Материјали за подготовка и монтажа

Ucitavanje
Подреди по
enofug pro fug masa antique red

Antique Red (2kg) - Enofug Pro

ENOFUG PRO CG2 WA Antique Red има препознатлива нијанса на темноцрвена боја со примеси на теракота која на просторот му дава топлина и традиционален шарм.
enofug pro cg2 wa brick red fuga enmon

Enofug Pro 2/1 Brick Red (2кг) - Цементна Водоодбојна Mаса за Фугирање

ENOFUG PRO CG2 WA Brick Red има изразена црвенкаста нијанса која совршено ја нагласува текстурата на плочките со што создава ефект на природен камен или рустичен амбиент. Таа е идеален избор за ентериери и екстериери во кои бојата игра клучна улога.
enofug pro cg2 wa caramel fuga enmon

Enofug Pro Caramel (2кг) - Цементна Водоодбојна Маса за Фугирање

ENOFUG PRO CG2 WA Caramel се издвојува со пријатната и топла карамел нијанса која совршено се вклопува со беж, кафеави, дрвени и мермерни плочки.
enofug pro cg2 wa dark gray fuga enmon

Enofug Pro Dark Grey (2кг) - Цементна Водоодбојна Маса за Фугирање

Ова цементна маса за фугирање со напредна CG2 WA формула обезбедува одлична отпорност на влага, абење и промена на бојата. Благодарение на водоотпорната технологија, фугата го задржува својот темносив тон, спречува продирање на вода и го олеснува чистењето.
Enoliv Masa za Izravnavanje Podnih Površina (25kg)

Enoliv 25/1 Маса за Порамнување

Оваа маса се применува специјално за израмнување на подови пред поставување плочки на систем за подно греење. Потрошувачка на ENOLIV е околу 1,5 kg/m² по милиметар дебелина за да добиете идеален баланс помеѓу квалитетот и економичноста.
eno-prime g 1kg osnovni premaz enmon

Eno Prima G Основна Облога-Прајмер за Не порозни Површини (1kg)

ENO-PRIME G 1 kg е идеален основен премаз за непорозни подлоги, посебно е наменет за помали проекти и прецизни површини каде е потребна максимална атхезија.
eno-prime g osnovni premaz za neupojne površine enmon

Eno Prima G 5/1 Основна Облога-Прајмер за Не порозни Површини (5kg)

Благодарение на високата лепливост и флексибилност, ENO-PRIME G овозможува сигурно нанесување на лепилото на површини како што се постоечки плочки, природен камен, гипс-картон и други минерални подлоги.
eno-prime m 1 kg osnovni premaz enmon

Eno Prima M 1/1 Основна Облога-Прајмер за Порозни Површини (1kg)

Благодарение на високата способност за продирање во структурата на материјалот, ENO-PRIME M 1 kg ја зајакнува и консолидира подлогата со што таа е поотпорна и подготвена за лепило, глет маса или хидроизолација.
eno-prime m osnovni premaz za mineralne površine enmon

Eno Prima M 5/1 Основна Облога-Прајмер за Порозни Површини (5kg)

ENO-PRIME M 5 kg е професионален прајмер за внатрешна и надворешна употреба, наменет е за подготовка на подлоги како што се бетон, цемент, цементно-варовнички и површини од гипс.
enofug pro cg2 wa maroon fuga enmon

Enofug Pro Maroon (2кг) - Цементна Водоодбојна Маса за Фугирање

Оваа урамнотежена комбинација на топлина и природен изглед совршено се вклопува во површини со беж, песочна, боја на дрво дрвени или камен со што ќе создадете изедначен и пријатен визуелен впечаток.
enofug pro cg2 wa mint green fuga enmon

Enofug Pro Mint Green (2кг) - Цементна Водоодбојна Маса за Фугирање

Оваа пастелна боја е идеална за модерен, скандинавски и минималистички ентериер, како и за простории во кои доминираат светли плочки и природен тон.
monoflex 1k masa za hidroizolaciju enmon

Monoflex Водоотпорен Флексибилен Малтер 25кг

Производот MONOFLEX 1K е направен за да постигнете целосна водоотпорност, идеален е за бањи, балкони, тераси, подруми и за бетонски елементи каде што е потребна сигурна заштита пред да се постави керамиката.
enofug pro cg2 wa ocean blue fuga enmon

Enofug Pro Ocean Blue (2кг) - Цементна Водоодбојна Маса за Фугирање

ENOFUG PRO CG2 WA Ocean Blue инспирира со боја на морските длабочини и креира чувство на чистота, леснотија и ведрина во секој простор. Оваа елегантна сина нијанса совршено се вклопува со бела, сива и беж керамика со што се нагласува модерниот карактер на бањата, кујната и терасата.
enofug pro cg2 wa olive green fuga enmon

Enofug Pro Olive Green (2кг) - Цементна Водоодбојна Маса за Фугирање

ENOFUG PRO CG2 WA Olive Green има смирена, маслинесто-зелена нијанса која е инспирирана од природата и земјените тонови. Оваа боја совршено се вклопува со плочки кои имаат беж, песочен, сиво-зелен или тон на дрво за да создадете топол и изедначен изглед на просторот.
enofug pro cg2 wa prestige white fuga enmon

Enofug Pro Prestige White (2кг) - Цементна Водоодбојна Маса за Фугирање

ENOFUG PRO CG2 WA Prestige White има префинета бела нијанса која креира елеганција, леснотија и чувство на свежина во секој простор. Идеална е за секој модерен ентериер, бањи и кујни каде што фугата треба да биде скоро незабележлива, но сепак да ја истакне уредноста и квалитетот на изведените работи.
enofug pro cg2 wa rose fuga enmon

Enofug Pro Rose (2кг) - Цементна Водоодбојна Маса за Фугирање

ENOFUG PRO CG2 WA Rose има нежна розова нијанса која ја овозможува пријатната топлина во просторот. Идеална е во комбинација со плочки кои имаат беж боја, боја на песок или дизајн на мермер за да се создаде софистициран и хармоничен изглед.
enofug pro cg2 wa sand white fuga enmon

Enofug Pro Sand White (2кг) - Цементна Водоодбојна Маса за Фугирање

ENOFUG PRO CG2 WA Sand White има нијанса која е инспирирана од природниот песок и светлиот камен. Суптилно топла, но елегантно неутрална оваа боја идеално ја нагласува текстурата на керамиката без остри контрасти со цел да се добие хармоничен и софистициран изглед на просторот.
enofug pro cg2 wa silver gray fuga enmon

Enofug Pro Silver Gray (2кг) - Цементна Водоодбојна Маса за Фугирање

ENOFUG PRO CG2 WA Silver Gray има нежна сиво-сребрена нијанса која ја истакнува елеганцијата и чистотата на секоја површина. Оваа софистицирана боја ја спојува светлината на белата и длабочината на сивата боја со што е совршен избор за секој современ и минималистички ентериер.
enofug pro cg2 wa sun yellow fuga enmon

Enofug Pro Sun Yellow (2кг) - Цементна Водоодбојна Маса за Фугирање

ENOFUG PRO CG2 WA Sun Yellow има жолта нијанса која го оживува просторот и создава атмосфера на оптимизам и свежина. Идеално се комбинира со бела, сива или беж керамика, како и со плочки во тон на дрво и секаде каде што треба да се постигне топлина и енергија на сонцето.
enofug pro cg2 wa terra beige fuga enmon

Enofug Pro Terra Beige (2кг) - Цементна Водоодбојна Маса за Фугирање

ENOFUG PRO CG2 WA Terra Beige има нежна земјено-беж нијанса која е инспирирана од тонот на природната глина. Оваа топла и елегантна боја совршено се усогласува со плочки кои имаат дрво, камен или песочен дизајн за да се создаде хармоничен и пријатен изглед на просторот.
enofug pro cg2 wa terra brown fuga enmon

Enofug Pro Terra Brown (2кг) - Цементна Водоодбојна Маса за Фугирање

ENOFUG PRO CG2 WA Terra Brown има богата земјено-кафеава нијанса која креира стабилност и елеганција во секој простор. Оваа топла и изразена боја е идеална за комбинирање со плочки во беж и боја на дрво или камен за да создаде хармоничен и автентичен амбиент.
enofug pro cg2 wa silver galaxy fuga enmon

Enofug Pro Silver Galaxy (2кг) - Цементна Водоодбојна Маса за Фугирање

ENOFUG PRO CG2 WA Silver Galaxy има софистицирана сиво-метална нијанса која креира смиреност и рамнотежа во секој ентериер. Инспирирана е од бојата на челикот и каменот и совршено се вклопува со грес и плочки со дизајн на цемент или мермер за да се создаде длабочина и современа елеганција на просторот.
eno-flex 2k masa za hidroizolaciju enmon

Двокомпонентна хидроизолациона маса ENO-FLEX 2K 25kg + 10kg

Оваа хитроизолациска маса е наменета за бањи, балкони, тераси, подруми, базени, фонтани и резервоари, како и за сите бетонски и цементни површини кај кои е потребно да се примени врвна изолација.
Lepak Enokol 011 Siv

ШТО СЕ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПОДГОТОВКА И ВГРАДУВАЊЕ?

 

Квалитетното вградување на керамика подразбира употреба на соодветни материјали за подготовка и лепење кои овозможуваат долготрајност, стабилност и естетски совршен изглед на плочките. Правилната подготовка на подлогата и изборот на лепило се клучните фактори кои влијаат на трајноста и отпорноста на завршната обработка.

 

ПРЕДНОСТИ ОД УПОТРЕБАТА НА КВАЛИТЕТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПОДГОТОВКА И ВГРАДУВАЊЕ

 

  • Оптимална подготовка на подлогата – овозможува рамномерна и цврста основа за лепење на керамиката
  • Долготрајна цврстина на врската – квалитетните лепила обезбедуваат силно поврзување, но и отпорност на влага и температурни промени
  • Лесно нанесување – материјалите се прилагодени за професионална, но и за „направи сам“ употреба
  • Погодни се за различни површини – може да се користат на апсорбирачки и неапсорбирачки подлоги, подни и ѕидни површини, како и за специфични услови како подно греење, базени и фасади

 

ВИДОВИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПОДГОТОВКА И ВГРАДУВАЊЕ ВО ПОНУДАТА НА ENMON

 

ПОДГОТОВКА НА ПОДЛОГАТА:

 

  • Маси за израмнување – овозможуваат рамна површина за поставување на плочките.
  • Прајмери – го подобруваат поврзувањето на лепилото со подлогата и обезбедуваат еднаква апсорпција.
  • Хидроизолација – заштитува од продор на влага низ површината и го продолжува векот на траење на керамиката.

ПОДГОТОВКА НА ПОДЛОГА за совршено вградување на плочки

 

ЛЕПИЛА ЗА ПЛОЧКИ:

 

  • Стандардни цементни лепила (C1, C2) – погодни за различни видови плочки и подлоги.
  • Флексибилни лепила (ознаки: S1, S2) – наменети за површини кои се подложни на дилатација, вклучувајќи подно греење и големи димензии на плочки.
  • Лепила со намалено лизгање (ознака: T) – го олеснуваат вертикалното вградување и спречуваат поместување на плочките при лепење.
  • Лепила со продолжено време на делување (ознака: E) – овозможуваат дополнително време за прецизно вградување.

 

ФУГИ И СИЛИКOНИ:

 

  • Водоотпорни фуги – спречуваат продор на влага и обезбедуваат долготрајна отпорност на фугите.
  • Силикони и еластични маси – обезбедуваат флексибилност и водоотпорност на споевите.

Кликнете на линкот ВГРАДУБАЊЕ НА КЕРАМИКА за да добиете информации за се што ви треба за прецизна и долготрајна инсталација!

 

ЗОШТО ДА ИЗБЕРЕТЕ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ВГРАДУВАЊЕ ОД ENMON?

 

ENMON нуди широка понуда проверени и висококвалитетни материјали за подготовка и вградување на керамика кои ги исполнуваат највисоките европски стандарди. Нашите производи се прилагодени за специфични површини и за неопходните услови за вградување и воедно гарантираат долготрајност и сигурност.

 

СОВЕТИ ЗА ПРАВИЛНО ВГРАДУВАЊЕ НА КЕРАМИКА

 

  • Правилна подготовка на подлогата – површината мора да биде рамна, чиста и сува пред нанесување на лепилото.
  • Избор на соодветно лепило – во зависност од видот на плочките и подлогата, изберете лепило со соодветни својства.
  • Правилно нанесување – користете назабена шпатула за рамномерно распоредување на лепилото и избегнувајте празнини под плочките.
  • Фугирање и завршна обработка – користете квалитетна фуга за да обезбедите водоотпорност и естетски завршеток.

 

Ако ги примените соодветните материјали со стручно вградување, ENMON гарантира сигурни, долготрајни и естетски совршени резултати во секој простор.

Filter (0) Close
Производители