Ѕидни плочки

Ucitavanje
Подреди по
Indiana Cherry 25x40

Indiana Cherry 25x40

Топли тонови со изглед на дрво во вашиот дом? Indiana Cherry 25x40 е плочката која создава природна атмосфера и елеганција.
Joy Petals 3D White
Tahiti Dark 5360 25x50
Kianti Beige 20x50 57031
Kingstone Cube 25x50
Kingstone Onda 3D Ice 25x50
Lenox Grey Triangle Decor 40x120
Loft Violet P 25x40
metro glossy white 10x20 pločica

Metro Glossy white 10x20

Ѕидната плочка Metro Glossy White E 10×20 од брендот Ege Seramik претставува совршен спој на класичен стил и современа функционалност.
Midas Dune Natural 30x90
Net Pink P 25x40
Net Violet 25x40

Net Violet 25x40

Сакате модерен и минималистички изглед? Овие плочки се суптилно шарени и се токму она што ви е потребно!
Prismacer Arte Light 25x70
Selena Brown N 25x40
Selena Brown P 25x40
Selena Caffe 25x40 N
Selena Lux Ash P 25x40
Sensi Taupe 25,5x75,5 4718
Sorel Brown 25x40 7622
Web Faset Grey P 25x50
Icon Grey 30x90

Icon Grey Rec 30x90

Уживајте во убавината која ја создаваат Icon Grey плочките! Совршени се за секоја просторија!
 Cumbia Grey Mat 33,3x100

Cumbia Grey Mat 33,3x100

Cumbia Grey Mat внесува свежина и модерен мермерен дизајн и целосно ја трансформира атмосферата во просторот.
 Gravity Oxide Lancer 30x90

Gravity Lancer Oxide Rec 30x90

Плочката Gravity Oxide Lancer 30x90 има едноставен и ефективен дизајн кој се вклопува во модерните простори.
Adore Grey 25x75

Adore Grey KK 25x75

Барате неутрални тонови за Вашиот простор? Плочката Adore Grey KK има модерна, мат сива површина која совршено се вклопува во секој ентериер.

Добредојдовте во нашата категорија на ѕидни плочки. Во ENMON нудиме широк спектар на ѕидни плочки со висок квалитет кои ќе ги задоволат сите ваши потреби за уредувањето на просторот.

 

РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ НА ЅИДНИ ПЛОЧКИ

 

Ѕидните плочки ги има во различни стилови, големини, бои и текстури, а нивниот избор зависи од функционалноста и естетиката на просторот. Еве ги главните типови ѕидни плочки:

 

КЕРАМИЧКИ ЅИДНИ ПЛОЧКИ

  • Најчест избор за кујни и бањи.
  • Лесно се поставуваат и одржуваат.
  • Достапни се во различни бои, облици и дезени.

 

ПОРЦЕЛАНСКИ ПЛОЧКИ

  • Издржливи и отпорни на влага.
  • Соодветни за внатрешни и надворешни ѕидови.
  • Често се користат за модерни, елегантни простории.

 

ДЕКОРАТИВНИ ПЛОЧКИ

  • Од другите плочки се издвојуваат поради нивниот посебен дизајн, шарa или текстура.
  • Се користат за креирање на детали на ѕидовите во кујната над работната површина или за постигнување на посебен дизајн на цел или на дел од ѕидот со намера да се избегне монотонијата која ја создаваат еднородните бои.

 

МОЗАИК ПЛОЧКИ

  • Тоа се мали плочки кои се наоѓаат на мрежа за полесно поставување.
  • Идеални се за туш кабини, рабови или декоративни елементи.

 

ПЛОЧКИ СО ГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ

  • Големите димензии оддаваат минималистички изглед.
  • Големите димензии го намалуваат бројот на фуги за да се олесни одржувањето.

 

ПРЕДНОСТИ НА ЅИДНИТЕ ПЛОЧКИ

 

  1. Издржливост и долготрајност: ѕидните плочки се изработени од материјали со висока вредност кои обезбедуваат долготрајност. Отпорни се на влага, дамки и гребнатини и се идеален избор за простории со различна намена.
  2. Лесно одржување: благодарение на нивната мазна површина, ѕидните плочки лесно се чистат и одржуваат. Повеќето нечистотии и дамки се отстрануваат со едноставно бришење и влажна крпа.
  3. Естетика и дизајн: ѕидните плочки се изработуваат во различни бои, модели и текстури за да се овозможи креирање на изглед кој совршено ќе се вклопи во просторот.
  4. Отпорност на оган и топлина: не горат и не ослободуваат штетни супстанции под влијание на топлината. Соодветни се за ѕидот околу шпоретот или каминот.
  5. Соодветни за реновирање: ѕидните плочки лесно се поставуваат врз постојните површини со што се заштедува време и труд при реновирање.

 

УПОТРЕБА НА ЅИДНИТЕ ПЛОЧКИ

 

Ѕидните плочки се универзални и се прилагодуваат на различни простории, како за станбени така и за комерцијални. Со правилен избор, тие ја подобруваат функционалноста и естетиката на секој простор!

 

БАЊИ

  • Ѕидови на туш кабини: отпорни се на влага и затоа се идеални за влажни простории.
  • Над мијалникот и кадата: ги штитат ѕидовите од водата и го олеснуваат чистењето.
  • Декоративни места: со комбинирање на различни плочки се креира посебен дизајн на цел ѕид со цел да се избегне монотонијата која ја создаваат еднородните бои.

Како да ги одберете совршените плочки: дознајте на веб-страницата ПЛОЧКИ ЗА БАЊА.

 

КУЈНИ

  • Над работната површина (backsplash): ги штитат ѕидовите од дамки од храна, масла и пареа.
  • Ѕидови над мијалникот: создаваат хигиенски и простор кој лесно се одржува.
  • Декоративни елементи: истовремено ѝ додаваат и боја и стил на кујната.

Не пропуштајте ги актуелни попусти за ПЛОЧКИ ЗА КУЈНА.

 

ХОДНИЦИ И ВЛЕЗНИ ПРОСТОРИИ

  • Ѕидови во ходниците: имаат отпорност на нечистотија и лесно се одржуваат и затоа се практичен избор.
  • Декоративни ѕидови: му даваат елеганција на просторот, бидејќи се првиот впечаток кој го остава просторијата кај гостите.

 

РЕСТОРАНИ И КАФУЛИЊА

  • Ѕидови зад шалтерите: плочките се атрактивни и лесно се чистат, бидејќи тоа е најважно во угостителството.
  • Декоративни детали: мозаиците или декоративните плочки создаваат уникатната атмосфера.

 

НАДВОРЕШНИ ПРОСТОРИ

  • Ѕидови на тераси и балкони: плочките кои се отпорни на временски услови ги штитат ѕидовите и оддаваат модерен изглед.
  • Фасади: некои плочки, како што се клинкер плочките се користат за надворешни ѕидови.

 

КОМЕРЦИЈАЛНИ ОБЈЕКТИ

  • Болници и лаборатории: со употреба на ѕидните плочки се постигнува висок степен на хигиена, бидејќи тие се отпорни на хемикалии.
  • Продавници и салони: комбинацијата на трајноста и естетиката на ѕидните плочки овозможува да бидат одличен избор за сите деловни простории.

 

БАЗЕНИ И СПА ЦЕНТРИ

  • Внатрешни ѕидови на базени: стаклените или керамичките плочки се отпорни на влага и лизгање.
  • Ѕидови на сауни и велнес центри: отпорни се на влага и високи температури.

 

Погледнете ја нашата понуда на ѕидни плочки и изберете ги оние што одговараат на вашиот простор. Ако сѐ уште не сте сигурни кои плочки ви се потребни, секогаш можете да нѐ контактирате или да се консултирате со продавачот при купување во некој од нашите салони за керамика.

 

Filter (0) Close
Производители