различни должини и материјали и е долготрајно.
  • Држач за туш: постојат фиксни и прилагодливи држачи за да можете стабилно да ја поставите туш рачката за полесно користење.
  • Цевка и колено: тоа се компоненти кои овозможуваат правилно насочување на водата и поврзување на туш системот со водоводната мрежа.

За вашиот дом набавете ОПРЕМА ЗА ТУШЕВИ.

 

ЗОШТО ДА ОДБЕРЕТЕ ТУШЕВИ ОД ENMON?

 

ENMON нуди широк асортиман на тушеви и дополнителна опрема за тушеви кои претставуваат комбинација од врвен квалитет и модерен дизајн. Нашите производи се внимателно одбрани за да ги задоволат различните потреби и вкусови на нашите потрошувачи.

 

СОВЕТИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТУШЕВИТЕ

 

  • Редовно чистење: користете послаби средства за чистење за да ги отстраните наслагите од бигор и сапун за да го продолжите животниот век на тушот.
  • Проверка на споевите: повремено проверувајте ги споевите и цревата за да спречите поголеми дефекти и оштетувања.
  • Одржување на млазниците: чистете ги млазниците од бигор за да овозможите рамномерен проток на вода и оптимално искуство при туширањето.

Со правилното одржување, вашиот туш набавен од ENMON ќе го задржи својот изглед и функционалност долго време, со што ќе добиете секојдневно задоволство при користењето.

Filter (0) Close