Idealrange 2.0 BC415AA славина за када
Ira Restyle Славина за Мијалник
Logis Славина за Kада 71400000
Luna Oro Славина за Mијалник HB1209321G
Славини за бања: вистинска рамнотежа на функционалност, дизајн и издржливост
Славините за бања се познати и како чешми за бања и не се само технички елемент бидејќи директно влијаат на секојдневната употреба, комфорот и визуелниот впечаток на просторот. Без разлика дали опремувате нова бања или ја реновирате постојната, изборот на соодветна славина значи да добиете квалитетна изработка, прецизна контрола на водата и долготрајност на производот.
Во понудата можете да најдете славини за мијалник, туш славини, славини за када и вградливи модели кои се вклопуваат во различни стилови на ентериер. Од класични хромирани до модерни мат црни и златни варијанти, секоја славина има своја функција и естетска улога во просторот.
Ако сакате сигурно решение кое ќе трае со години, важно е да обрнете внимание на материјалот, видот на монтажа, видот на мешач и дополнителните функционалности како што се перлаторот (аераторот) или термостатот. Со правилен избор добивате стабилен притисок, помала потрошувачка на вода и долг век на траење.
Славини за бања според намената
За различни делови од бањата се потребни различни видови славини. Изборот зависи од функцијата, но и од начинот на користење на просторот.
- Славини за мијалник: идеални се за секојдневна употреба, достапни се во различни висини и дизајни.
- Славини за туш кабина: овозможуваат прецизна регулација на температурата и притисокот на водата.
- Славини за када: со излив за полнење на кадата и туш функција за максимален комфор.
- Славини за биде: овозможуваат прецизно дотерување на млазот и температурата.
Славини според начинот на монтажа
Видот на монтажа директно влијае на изгледот на бањата, но и на начинот на инсталација и одржување.
- Ѕидни славини: класично решение кое е едноставно за монтажа и одржување
- Вградливи славини: минималистички изглед со скриени инсталации
- Стоечки славини: се монтираат директно на мијалникот или кадата
Славини според дизајнот и завршната обработка (површината)
Покрај функционалноста, славините имаат важна естетска улога во бањата. Изборот на боја и завршна обработка може значително да го промени изгледот на просторот.
- Хромирани славини: претставуваат класичен и универзален избор
- Мат црни славини: за да добиете модерен и минималистички стил
- Златни славини: за луксузен изглед и нагласен дизајн
- Брусен метал / инокс: отпорни се на гребнатини и остатоци од вода
Како да изберете славина за бања?
- Материјал: месингот обезбедува долготрајност и отпорност на корозија
- Керамички мешач: овозможува прецизна контрола на водата и долг век на траење
- Перлатор (аератор): ја намалува потрошувачката на вода без да се намали притисокот
- Термостатска славина: ја одржува стабилна температура на водата
- Компатибилност: усогласете ја висината и видот на славината со мијалникот или кадата
Зошто да изберете славини од понудата на Enmon?
- Квалитет на изработка: високиот процент на месинг гарантира долготрајна издржливост
- Проверени брендови: Grohe, Hansgrohe, Ideal Standard и Enmon Brand
- Различен ценовен ранг: од економични до премиум модели
- Достапност и сервис: поддршка и резервни делови
Често поставувани прашања за славини за бања
- Која славина е најдобра за мал мијалник?
Пониски или средни славини со пократок излив се најдобар избор за мали мијалници. - Дали термостатските славини штедат вода?
Да. Бидејќи брзо ја постигнуваат посакуваната температура и ја намалуваат непотребната потрошувачка на вода. - Кој е стандардното растојание на приклучокот?
Стандардното растојание кај ѕидните славини е 150 mm. - Колку трае една квалитетна славина?
Во просек 10–15 години со правилно одржување и квалитетен материјал. - Која славина е подобра: онаа со една рачка или онаа со две?
Славините со една рачка се попрактични за секојдневна употреба и побрзо може да ја дотерате температурата, а оние со две рачки имаат попрецизна контрола и класичен изглед. - Дали сите славини одговараат на стандардните инсталации?
Повеќето славини се прилагодени на стандардното растојание на приклучоците, но кај вградливите и специфичните модели е потребно да се провери компатибилноста пред да ги купите.
👉 Истражете ја комплетната понуда на славини: голем избор на модели за мијалник, туш и када кои се достапни веднаш со брза испорака.


Следете не