Плочки

Ucitavanje
Подреди по
Zidna pločica Carmel Beige 30x80 bež

Carmel Beige 30x80

Carmel Beige 30×80 е ѕидна плочка со беж боја, мат површина и дизајн кој е имитација на мермер. Идеална е за создавање елегантни и пријатни ентериери.
Chic White KK 25x50 zidna pločica imitacija mermera

Chic White KK 25x50

Го барате тој чист, бел изглед на ѕидот? Плочките Chic White KK 25x50 ја внесуваат свежината на мермерот директно на вашиот ѕид!
Siva pločica 30x60 imitacija cementa

Enigma Pro Grigio Rec 30x60 6595

Плочките Enigma Pro Grigio Rec 30x60 со сива боја и дизајн што ја имитира текстурата на цементот претставуваат идеален избор за модерни ентериери и екстериери.
Evoque Grey 60×60 mat pločica

Evoque Grey 6158 60x60

Evoque Grey 60×60 cm има дизајн кој е имитација на цемент, има мат површина и неутрална сива нијанса која лесно се вклопува во секој амбиент.
Braon pločica imitacija drveta 30x60
Mistral White Matt pločica 30x80
Olivia 30x80 zidna pločica
Polar White KK 25x75
Icon Grey 30x90

Icon Grey Rec 30x90

Уживајте во убавината која ја создаваат Icon Grey плочките! Совршени се за секоја просторија!
Kingstone Brown zidne pločice za kupatilo

Kingstone Brown 25x50

Kingstone Brown 25x50 е вистинскиот избор ако сакате вашиот ентериер да има текстура на природен камен и да може лесно да се изведе.
 Cumbia Grey Mat 33,3x100

Cumbia Grey Mat 33,3x100

Cumbia Grey Mat внесува свежина и модерен мермерен дизајн и целосно ја трансформира атмосферата во просторот.
Mat terasne pločice 60×60 cm

Evoque Light Grey 6156 60x60

Evoque Light Grey 60×60 cm плочките имаат дизајн кој е имитација на цемент, имаат мат глазирана површина и ректифицирани рабови кои овозможуваат прецизни споеви.
PG Alps White 60x60

PG Alps White 60x60

Го сакате изгледот на бел мермер, но не и неговата цена? PG Alps White 60x60 е елегантна подна плочка која креира луксуз без компликации: чистота, пространост и безвременска естетика.
 Gravity Oxide Lancer 30x90

Gravity Lancer Oxide Rec 30x90

Плочката Gravity Oxide Lancer 30x90 има едноставен и ефективен дизајн кој се вклопува во модерните простори.
Adore Grey 25x75

Adore Grey KK 25x75

Барате неутрални тонови за Вашиот простор? Плочката Adore Grey KK има модерна, мат сива површина која совршено се вклопува во секој ентериер.
Zidna pločica Adore Ivory 25x75 bež

Adore Ivory KK 25x75

Барате топла, светла нијанса за вашиот простор? Плочката Adore Ivory KK 25x75 во нежна боја на слонова коска внесува светлина и луксуз во секој ентериер.
Enigma Pro Beige keramičke pločice 60x120

Enigma Pro Beige Rec 3665 60x120

Замислете плочка која звучи како песна од Enigma: тивка, хипнотичка и вечна. Enigma Pro Beige 60x120: кога и ѕидовите почнуваат да шепотат.
Enigma Grigio siva pločica 60x120

Enigma Pro Grigio Rec 3667 60x120

Нивната текстура и мат површина создаваат чувство на софистицираност и индустриски шик, а големиот формат придонесува за визуелна пространост.
Zidna pločica Adore Pearl 25x75 bež

Adore Pearl KK 25x75

Ви здосадија празните ѕидови без душа? Adore Pearl овозможува суптилна елеганција и светлина и тоа без никаков напор
Evolution Stone Quarzite 60x120
Luxor Black pločica 25x75

Luxor Black 25x75

Црн мермер со црвени и бели даги? Luxor Black 25x75 плочките создаваат драматичен изглед во вашиот дом, совршени се за модерни и луксузни ентериери.
Interiors Ice 20x50 MH9H
Joy Mosaic 3D White 20x60
Podna pločica imitacija drveta

Monteverde Ardor 22,5x90

Оваа плочка има дизајн кој е имитација на дрво, нежни бели и сиви нијанси и креира доза на елеганција и визуелно растеретување на секој амбиент.

Нашата понуда вклучува различни видови плочки од најпознатите странски и домашни производители. Погледнете го асортиманот на најквалитетната италијанска, шпанска, турска, индиска, кинеска, српска и бугарска керамика.

 

ПЛОЧКИ ЗА БАЊА

 

Бањата е простор кој бара посебно внимание при изборот на керамика поради секојдневната изложеност на влага и температурни промени. Плочките за бања истовремено ги комбинираат и функционалноста и естетиката на просторот со цел да се постигне негова совршена заштита, но и стил.

Нашата понуда вклучува ѕидни и подни плочки со различни текстури, бои и дезени кои лесно се вклопуваат во секој стил на уредување: од класичен до модерен. Посебно популарни се плочките со ефект на мермер и мозаик детали, но и плочките со мат и сјаен завршен слој. Не заборавајте и на плочките на кои воопшто не може да се лизнете, а се наменети за безбедност на сите членови на семејството, посебно во туш кабините и околу кадата. 

Погледни ги сите ПЛОЧКИ ЗА БАЊА.

 

ПЛОЧКИ ЗА КУЈНА

 

Кујната е срцето на секој дом, а плочките за кујна претставуваат идеален спој на убавина и практичност. Ѕидните плочки се неизбежни за заштита на ѕидовите од прскање на вода и масти, а подните плочки за креирање на долготраен под отпорен на абење. Дознајte повеќе на веб-страницата ПЛОЧКИ ЗА КУЈНА.

 

Во понудата имаме плочки кои имитираат природни материјали како дрво и камен, но и плочки со модерни форми и геометриски дизајни. За дополнителна нота на единственост во просторот во кујната, препорачуваме мозаик плочки како декоративен елемент или плочки со голем формат кои креираат чувство на луксуз и пространост. Без разлика на вашиот стил, кај нас ќе најдете совршени плочки кои ќе ја претворат вашата кујна во омилена просторија во домот.

 

ПОДНИ ПЛОЧКИ

 

Подните плочки се идеални и за внатрешна и за надворешна употреба. Во зависност од типот на плочката се одликуваат со различни степени на отпорност на абење, противклизност и отпорност на мраз и студ. Особено се популарни подните плочки  кои имаат дизајн кој претставува имитација на дрво и мермер, но тука е и дизајнот на цемент, камен, рустичен, еднобоен. Погледнete ја нашата комплетна понуда на ПОДНИ ПЛОЧКИ.

 

ЅИДНИ ПЛОЧКИ

 

Ѕидните плочки се совршени за заштита и декорација на ѕидовите во кујната, бањата, но и во останатите внатрешни простории. Со нив се добива дополнителен слој на заштита од влага и нечистотија со цел да бидат практично и естетски привлечно решение.

Ѕидните плочки не се препорачуваат за поставување на под, но вообичаена пракса е да се користат подните плочки на ѕид. Разликата помеѓу ѕидните и подните плочки е во процесот на нивното производство, бидејќи подните плочки се произведени за да бидат поиздржливи поради секојдневното оптеретување и движење по нив. Ако ви е корисно ова, сигурно ќе ви значи да ги погледнете и сите ЅИДНИ ПЛОЧКИ.

 

ПЛОЧКИ СО ГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ

 

Плочките со голем формат станаа посебно популарни во последно време. Достапни се во различни големини и воедно се универзални, односно може да се постават во бања, кујна, дневна соба, ходник, но и во комерцијални простори како што се лобијата на хотели, кафулињата и рестораните.

Колку се поголеми плочките, толку побрзо се поставуваат. Со нив ќе се создадат помалку фуги отколку со плочките кои имаат помали димензии и ќе креираат чувство на пространост во просторијата. И како дополнителен плус: полесно се чистат и полесно се одржуваат. Проверете какви сѐ плочки имаме на следниот линк ПЛОЧКИ СО ГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ.

 

МОЗАИК ПЛОЧКИ

 

Мозаик плочките често се користат кај еднобојните ѕидови за да го нагласат просторот и да ја разбијат монотонијата. Можностите за комбинирање се неограничени без разлика дали се користат самостојно или како акцентен елемент, тие едноставно ќе го трансформираат просторот.

Поради малите димензии мозаик плочките се погодни за обложување на закривени или неправилни површини. Исто така, отпорни се на влага, дамки и абење и затоа се применуваат во кујни, бањи, туш кабини и базени. Откријте ги сите детали за МОЗАИК ПЛОЧКИ.

 

ДЕКОРАТИВНИ ПЛОЧКИ

 

Декоративните плочки се наменети за оние кои сакаат нивниот простор да зрачи со уникатност и стил. Овие плочки се произведуваат во различни бои, форми и текстури со цел да истакнете одредени делови од вашиот дом или деловен простор.  Откријте го својот стил на веб-страницата ДЕКОРАТИВНИ ПЛОЧКИ.

Filter (0) Close
Производители