Нежната текстура и изгледот кој потсетува на камен создаваат чувство на природна атмосфера, а мат завршната обработка постигнува сигурност при одење и лесно одржување.
Stoneline Natural 9845 30x60 се совршени плочки со природен изглед, идеални за внатрешни и надворешни површини. Лесни за одржување, отпорни на абење и долготрајни.
Stoneline Natural 9823 60x60 се природни и универзални подни плочки со неутрална беж боја, идеални за внатрешни и надворешни површини. Лесни се за одржување и се создадени за долготрајна естетика и функционалност.
Urban cool grey 60x60 се подни плочки со сива боја и дизајн кој е имитација на цемент. Наменети се за внатрешна и надворешна употреба, а креираат единствен изглед во секоја бања, тераса или балкон.
VG Beige 1029 60×120 е керамичка плочка со топла беж нијанса која ја отсликува естетиката на природниот камен, но со сите предности кои ги има гранитната керамика со модерна обработка.
Барате плочки кои ќе ги комбинираат стилот и практичноста? VG Laurento Glossy 80x160 плочките креираат светлина и проветреност во секој простор со современ ентериер!
Барате нешто со кое ќе го внесете богатството на природна текстура во вашиот простор исто како да чекорите боси на плажите на Ибица? VG San Marco Cafe плочките се вистинскиот избор за вас!
Сакате подот да изгледа скапо, а никој да не претпостави колку сте платиле? Fauno Cream 60×120 cm е токму такво решение: топло, природно и секогаш во тренд.
Многу е важно да ги познавате техничките ознаки на плочките за да може да ги изберете соодветните плочки за вашите специфични потреби. Во продолжение е објаснување на најчестите технички ознаки:
PEI (PORCELAIN ENAMEL INSTITUTE) ОЦЕНА
Оваа оцена ја означува отпорноста на абење:
PEI 1: Плочките се наменети за монтирање на ѕид. Плочките не се погодни за подови.
PEI 2: Плочките се погодни за подови со помала фреквенција на движење (на пример бањи).
PEI 3: Плочките се идеални за под во станбени простории со средна фреквенција на движење.
PEI 4: Плочките се погодни за комерцијални простории со средна фреквенција на движење.
PEI 5: Плочките се наменети за под во простории со висока фреквенција на движење (на пример трговски центри).
Кога избирате плочки, задолжително објаснете му на продавачот за кои простории ви се потребни, за да ви го предложи најдобро можно решение.
ОТПОРНОСТ НА МРАЗ
Оваа ознака укажува дека плочките се отпорни на ниски температури и се погодни за надворешна употреба. Обично се означени како "Frost Proof" или на нивната задна страна се наоѓа слика на снегулка.
АПСОРПЦИЈА НА ВОДА НА ПЛОЧКИТЕ (E)
Оваа ознака означува колку плочките може да апсорбираат влага:
<0.5%: Порцелански плочки (погодни се за внатрешна и надворешна употреба).
0.5–3%: Плочките се погодни за внатрешни простории.
>3%: Плочките се препорачуваат само за ѕидна употреба.
КАЛИБРАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ
Калибрацијата ја покажува разликата во големината на плочките од една иста серија. Калибрираните плочки имаат минимални разлики кои дозволуваат прецизно фугирање.
РЕКТИФИКАЦИЈА
Ректификацијата покажува дека плочките се механички исечени на идентични димензии со што се овозможува користење минимални фуги.
КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ ВО I, II и III КЛАСА
Оваа класификацијата го означува квалитетот на плочките:
I (прва) класа: Најдобар квалитет, плочките немаат дефекти.
II (втора) класа: Плочките имаат помали визуелни неправилности.
III (трета) класа: Видливи неправилности, пониска цена.
ПОВРШИНА: СЈАЈ/МАТ/ЛАПАТО
Сјајните плочки креираат елегантен и луксузен изглед на просторот, ја рефлектираат светлината и овозможуваат истиот да биде посветол.
Мат плочките се идеални за модерни ентериери, создаваат дискретен и софистициран изглед, а во исто време се практични бидејќи прашината што се наоѓа на нив е скоро невидлива.
Лапато плочките го комбинираат сјајниот и мат ефектот и во основа со нив се добива најдобриот квалитет добиен од сјајните и мат плочките заедно: послаб сјај со текстура која не се лизга.
Следете не